Филмски клуб

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Dog Day Afternoon...
Супер филм, нема што да кажам друго, се што сакав да кажам над мене кажале :zelen
Се зезам.

Филмов....
Траги-комедија. :p
Уште откако му се закачија тие тантелите од пушката на почеток знаев за какви ограбувачи се работи. Сони, кој добродушник од криминалец :D А другаров, не знам ме потсеќа на еден мој другар ептен, којзнае зошто. Добро филмче, се забавував неколку дена дури го гледав, ќе го гледам пак некогаш сигурно.
За облеката сакав прво да кажам нешто.. За траперките и порабените пантолончиња, фризурчето на Сони па дури и тоа гласчето што го вади јаки ептен. И општо цело место таму во една атмосфера од седумдесетите, иначе мене најинтересен период.
И ќе земам да гледам повеќе филмови од тие години. Добри се ептен. Никогаш, никогаш, никогаш веќе нема да се снимаат такви филмови.

Значи сите пресврти во филмови не ме оставиле со подзината уста колку жената на Сони :D Онаа највеќе што си ја сакал, за која уствари нели беше и грабежот. Најјак дел кога се појави Леон, и онака си викам нешто смислиле цајканиве, ни на крај памет дека венчани биле и дека тоа е жената што ја бараше. И што убаво си се забавуваа заложниците, мораше да дојде тоа вториот цајкан, одвратна фаца, па да ја прекине забавата. Добар си беше тој првиот, напнат, исплашен, изгубен... Имаше цела година да си седат во банката со него.
Штета на крај за тој смотаниот, ама бар го спасија, што ќе правеше дали во затвор дали некаде во бегство кутриот со тој памет. Ај Сони барем има шанса да си најде нова љубов :D

Стварно филмот ми беше топ, не е од култура... Фала @Outrider, сега ќе го прочитам твојот пост :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Само што го изгледав Shutter island и мислам дека е еден од подобрите mindfuck филмови што сум ги изгледал, одма после Fight Club и Martyr(s). :D

Не знам што да кажам повеќе, освен што го допрев дното од мрза, го гледав филмот со бугарска синхронизација....

Очекував „партнерот“ негов да го зезне, но не очекував дека ќе одат до тој степен да го пуштат да си игра пациентот. Си реков е шпиун и го држи цело време на око... само едно ме буни таа жената психијатар вистинска беше?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and Loyal

Кога го смисливме клубов, се договоривме во понеделник да се дава предлогот, па се до викенд да се чека за сите да го догледаат и петок, сабота и недела да се коментира. Пример овој филм е вчера предложен, па за викендов му е време за коментирање. И му дошло сега нешто ко слободна недела за филмот пред него, т.е за Dog Day Afternoon. Ваљда ќе треба да почекаш неколку дена за да добиеш одговор, до тогаш изгледај го Dog Day Afternoon и таму имаш пресврт :D
И ако сакаш да бидеш дел од клубов да те пишам таму на ред...
Аааа и следен пат ако начекаш некој филм така синхронизиран, потсети ме да ти кажам како да го средиш...:zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Dog Day Afternoon...
Супер филм, нема што да кажам друго, се што сакав да кажам над мене кажале :zelen
Се зезам.

Филмов....
Траги-комедија. :p
Уште откако му се закачија тие тантелите од пушката на почеток знаев за какви ограбувачи се работи. Сони, кој добродушник од криминалец :D А другаров, не знам ме потсеќа на еден мој другар ептен, којзнае зошто. Добро филмче, се забавував неколку дена дури го гледав, ќе го гледам пак некогаш сигурно.
За облеката сакав прво да кажам нешто.. За траперките и порабените пантолончиња, фризурчето на Сони па дури и тоа гласчето што го вади јаки ептен. И општо цело место таму во една атмосфера од седумдесетите, иначе мене најинтересен период.
И ќе земам да гледам повеќе филмови од тие години. Добри се ептен. Никогаш, никогаш, никогаш веќе нема да се снимаат такви филмови.

Значи сите пресврти во филмови не ме оставиле со подзината уста колку жената на Сони :D Онаа највеќе што си ја сакал, за која уствари нели беше и грабежот. Најјак дел кога се појави Леон, и онака си викам нешто смислиле цајканиве, ни на крај памет дека венчани биле и дека тоа е жената што ја бараше. И што убаво си се забавуваа заложниците, мораше да дојде тоа вториот цајкан, одвратна фаца, па да ја прекине забавата. Добар си беше тој првиот, напнат, исплашен, изгубен... Имаше цела година да си седат во банката со него.
Штета на крај за тој смотаниот, ама бар го спасија, што ќе правеше дали во затвор дали некаде во бегство кутриот со тој памет. Ај Сони барем има шанса да си најде нова љубов :D

Стварно филмот ми беше топ, не е од култура... Фала @Outrider, сега ќе го прочитам твојот пост :zelen

Муабетот меѓу Сони и Леон по телефон кога Сони му рече нешто во смисла `мислиш дека ти имаш проблеми, јас ограбувам банка со тип шо мисли дека Вајоминг е држава` :rofl
Реакцијата на цајканите кога Леон објаснуваше дека уствари е жена заробена во машко тело :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Муабетот меѓу Сони и Леон по телефон кога Сони му рече нешто во смисла `мислиш дека ти имаш проблеми, јас ограбувам банка со тип шо мисли дека Вајоминг е држава` :rofl
Реакцијата на цајканите кога Леон објаснуваше дека уствари е жена заробена во машко тело :zelen
Леoн нa aвaтaр ќе гo стaвaм, ептен јaкa фaцa ми е. Ти викaш фaцaтa нa цaјкaните. А мoјaтa дa јa видеше кoгa дoзнaв кoјa е женaтa.. Вилицaтa ми пaднa :D
primary_aisle-thumb-510x288-24110.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Леoн нa aвaтaр ќе гo стaвaм, ептен јaкa фaцa ми е. Ти викaш фaцaтa нa цaјкaните. А мoјaтa дa јa видеше кoгa дoзнaв кoјa е женaтa.. Вилицaтa ми пaднa :D
primary_aisle-thumb-510x288-24110.jpg

Како се викаше ова, french couple, кога жената е повисока од мажот. `Жената` :rofl

Којзнае, и законската сопруга му беше ужас, по лепота беше на ниво на Леон if not worse :rofl
Изгледа имал чуден вкус за жени до таа мера што една од нив била маж...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ај еве да се активирам и јас по пауза од две три недели...
А гледам и вие многу активни сте биле :)
Инаку и ја ги имам изгедано сите предложени освен Crush мислам беше, зашто не можев да го најдам....нема везе...
Првин да го искоментирам оној што јас го предложив...
Џулиен Мур ја обожавам како актерка, немав појма за оскарот, а филмот го предложив само заради нејзе...
Ја обожавам нејзината смиреност, одмереност и достоинственост која ги доловува во нејзините улоги, така и во оваа.
Мислам дека ова е еден пеколен начин да го проживееш остатокот од животот ...
Би се сложила со неа дека подобро е да имаш рак...
Да не знаеш кој си, кои се луѓето околу тебе, да не можеш да го најдеш тоалетот во сопствениот дом....навистина ужасно.
Убав аманет си остави сама на себе, штета што не успеа да го релизира...Мислам дека и јас би постапила така...Подобро сама да си пресудам отколку да бидам терет на сите околу мене...
За поздрав беше трпението кое го имаа децата и сопругот кон неа...а најмалата ќерка навистина испадна поголем “маж“ од татко и’...
Во секој случај навистина добра драма...
А Dog day afternoon го гледам и ќе го искоментирам што побрзо ...за да ве стигнам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ај да пишам нешто повеќе за да не се зафркаваат на моја сметка. :)

Одличен филм. Многумина не го сакаат Леонардо, јас ни го сакам ни го мразам. Дека има лигава фаца, има.
Во филмов според мене глумеше одлично, исто така да не се заборави и Бен. Нема филм во кој не глумел одлично стариов.
Shutter Island иначе, ми се допадна заради таа мрачна приказна која цело време е напната, сакам филмови со лудаци. Пресвртот го знаеме сите, мене првиот пат кога го гледав филмов, не ми беше очекувано тоа. Што знам, можеби глуп сум.
Сега веќе после 10 гледања не е исто нормално, ама дека вреди да се гледа филмов повеќе пати, вреди. :)
Да не заборавам, ова е еден од тие подобри филмови кои се направени во новиот милениум.

Толку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Outrider

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
И мене филмoв ми е еден oд пooмилените, и јaс сaкaм вaкви филмoви. Се сеќaвaм мнoгу време гo oдлoжувaв пoрaди тaa сценaтa сo женaтa нa пoчетoк и мислев декa е хoрoр, aмa oткaкo му дoјде време дa гo изгледaм, дo сегa гo имaм гледaнo пoвеќе пaти.
Гo сaкaм и Ди Кaприo, и aкo тoј изрaснa нa филмскoтo плaтнo, јaс изрaснaв гледaјќи гo.
И oнaкa секoгaш мислaм декa кoгa се збoрувa зa oмилени aктери не се спoменувa пoштo се знaе декa е oмилен и без дa се нaпoмене.
Некaкo не сум склoнa кoн гледaње нa нoви фaци, кoлкaв и дa им бил кaпaцитетoт, секoгaш пoгoлемo ми е зaдoвoлствoтo дa гледaм вaквa пoзнaтa стaрa фaцa. А кoгa се рaбoти и зa вaкa дoбaр филм, нa зaдoвoлствaтa им немa крaј :zelen