Gone baby gone...
Од кај да почнам...мрачен како и самиот главен лик, исто како да го гледам Бен Афлек (гени, тоа ти е)...смирен, тмурен, облачен...ама добар...ми се допадна глумата....
Приказната е приказна за себе....потресна во секој случај...Не сакам ни да замислам што преживува еден родител во вакви ситуации...мислам на нормален родител...
Секогаш кога има трагични случки поврзани со деца ми се превртува желудникот и добивам нагон за повраќање...особено кога го видов малото момче мртво во кадата...мислам дека нема ништо пострашно, попотресно и потрагично од мртво дете..затоа и се потресувам од сеој филм кој има ваква содржина...
Но, ми се гади и од “добричини“ како што е главниот лик...
Секоја чест што ја истера работата до крај, што ги сложи коцките и дојде до вистината, го најде девојчето...
Ама не знам дали го оправдувам за последниот негов потег...одлучуваш за нечија судбина...
Да, ќе ја вратиш кај мајката, ама каква мајка?! Наркоманка, која денгуби во бар, се дружи со перверзњаци, пропалици и ретардирани дегени, која не води сметка за детето...наспроти мирен пар кој ќе и’ пружи се’ и од материјална и од емотивна страна...нема да и’ фали апсолутно ништо...А оправдувањето?! Можеби ќе се сменела...Хах, да таквите луѓе лесно се менуваат...ако не се сменила кога го родила детето, нема да се смени ништо понатаму....
Не е дека го оправдувам начинот на кој дојдоа до Аманда, ама сепак ако би била во ситуација да одлучувам за судбината на девојчето, ќе си влезев во кола и ќе ја оставев да има убав живот...во секој случај поубав од оној со мајка и’...
А добричината пак се скрши оти уби еден педофил?!! Ајде те молам...не го знам чувството, можеби не е сеедно да убиеш некого, ама јас таков монструм не би се двоумела ни секунда да го убијам, само што крвнички би го изнатепала и би го оставила да скапува и полека да умира...и нема да ми биде ни за миг жал и не би се каела...да се каам што сум спасила еден куп деца од таков монструм....не би рекла...