Филмски клуб

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Дојдов случајно на темава поради тоа што утрински немав што да правам па посакав да погледнам некој филм,и си реков зашто да не го ѕирнам Gone Girl.
Тагот од @Хоуп* не ми ни стигнал па ќе испаднеше дека игнорирам а зашто не ми стигнала нотифицикација поим неам.
Иначе гледав во последно време многу филмови...на кино го гледав Interstellar,некоја акција со Дензел Вашингтон и да не набројувам ама вниманието највеќе ми го задржа еден воен филм кој го пишав за рецензија и не знам дали смее истиот да го предложам....тоа е Fury.

http://forum.crnobelo.com/threads/Препораки-за-филм-општа.957/page-21#post-308136

Aко се пријават дека го имаат гледано повеќе луѓе ќе предложам некој друг.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Мислам дека не е важно дали го имаат гледано, јас имав гледано барем два од предложените :)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Мислам дека не е важно дали го имаат гледано, јас имав гледано барем два од предложените :)
Да ама не е па убаво да го имаат повеќето гледано...не е лош и овој од @MissChievous со сектата што го предложи денес,има крај кој те тера на размислување
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Да ама не е па убаво да го имаат повеќето гледано...не е лош и овој од @MissChievous со сектата што го предложи денес,има крај кој те тера на размислување
Новите филмови ретко кој ги има гледано сите. :)
И сега кој е? Fury?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас го имам гледано и некако по шема правен, убер-зли нацисти кои трчаат во круг и викаат раус и шајзе и група ненормално јаки амери кои заглавени во оштетен тенк на раскрсница убиваат по 34679 германци. Секој.
Бред Пит нешто као социопат, убива на кило и војници и заробеници, некое наивно детенце кое стана маж (отепа германци) и на крај преживеа, и некои небитни ликови како декорација, war is hell поента со ручекот кога германките готвеа за америте и после настрадаа од бомба, класика :)
Стандард ЊЊ-2 воена акција без премногу отстапување од клишеата.

Моментот кога немачки противтенковски топ, скриен во излог (!?) (facepalm) го погодува америчкиот тенк на 20м оддалеченост, гранатата се одбива (!?) и амерот нормално пука во излогот и се дешава гооооооолема експлозија. Во реалноста гранатата на немачкиот топ на таа дистанца ќе го пробушел амерот од двете страни. Германците трчаа пред тенкот и умираа. Се стемни а тие пак трчаа пред тенкот и умираа. Сериозно бе...
Имаше многу такви нелогични сцени...ама горе долу фино, онака, забавно филмче. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Втора светска војна, Германци и Бред Пит како најголем фраер кој тепа се што мрда.
Не е досаден филмов ама е веќе видено, има добри сцени со пукање и се тоа, ама како Аутрајдер што кажа, сцената со тенкот е не знам, врв на глупоста. Не викам дека е ептен лош филмов туку добар, кога би го оценувал би му дал 5.
Иначе тоа Тајгерот беше оној од ww2?