Филмски клуб

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Пишав филмче, Прво се мислев за The judge, но многу ме интересира прв впечаток на Gone girl, бидејќи ја читав книгата прво после филмот, не ја доловив мистериозноста на филмот која е прикажана. Станува збор за психолошки трилер напишан од Џилијан Флин, директор на филмот е Давид Финчер, главни улоги Бен Афлек и Росамунд Пике. I don't wanna spoil it, затоа последна ќе пишам критика
П.С. Каснам со Tall man поради обврски заспивам утре критика
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Gone Girl...

Мене филмов ми беше баш по вкус.. И поинаку не ни очекував.
Не знам дали од толку спојлери што читав и слушав воопшто не ме изненади текот, а и не знам дали воопшто финтата била да има пресврт... Пак ќе кажам може влијае тоа што мнооооогу ми кажуваа за филмов пред да го изгледам и најубаво е да се гледа без ни едно зборче да се прочита за него за да се даде рецензија и мислење. Битно стварно ептен ми се свиѓаше и дури 9ка ќе му дадам.
И она не беше жена, не психопат него она беше генијалец.. :zelen
Шала на страна се надевам ќе има уште многу многу вакви филмови да гледам. Па ќе си пишам пак : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie and BlackTulip

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Го гледав филмов ден пред да го предложат.

Што да кажам не знам. Кога видов дека од Финчер знаев дека ќе е супер. Бен Афлек не да ме нервира, ми доаѓа да му влезам преку монитор, ама улогава признавам му беше најдобра во неговата смешна кариера. На почеток се водев по другите филмови на Финчер и си мислев дека стварно си ја убил жената и сега сака да се спаси, ама не можев да сфатам зашто би ја убил. И сестра му ми изгледаше како да е вмешана нешто. Ни на крај памет не ми беше дека уствари жена му е таа која се испланирала, и тоа многу добро и излезе планот.
Сцената кога го уби тој богаташот ми беше wtf, наеднаш вади нож и му го сече вратот.

Супер филм стварно, сакам да добие една номинација за оскар ако веќе не го освојува. А Финчер сакам да го освои оскарот, номинација сигурен сум дека ќе добие. Статуетката му бега два пати до сега, третиов е среќен. :)

Браво @BlackTulip
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie and BlackTulip

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Колку ми е криво значи што ми дрдореа за филмов пред да го гледам па не видов ништо што не очекував. Баш ме занима како ќе си го доживеев.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Колку ми е криво значи што ми дрдореа за филмов пред да го гледам па не видов ништо што не очекував. Баш ме занима како ќе си го доживеев.
Ти па како да не знаеш дека пред вакви филмови не се слуша ништо. :)
Ќе ти беше уште подобар да не ти кажувале.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ти па како да не знаеш дека пред вакви филмови не се слуша ништо. :)
Ќе ти беше уште подобар да не ти кажувале.
Како да не читам случајно налетував ко за инат на коментари за него..
Пример еден на фб имаше статус дека го гледал и доле -господ да те чува од женска беља. И кај мене го коментираше тоа кога пишав дека си го гледам, па апла не можев да игнорирам :zelen
Па после кога прашав еден што го гледал дали е добар ми рече ти ќе си мислиш дека маж и ја убил а таа кучка психо ова она невиден пресврт и отиде неизвесноста : )
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Како да не читам случајно налетував ко за инат на коментари за него..
Пример еден на фб имаше статус дека го гледал и доле -господ да те чува од женска беља. И кај мене го коментираше тоа кога пишав дека си го гледам, па апла не можев да игнорирам :zelen
Па после кога прашав еден што го гледал дали е добар ми рече ти ќе си мислиш дека маж и ја убил а таа кучка психо ова она невиден пресврт и отиде неизвесноста : )
Господ да ме чува од такви другари. :)
Јас пред вакви филмови не излегувам од дома.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Gone Girl...
Хм, од каде да почнам...
Филмиште...баш по мој терк...обожавам трилери со вакви позадини...
Ќе се задржам на госпожата...Што мозок ли ќе беше? Какво чудовиште од жена...
Ми се крева косата од размазени лигли, пораснати со сребрено лажиче во уста, опсипани со лицемерно внимание...кои не можат да прифатат да не се центар на внимание на сите...кој искварен мозок...
Не е лесно да се одржи добар брак...самиот брак сам по себе е комплициран, захтевен и ќе го извлече и најлошото и најдоброто од тебе...се’ зависи од развојот и текот на истиот...
Те изневерил де, па што? А што да ти прави кога си фригидна, манипулативна кучка?
Наместо да го живее својот живот, таа цело време и внимание го посветува на манипулација и сместување на сопственото исчезнување, па и наводно убиство, се’ со цел да му се одмазди на сопругот...(кој по мое си беше скроз ок тип)?! Зошто бе девојче? Ако не ти одговара пали колата замини и уживај...зошто се замараш со него?
И тоа не еден, му сместила силување на едниот, другиот го направила демнач, а третиов врв-убиец?! А таа невино цвеќе?!
Навистина се ежам од вакви психопатски кучки...ок, сите сме различни...некој има потреба да се одмазди за да си го смири духот, ама да се оди до ваква крајност? Да се убие човек промислено и ладнокрвно со скалпел?
Не сакам ни да замислам како ваквите створења би гледале деца? Какви мајки би биле?
А најјако од се’ ми се медиумите, нивното презентирање на приказните (кои секако се само шпекулации и претпоставки) и слепото верување од страна на рајата...нели, ако кажуваат на тв мора да е вистина...
И еден огромен пропуст кој ме изиритира во филмот е што нивната приказна беше на сите национални телевизии, сликата на Ејми ја имаше на секој чекор, рајата ја познава многу одамна (значи јавна личност) него го препознаваа каде и да појдеше, а Ејми ја смени бојата на косата за нијанса потемна од нејзината (значи ништо драстично) и ја потскрати 3-4 сантими, одеше на бензиски, маркети, мотели се дружеше со таа типката и никој, апсолутно никој не ја препозна ?! Стварно?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and Outrider

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
The Tall Man
Прво не малце многу каснам со коментарот за но не го запав јеј

Прво што ми дојде на ум да пишам е дека Џесика Бел дава една од најдобрите изведби до сега,(според мене).
Ми се допадна целата приказна и како има толку многу прашања за општеството и причини поради кои почнува да ги прави сите работи.
Заплетот ми беше интересен, и кога се дознава дека она всушност е вмешана во целото киднапирање.
Мислиме дека е уште еден мистерија трилер/хорор филм, но позади него се крие суровата реалност која сепак на некое делче во земјава се крие.
Причината за киднапирањето за да се спасат децата од такво место во кое и пиле нема име, гледајќи го филмот и ја одобрував незнам како ,но со мислата дека ете можеби некаде ќе имаат подобар живот и таа мрежа и тие нови семејства ќе им го овозможи тоа, но од друга страна сепак нивните родители ќе направат се што можат за своето дете и незаменлива е нивната болка по своето дете.
Како и да е, филмот не е од денес за денес, има добра поента и добра порака, мене ме остави со куп прашања во глава.
Одличен избор @Outrider и супер тема за дискусија

Gone Girl
Мило ми е што ви се допадна, бидејќи прво ја читав книгата, неможев да го доживеам филмот како неа. Мислам дека ќе добие оскар.
Бен Афлек многу добро го доловува својот лик според книгата, постојано се труди да стане приземјен да не полуди, не знае како да се постави пред народот дали да се смее дали да не се смее што е прикладно. Ејми е толку перфекционистички изопачена што го доведува до лудост својот маж.
Самото наметнување за перфекционизмот од своите родители во своите книги, ја прави огорчена бидејќи тие во секоја книга "Неверојатната Ејми " измислената Ејми е подобра од вистинската ќерка Ејми. Нејзината перцепција за совршен крај посовршен и од книгите ја доведува до лудило да се прикаже себеси како невина добра домаќинка убиена и фрлена во езерото.
Второ изневерувањето од својот маж, ко да не и беше доволно у психа притисокот од родителите, па мислеше дека не е доволна и за него. Сепак и самата нејзина професија (мислам дека беше нешто поврзано со психијатар + новинарство, пишување тестови/ квизови психолошки) ја прави да го намести своето убиство до секој последен детал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Хоуп*