Јас си го гледав важно, your loss
Ќе се надоврзам од една друга тема на која сум постирал
Мистери трилер Во некое забаталено рударско гратче исчезнуваат деца....криза е, се` нема пара, родители се оддаваат на алкохол, дроги и лоша телевизија, патња и мамурлак... истрага околу судбините на децата, осомничени, завера.... и ненормален plot twist to end all plot twists, играње со перцепцијата на гледачот сето тоа мајсторски изведено од режисерот Паскал Ложие (!?) за кој првпат слушам но ако и остали филмови ги снима како овој ќе биде легенда. Нормално и сценариото си прави свое, глумата е на ниво, одлично доловен вајт треш амбиент и безнадежност...
Нема нешто посебно познати актери, оваа Џесика шо е на постерот ја имам видено во некој друг филм, останатите не баш.
Одлична појдовна идеја како тема на филмот за која се надевам дека постои и надвор од филмското платно.....некаде......некако......
Приказна за подземна мрежа на луѓе кои се организираат со цел да спасат она кое што системот не може или не сака да го спаси, најранливите, децата, запоставени во срање фамилии или самохрани морони и моронки кои во едната рака држат шише а во другата даљинско. Идејата се појавила кај лажно покојниот сопруг на главната актерка кој работејќи по земји од третиот свет успеал да спаси извесен број деца и сето тоа покасно го пренел во домовината, ју-ес-еј каде постои огромна популација на вајт-треш, несклони кон градење идина за децата.
Сопругата која не може да има деца, станува попатна парт-тајм мајка на десетици деца, блага компензација за немањето свое чедо.
Начинот на кој децата добиваат нова шанса во животот е самиот по себе крајно дискутабилен - киднапирање од кај дебилни родители и давање на посвојување кај ок раја преку мрежата. Не е само нелегалноста тука е и моралниот аспект. Колку и да се лоши родители зарем е оправдано киднапирање и ширење муабет за наводен митски манијак кој краде деца со цел да се создаде психоза и да се измамат истражните органи?
За законот не, но за децата кои утре ќе се навлечат на лепак, муншајн и реалити шоуа - тоа се чини е единствен излез. Бидејќи тоа се случува на многу мала возраст тие не се ни сеќаваат на претходните родители.
Освен девојката која што имаше мака со говорот и прилична интелегенција и која сфати за што станува збор, но не ги пријави бидејќи и самата сакаше да се спаси преку мрежата, да ја однесе Високиот човек во мракот
Проблем беше што беше тинејџерка и голем ризик да се издаде, но сепак на крај доби шанса.
Граѓаните на Вајт-трешвил имаа сомнежи, посебно таа алкохоличарката која игром случаја го виде сина си во куќата, ФБИ ровареше за да најде нешто и на крај сепак трагите водеа кон куќата со тунелот. Двете жени кои управуваа со мрежата во тој реон имаа избор, да избегаат и да ги навлечат органите на прогонот на трагата и евентуално да ја откријат и уништат мрежата или да ја направат ултимативната саможртва. Едната се обеси а другата се предаде на властите, со засекогаш уништен живот и репутација на сериски убица. Знаејќи дека е во право и знаејќи дека остатокот од животот ќе го пројде во затвор, на крај се отвори кон мајката на претпоследното дете кое го однесе `високиот човек` и го кажа еден од појаките монолози кои сум ги слушнал на филм во последниве години. Секако залудно бидејќи од спотивната страна имаше морон.
Глумата сосема добра, посебно ако се има во предвид дека се работи за анонимуси, фотографијата сосема ок, сценариото феноменално,целокупниот впечаток е бескомпромисен и остава колку горчина, толку и надеж.
Кражба на деца од родител? Триумф на злото? Има ли нешто полошо за еден родител, колку и да е гад? Можеби нема. А децата? Кои ќе пораснат во полуписмени идиотчиња, алкоси, наркоси и вреќи со комплекси и трауми? Too hard to say.
Доколку имате прилика зарем не би оттргнале некое дете (имаше пред некој ден на тв нешто за тригодишно дете во скопје кое снифало лепак) од рацете на биолошки родители морони?