Морам да признаам дека малку гуглав за нив, но се уште не ми е јасно која е симболистичката поврзаност на конкретното животно со конкретната состојба. На пример - јас гавранот повеќе го сметам за симбол на некои други работи отколку тоа што Триер му припишал, но нејсе.Да, Nature is the satan's church...и самата природа на жената е зла (иако не се сложувам), т.е. природата е крива што е жената зла...лажна (со лажно лице, лажни бутини итн.)...и заради таа лажна “природа“ човекот како терапевт не забележал ништо ненормално кај нејзе, се’ до кобниот момент кој беше тригер (прекидач) за нејзината состојба...
А ме интересира како ги протолкува трите просјаци (освен што беа жалост, болка и очај) во контекст на паралелата со Библијата?
Инаку, не можам а да не помислам на поврзаноста на трите просјаци со светото тројство, т.е. со Бог. Во таа линија, мислев дека подобро би било кога би го поделил филмот на 3 дела, а не на 4, како што е (или 6 заедно со прологот и епилогот), но баш поради тоа сметам дека можеби ова е само моја халуцинација, може на Триер воопшто не му ни текнала.
Инаку, освен споредбите со Тарковски на кого и му го посветил филмот, не можев а да не се потсетам и на Seventh Seal на Бергман. Не знам зошто, но атмосферата беше идентична и во двата.


и оваа `рачно` го работи со епилог - ејакулација на крв. Мора да бил медицински феномен или пак постоела сцена кога лапа амфети и шиба лидокаин во бедрата пред жена му да го измачува. Таква сцена очигледно не постоела така да .... ма немој.
Инаку, јас сум вљубен во скандинавската кинематографија .Годинава дури и посетував онлајн курс за неа за кој имам и Certificate of achievement од Универзитетот во Копенхаген на кој сум особено горд. 
) покрај глумата и фотографијата кои се основа. Режисерскиот печат е само дополнителен плус во целината.
како и да е добар филм, не можам да кажам многу добар заради лудиот ум на режисерот.