Физичко казнување на децата

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
баш пред 3 дена во автобус со бр: 50 еден родител го тепаше своето дете дека му барало сладолет се изнервирав од плачењето на детето му спискав на родителот му реков вака ли се постапува со роден син будало сакаш ли тебе на ваков начин јас да те тепам, а знаете што ми одговори мој син е ти да немој се мешаш ќе го тепам кога сакам и колку сакам, го фатив за коса бидејќи ме изнервира уште повеќе го симнав на автобуска му реков дека ќе го носам во полиција после 5 минути разговор се смени човекон сватил дека згрешил, му купи сладолет на детето искрено се израдува детето, гревче многу ми падна жал
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
баш пред 3 дена во автобус со бр: 50 еден родител го тепаше своето дете дека му барало сладолет се изнервирав од плачењето на детето му спискав на родителот му реков вака ли се постапува со роден син будало сакаш ли тебе на ваков начин јас да те тепам, а знаете што ми одговори мој син е ти да немој се мешаш ќе го тепам кога сакам и колку сакам, го фатив за коса бидејќи ме изнервира уште повеќе го симнав на автобуска му реков дека ќе го носам во полиција после 5 минути разговор се смени човекон сватил дека згрешил, му купи сладолет на детето искрено се израдува детето, гревче многу ми падна жал
И такви случаеви сум видел и тоа доста многу. Плаче детето за бонбонче и за инат не му купува и ова упорно плаче. И после шамари му удира и го млати. (facepalm) Ова во странство нигде го нема. Само кај нас може така да му прави на дете.
 
  • Like
Реакции: ZmajChe

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
Има секакви луѓе. Не само што ги казнуваат физички, дури и ги тепаат до смрт. :(
таквите родители што го претепале своето дете до смрт заслужуваат доживотен затвор или смртна казна
 
  • Like
Реакции: ZmajChe and Marick14

Coelho

Староседелец
2 април 2012
286
493
663
Скопје
Дали го одобрувате таквото казнување на децата? Ако да, зошто?

Во никој случај не го одобрувам. Нема апсолутно никакво оправдување за тепање на своето дето. Има многу подобри и по-ефективни начини за да се воспита детето или да му се укаже дека тоа што го прави/го направило не е прифатливо. Но тепањето ги уништува децата. Ќе поминат многу време во страв, ќе се прашуваат што згрешиле?

Со тек на време, како што растат, некои деца ќе заборават. Некои не.

А потоа тука е и можноста да пораснат во насилни луѓе кои ќе одобруваат секаков вид на насилство. Врз семејството, пријателите, некој кој малку ќе ги изнервира, па дури и некој кој нема да ги изнервира воопшто.


Која е причината за тоа казнување? Зар не може ли да се реши на подобар начин?

Можеби родителот не може да се контролира? Можеби е под дејство на нешто? Можеби едноставно бил изнервиран во тој момент и морал врз некого да се истури - па тука било детето. Можеби станува збор за некоја болест или психичка состојба.

Има премногу одговори. Можеме само да претпоставуваме. Или пак ако има некој родител кој го тепал своето дете - да ни објасни.

И дури и тука нема да можеме да знаеме дали е вистината или не. Зад тој еден одговор (пр.) "Па ме имаше излажано" може да има некоја целосно различна приказна.

Или може тоа да е само еден дел од реченицата. Може да биде "Па ме имаше излажано, а јас пред тоа добив лоша вест и се изнервирав" или "Па ме имаше излажано, а јас само што се вратив од кафана со пријателите/пријателките каде што се налокав ракија како утре ден да не е".

Или можеби плачело детето, и самиот звук го изнервирал родителот. Па ќе почне родителот да му вика на детето - детето ќе почне погласно да плаче и ќе се одвива тоа неколку минути се додека на родителот не му пукне филмот и го зашамара детето.

Многу одговори. Многу.

Дали до сега ве имаат физички казнувано? Или дали сте биле сведок кога родителите го казнувале физички вашето другарче?

Да, кога бев мал ме имаа тепано. Не бев тепан поголем период од моето детство, туку беше еден помал период ама со интензивно тепање - и не само со рака.

А не сум сигурен дали сум бил присутен додека родител тепа некој мој другар или другарка, мислам дека не сум бил.
 
  • Like
Реакции: Marick14

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Мислам дека на форумов има една тема за шамарот како воспитна мерка на која индиректно имам кажано дека не го поддржувам. Зашто детето не е животно и зашто ќе сфати со збор. И ова не го зборувам напразно, туку од лично искуство.
За секој шамар, за секоја воспитна по газе, враќав со повторување на бељата...за инает на мама.

Но, исто така не поддржувам никакво друго физичко казнување. Детето не е нечувствително суштество врз кое родителот може да се истури во секој момент. Ако згреши, целта е да му се укаже која е грешката, да му се објасни зошто баш тоа стореното не е исправно. А не да се влепи шамар и да се замолчи. Така е најлесно, но најмалку ефективно.
Додека бев мала не сум присуствувала на тепање на дете, но сега гледам како некои родители си ги поттепнуваат дечињата.
Во моментот после тепањето детето е мирно, ако заплаче-заплаче, ако не-не, седи до родителот и молчи. Но што потоа? Тоа е час-два, а после пак по старо. Не е тепањето начин да се укеаже на грешката.
 
  • Like
Реакции: ZmajChe

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
26
Физичко казнување во претерани граници не подржувам, за се може да се најде решение и соодветна казна т..е забрана. Се зависи од тоа како ќе се постават родителите. Е сеа има некои ептен разгалени деца кои заслужуваат да ги исплескаш по газ, не да им нанесеш физички повреди туку само да ја почувствуваат казната и да сфатат дека навистина ја преминале границата.

Нема да кријам дека и јас кога сум бил помал сум јадел некогаш ќотек (без најмало претерување) ама затоа сум им сега благодарен на моите за тоа шо ме воспитале онака како шо треба. Научив доволно да ги ценам и трудот и парите кои биле вложени за мене и уште се вложуваат.

Не секој родител знае како да се постави спрема своето дете и или претерано го казнува или ич не го казнува. И од двата случаи децата ќе излезат со искривени погледи кон одредени работи во животот.
 
  • Like
Реакции: ZmajChe

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
23
Битола
Ко мала мајка ми ќе ми врзеше два-три шамари но се беше умерено :biggrin
Инаку никако не одобрувам физичко малтретирање на деца. Најниското нешто што може да си го приушти родителот на самиот себе си е да го истепа детето кое го створил самиот тој.
 
  • Like
Реакции: ZmajChe

Diamond

Полноправен Член
13 октомври 2012
33
23
8
Доколку од почето се почне нормално со детето, нема потреба за насилство...

Е сеа има некои ептен разгалени деца кои заслужуваат да ги исплескаш по газ...

Доколку родителот на време се поставил како што треба и го воспитал детето да не биде разгалено, нема да има потреба да го “исплеска.
 
  • Like
Реакции: ZmajChe

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Најпримитивен начин за воспитување на децата што може да го имаме само ние(балканците) и државите од арапскиот свет...
 
  • Like
Реакции: beautifull liar and ZmajChe