1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Физичко казнување на децата

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од Marick14, 9 јули 2012.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Дали го одобрувате таквото казнување на децата? Ако да, зошто?

    Која е причината за тоа казнување? Зар не може ли да се реши на подобар начин, со разговор или забрана за цртани и играчки?

    Дали до сега ве имаат физички казнувано? Или дали сте биле сведок, кога родителите го казнуваат физички вашето другарче?

    Искуствата се добродојдени.....

    child-abuse.jpg chinese-child-discipline.jpg
     
  2. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    Мислам дека не би требало физички да се казнува.
    Сето тоа донесува трауми.
    Најдобро е да се седни да се поразговара со детето
    на најсмирен начин.Да му се објасни зошто не треба
    да се направи тоа или зошто не требало да го
    направи тоа.А,доколку физички се казнува
    следниот пат можеби ќе направи некоја
    поголема беља. И само ќе направат детето да има страв
    од нив и ќе има можеби и презир заради целиот ќотек.
    А мислам подобро е да има почит и љубов кон
    родителите,и ќе сфати дека треба работите треба да решат на убав
    начин а не со насилство.
     
    На beautifull liar, ZmajChe, Marchisio и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Hkakashi

    Hkakashi Староседелец

    Зачленет на:
    13 јуни 2012
    Мислења:
    1,543
    Допаѓања:
    1,697
    скроз те поддржују, али треба некопут да заигра некоја васпитна, не бива све сс зборови, следеќи пут кт ке му текне да прави глупсоти да се сети. Али повторују тој не треба да се дешава стално, и несмее да се превише тепа дете т.е да му се нанесев много големи физички повреде.

    оф топик: марик много чудни теме отвараш :kafe
     
    На ZmajChe му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wild.One

    Wild.One Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 јуни 2012
    Мислења:
    197
    Допаѓања:
    147
    За да го одобриш ова треба да си мрднат, ова го прават само родители со психичко пореметување :)
    Моите никогаш не кренале рака на нас, секогаш проблемот се решавал со разговор. Кога се родил брат ми, се договориле мама да биде одговорна за воспитување и ако има некој проблем таа ке го решава со нас. Казна во животот не сум добила, ниту ми било нешто забрането, воспитана сум да ја препознаам границата на нештата.
    Чист пример е братучедками, како мала многу ја малтертираа од мала ситница си добиваше шамари епа затоа сега неможат да ја закомандаат, колку пати и имам кажано да прекине со глупостите ке ја дознаат дома и ке биде многу лошо и на тоа ми одговара со "Ако де, малку ли имам поминато, навикната сум" :)
     
    На ZmajChe и Scars им се допаѓа ова.
  5. The_countess

    The_countess Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 јуни 2012
    Мислења:
    441
    Допаѓања:
    547
    Физички казнуваат само ментално нестабилни луѓе. Не сум го проживеала тоа и за среќа не сум ни била сведок, а не ни треба.
     
    На Just Perfect и WomanInRed им се допаѓа ова.
  6. Hkakashi

    Hkakashi Староседелец

    Зачленет на:
    13 јуни 2012
    Мислења:
    1,543
    Допаѓања:
    1,697
    Ту бре ке ме утепате, ја не викам сваку недељу, али треба 1 пут или 2 пута некоја васпитна, не да га утепаш дете од ќутек. Ја лично много ретко тепам некога помалога од мене, 2-3 пут ми се десило на други и сс брата ми што се шамарамо, али руку никад не сам дигнаја на женско. Днске помали деца су много уалени, не викам дека сам ја много голем али доваѓа ми едн пут петтоделенац и поваѓа да ме удари зашто сам му га померија ранац на физичко, кт сам му ја вржаја едну заушку, никад више не е седнаја на туј клупу :rofl
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Јас додека бев на одмор пред 7-8 години на Крф (Грција) до над во собата имаше една фамилија (грци). Мајка, татко и ќерка. Таткото беше некој доктор и работеше на Крф (седеа цел одмор таму) и не доаѓаше многу кај жената и ќерката. Најверојатно си бил кај некоја швалерка или на друго место спиел. Дека бевме соба до соба, и од 10 дена што бевме, немаше еден ден кај што детето не плачеше. Јас такво малтретирање не сум видел ни на филм. Мајкава цело време ја тепаше. Ја млатеше, оваа плаче, рика. И беше непријатно на почеток да прашаш. И 7-8 ден надвор пред нас во двор ја тепаше, и татко ми тогаш ја праша зошто ја тепа, и му кажа жената (знам дека беше некоја ситница). Детето не идеше на плажа, седеше во соба. А таа па стока 200 кила ја дробеше, дури сакавме да пријавиме во полиција, али ај да не се мешаме во други работи и ете не пријавивме.
     
  8. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    На Just Perfect, ZmajChe и Marchisio им се допаѓа ова.
  9. Redhead

    Redhead Bookworm

    Зачленет на:
    23 февруари 2012
    Мислења:
    1,060
    Допаѓања:
    2,039
    Нормално дека не го одобрувам, никогаш според мене тоа не е начин на воспитување.
    Домашното воспитување се учи уште од дете.
    Нормално треба родителот да биде строг и принципиелен иначе детето ќе му се качи на глава.
    Може да се реши на подобар начин секако, ама пак треба и детето да се воспита да го почитува зборот на родителот.
    Мене ме немаат тепано, од мала сум си знаела до каде можам да одам со однесувањето, и ме држеле строго.
    Мада дете ко дете знае да направи бења, а и кој не правел, ама нема потреба да се казнува со тепање.
    Ги презирам ваквите луѓе.
    Најлесно е да кренеш рака на некого.
    Сум била сведок ама не кај блиски, туку кај мене на работа, и ми идеше да станам и јас да ја истепам жената.
    Како крвнички го тепаше детето, за греота и тоа пред луѓе.
    Јас на ваквите луѓе би им ги одзела децата.
     
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Има секакви луѓе. Не само што ги казнуваат физички, дури и ги тепаат до смрт. :(
     
    На ZmajChe му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: