Фан клуб на Арсенал

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јака утакмица беше, штета што не беа искористени повеќе шанси ама победа е победа, Мурињо квичел за пеналот а тоа кунг-фу потег три метра пред гол. На крај драми, среќа и Габриел со мачји скок инаку ќе беше тотално неправеден резултат на цела таа доминација.
Не знам зошто имам параноја дека Уефа ќе ги намести во ЛЕ наредно коло Арсенал-Тотнем. Не дека би било досадно...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не знам зошто имам параноја дека Уефа ќе ги намести во ЛЕ наредно коло Арсенал-Тотнем.
Не може да се паднат тотнам ако отпаднат од Динамо :D
giphy.gif



Meltdown на Мурињо, во 5 дена загуби од Арсенал тотално издоминиран, загуби од Динамо каде отиде со 2-0 од домашен терен. Штета што ова не се случува со Венгер на чело на Арсенал, ќе полудеше Хозе :D

Со Олимпијакос очекував или 0-0 или да загуби минимално што и се случи. Мора да се штеди секоја капка енергија за наредните средби. Дури 4 директни дуели во борба за враќање кон врвот, сите ќе играат со 200% од своите можности. Победникот во лигата е веќе решен, но борбата 4то и 5то место допрва следува. Се надевам дека Артета ќе успее да стигне барем до 5то место што е достижно.
Пред утакмицата со Мурињо имаше 0 повредени играчи, нешто што не памтам кога се случило претходно во Арсенал. Имаше моменти кога Венгер излегуваше со младинци на клупа да потполни квота за утакмица затоа што имаше 11-12 повредени :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Арсенал својата шанса треба да ја гледа во ЛЕ. Добија најлесен можен противник и доколку не успеат да ја поминат Славија Прага, цела екипа на Арсенал нека се пензионира. Во ПЛ тешко дека ќе успеат да завршат во топ 6. Изгубија премногу бодови во натпревари кои требаше да ги добијат рутински.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ако поминат во полуфинале веројатно ќе играат со Гуд Ебенинг кој е специјалист за ЛЕ а можно е финале со Ман Јун.
Макар да Солскјер е чоукер и испаѓа редовно во 1/2 ф. ќе видиме, може финале да е Динамо Загреб-Гранада
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Најлошото издание на Арсенал откако го пратам низ сите овие години беше со Ливепрул. Два шута на гол во 90 минути, никакво залагање, сивило, мртвило, индолентност, срам и брука. Ако повторат вакво издание со Славија ќе се обрукаат и ќе испаднат.
 

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Срамота е клуб како Арсенал да падне на вакво ниво на домашен терен да не може да победи тим како Славија Прага. Депресивна екипа како оваа сега што ја има Арсенал никогаш до сега немале. Поубаво нека испаднат од Славија Прага, затоа што со ваква игра ќе доживеат тотален дебакл против Динамо или Виљареал.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кои се тие Славија бе, што е тоа млекара некоја, мислам имаше утакмица во ЛШ кога Арсенал тепа 7-0 дали беше Спарта, Славија (тие ги знам само од Чешка) не паметам и тоа со Хлеб и Бентнер и Сонг. Ако случајно испаднат треба веднаш Артета да биде сместен во соодветна установа и успат нек се стави катанец на клубот како со Бјури во Л1 ионака само гледаме пропаѓање кон дното, стартуваа играчи кои не знам дали во Брајтон би започнале како Зуландер или Џака.
Нит пак трансфери се погодуваат, 50 милини за Томас кога тоа тежок медиокритет, Пепе 72 милиони за два гола по сезона следен ќе биде Одегард само да не се повтори Себаљос кој се врти ко дервиш на средина никаков преглед на игра или скраја нешто креативно, некој пас, двојно проигрување се одбиваат топки како од дрво.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
7-0 во Лига на шампиони групна фаза кога сѐ беше решено, во други констелации и околности. Тогаш Арсенал редовно играше 1/4 финале во ЛШ, со тимови ко Славија втор состав вадеше такви резултати.
Не пробувам да го релативизирам поразот само се потсетив каков фудбал играше Арсенал.

Ова од некни, не знам што да кажам. Од прв до последен би ги напуцал. Се надевам дека оној бафало бил Кронке ќе го продаде клубот на некој што му значи името Арсенал и конечно ќе почне трансформација. Ова некни беше резултат од децениски промашена стратегија и најлошо менаџирање со клуб било кога.
Играчи промашуваат зицери, стојат ко кактуси додека треторазреден тим напаѓа и дава гол, тренерот дава изјави дека тоа се случувало кога не се користат шансите... Клоца за сите. Оној па Обамејанг потона, подобро да лажира смрт и да го снема од фудбалска јавност отколку вака да се бламира. А пред пола година с шпекулираше негов трансфер во Реал. Следниот четврток му е последна шанса на Артета да ги заузда примадоните и да покаже нешто. Сѐ освен освојување ЛЕ е тежок пораз.

Она што ме нервира е што сите знаеме дека не е ова нивото, знаат са играат атрактивни акции, да не пуштаат ни шут кон гол. Нешто је труло у држави Данској.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
По повод одличната игра и висока победа вс. чешката млекара решив да се подновам со ганерски аксесоар, во случајов навлака за перница :sreken

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec and existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Артета треба да го прегледаат дали има мозочен удар нешто, во 1/2 финале експериментира со лажни деветки, го видел Пеп со ПСЖ па сеа и тој ќе игра исто, само наместо Марез и Де Брујне на терен се дервишот Себаљос и флопот Томас. 2-1 е премија од резултат со оглед на играта, чак можеше да биде и 2-2, макар да Лено одбрани некои топки кои ќе беа крај. Среќа Гуд Ебенин останал истиот па ќе чува резултат.

Се пронесе глас дека Спотифај има намера да го купи Арсенал, понудиле 1,8 милијарди фунти, излезе и власникот и потврди, добро би било да се промени власништво и конечно да тргне нешто напред. Со овие газди и Артета за 2-3 сезони следи пад во Чемпионшип.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence