Не успеав да исчитам се што е напишано,можеби е малку вон темава но и е околу неа.
Пред некој ден,спремајки се наутро за на работа,понекогаш знам да го уклучам телевизорот на некоја од утринските програми да слушам дур да излезам од дома.
Во една од оние утрински програми кога се јавуваат слушатели,еден слушател се јави и рече дека доколку нешто ни е украдено и има вредност под 1000 денари,тогаш законот бил воопшто полицијата да не реагира туку сами да си бркаме работа по судови.
А кого јас да тужам кога незнам кој ми го украл она што е под 1000 денари вредност според законите на нашава држава?
Да се навратам на темава.
Имаше по социјалниве мрежи дека детево не требало да ја преземе работата на полицијата во свои раце и не требало да го брка престапникот.
Бре!
А ако таа полиција одлучи дека вредноста за неговиот велосипед е под 1000 денари?
Па ајде нека ми влезат пет пат во куката,нека ми украдат во рок од една година работи една по една и се под 1000 денари,полицијата нека не реагира,а јас гледајки го крадецот пред очи да го оставам да ми зема што сака?
Ќе ги фателе ,,ситните,,престапници тогаш кога ќе почнале да не се задоволуваат со ситното туку кога ќе удреле на крупно.
Исто не ми е јасно,зошто сите работи ги поврзуваме на верска и национална база?
Како смао тогаш ни одговара да сме сплотени сите заедно еден до друг.
Не се сите Македонци исти,како и што не се сите Албанци исти итн.