Турбо - фолкот не може да се нарече музика. Тоа е само крпеница од народна и поп музика, а таква „смеса“ не може да биде ништо повеќе од идиотски звуци. Понекогаш кога морам да го слушам (на некоја прослава или слично) ми е многу смешен, а понекогаш ми е дури болно да го слушам.
Па оние текстовите - катастрофа. Поглупави немам слушнато
. А изведувачите се крајно неталентирани.
Значи, се мешаат застарените текстови и музика од народните песни и површните идиотски текстови (не се сите поп песни такви, но во турбо - фолкот се најчесто такви текстовите) и се добива мешавина од труби, жени на долна облека, некој си стар македонски народен говор и лошо чувство на евтиност.
Не би издвоила песна, бидејќи сите ми се еднакво глупави и сељачки (не ги навредувам луѓето од село, бидејќи тие се селани, а не сељаци).