Не ми е толку мака од тралалајките, нив ги избегнувам и крај, туку ми е мака од релацијата турбо фолк - кафана. Морало турбо фолк во кафана да трешти, ако не не се пиело. Немој да ме ј***ш бре. Дури немало турбо-фолк, народот демек не одел по кафани или не можел да се напие саглам. Греотичка тие.
Поглуп изговор, здравје. Ако сакам и на Џастин Бибер ќе се опијанам. Ако сакам и без музика ќе пијам.
Ама изгледа што е по крш музиката, толку повеќе те тера да пиеш за да не ја слушаш и да кршиш наоколу од нервоза.
Неќам да судам за вкусови, секој за себе, ама неќам ни изговори „Јас не слушам, ама морам затоа што...“.
Не. Слушаш зошто ти годи, ако не сакам, никој не ми ставил нож под грло да се качувам на стол со првите ноти на „Лична карта“ и да кревам четири во вис ко знак на кулминација на расположението.
На прослави ваму-таму ќе се случи да мораш да истрпиш, со тој „жанр“ сме затруени па ајде, си отишол да направи чест на личноста, не на музичето, ама да трчам во секое кафанче кај што иде Српска певаљка пред банкрот и/или залез на кариера, па после „Абе морав ради друштво“, молим лепо, тоа е еднакво нелогично ко „Кучето ми ја изеде домашната.“