Сите некогаш сме испаднале кучки, или машките кретени спрема некого.
Имав еден дечко, додуша неколку месеци само траеше, али сепак беше врска. Дечкото беше фин, супер, меѓутоа мене не ми се допаѓаше воопшто. Кога ќе сме се виделе бакнежите ми беа толку механички, толку никаква искра и хемија не чувствував, не можам да ти опишам. Си реков дека ќе си дадам време, може ќе се смени нешто, но не. На крај му раскинав. Го викнав на разговор, му објаснив дека тој е супер, ама дека сакам да се разделиме. До ден денес ме колне и ме кажува на другари what a bitch I am. Тоа е тоа, тука не можам ништо да сменам.
Другиот дечко ми беше првата љубов. Убаво ми беше, а и него, знам, добро ни одеше врската, се дури до еден момент кога толку ме повреди, ама баш онака некој да ти ги скрши срцето, светот и душата. Излезе најголемиот кретен. Потоа фати друга женска со која исто долго одеа, а на крај таа го зафркна толку лошо, па си остана тој со скршено срце.
Животот е ролеркостер, луѓето ќе доаѓаат и ќе си одат. Битното е ти да си среќна. А ако сакаш да станеш кучка, ти нема да бидеш среќна. Ќе се најде некој, да. Ама секому му прекиснува од таков партнер. Секој сака љубов. А ако некој упорно не ти ја дава, верувај тоа нема да води кон успех. Затоа треба да си тоа што си, без фолирање, затоа што кога тогаш ќе се заљубиш. А тогаш нема маска, тогаш доаѓа вистинското лице.
Ми се чини затоа светов е толку fucked up. Сите љубовните јадови од минатото дозволуваат да им ја попрече иднината. Затоа што маркирањето на некој нов човек со маркерот на минатото води кон неуспех. Има еден quote од Сексот и градот. Иако не го живеам животот по таа идеологија и не сум заљубена во Кери Бредшо, за ова симнувам капа:
The most exciting, challenging and significant relationship of all is the one you have with yourself. And if you can find someone to love the you you love, well, that's just fabulous.