Треба да станам кучка за да некој ме засака?

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ја још незнам што е тој кучка. Увек ме асоцира на куче у зрели годинке на коју цициња ву виснале до доле или легнала на полугрб и мали слепи кученца ву цицаф млекце од розе циценциња.Чуја сам у филмови за некои девојке викаф дека биле кучке, као демек спонзоруше,плескачице,дрољетине.... али која блесафа стфар е име од такфо мајчинско животинњче кое пружа мајчинску љубаф на мали кутренца, тој исто име да га употребуеш за небитан људски стфор.Постои лоша и добра девојка а не кучка или некучка, мекучка такфа слатка : )

Нема дефиниција за кучка...кога сме кај филмовите, имаше еден лик во Брејкинг бед серијата кој цело време викаше бич. Бич му беа мажи, жени, деца....шпорети, маси и столици...
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Кучка е женски род од куче :) А надвор од животинското царство, мислам дека не постои тој поим.
Жена може да биде најдобро и најлошо створење на свет, може да те сака од срце и може да те мрази од дно на душа, може да те возвиши до небо и да те тресне од земја...итн итн итн...Ама ниту една жена не заслужува да биде „кучка“ за некого, впрочем нели секој си знае што е најдобро за себе? Која сум пак јас или кој е Рајко, Петко, да му суди некому и да му става епитети?
А тука прочитав многу одвратни коментари од машки личности и се прашувам, дали воопшто знаат тие кој ги родил, од чија цицка цицале и кој ги пораснал? Веројатно само некоја жена :)

Иначе порака до девоЈчето/жената Која ја почнала темата: Ако и воопшто сама помислиш дека за некого треба да станеш „кучка“(а наведов веќе што мислам јас за тоа) тогаш грешката е во тебе.Од тука почни па другото ќе си дојде само по себе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Violet and Аркантос

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Што знам јас мислев дека кучка е онаа што има нешто што сме го сакале ние, онаа што постигнала нешто повеќе, онаа што не дава од прва, онаа што не те сака, онаа поради која ги етикетираш жените на вакви или онакви, онаа која те научила да се помириш со она рамно на себе и да се залажуваш дека сите други за кои си сонувал се кучки, само зошто не можеш да ги имаш...

Така бар слушам навака натака.. Прост пример е еве кога жена ќе добие унапредување - кучка е легнала со шефот, кога ќе биде со оној што сме го сакале - кучка е се разбира дека машките сакаат такви. И можеби од тука тоа - зар треба да бидам и јас кучка како таа и таа па да успеам или да ме сакаат..

Зошто нели нема шанси кучката напорно да работела или да поседува квалитети за кои заслужува да биде сакана..
А ние дека добри затоа сами, секогаш добрите ги следи несреќа :(

А ако некој не те сака онаков каков што си, тогаш да се претвориш и во цело животинско царство џабеее...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Е, арна паралела подвлекла Хоуп. Зборов толку го изгубил значењето, што се користи ради-реда колку да се деградира некој што не ни чини.

И сега да се договориме. :D
Кучки се:
а) Оние што секој може да ги има (читај: нема предизвик и почит)
б) Оние што не може секој да ги има (читај: пропала инвестиција, нема билдање его)
в) Сите
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Е, арна паралела подвлекла Хоуп. Зборов толку го изгубил значењето, што се користи ради-реда колку да се деградира некој што не ни чини.

И сега да се договориме. :D
Кучки се:
а) Оние што секој може да ги има (читај: нема предизвик и почит)
б) Оние што не може секој да ги има (читај: пропала инвестиција, нема билдање его)
в) Сите
г)
female-dog-of-golden-retriever-with-puppies-7417b6.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha and Electra

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Е, арна паралела подвлекла Хоуп. Зборов толку го изгубил значењето, што се користи ради-реда колку да се деградира некој што не ни чини.

И сега да се договориме. :D
Кучки се:
а) Оние што секој може да ги има (читај: нема предизвик и почит)
б) Оние што не може секој да ги има (читај: пропала инвестиција, нема билдање его)
в) Сите
Кучка е женски род од куче. Крај!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Каква кучка или мачка? Треба да се стане вистинска девојка , жена и да му се предаде во целост на момчето, мажот. Ова со кучки не ми се бендисува и не разбирам. Ти можеш и мајмунка да станеш или мечка, но дали е потребно цело животинско царство за да се освои мажот. Мажот бара жена, кучето кучка, мајмунот -мајмунка итн.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Сите некогаш сме испаднале кучки, или машките кретени спрема некого.
Имав еден дечко, додуша неколку месеци само траеше, али сепак беше врска. Дечкото беше фин, супер, меѓутоа мене не ми се допаѓаше воопшто. Кога ќе сме се виделе бакнежите ми беа толку механички, толку никаква искра и хемија не чувствував, не можам да ти опишам. Си реков дека ќе си дадам време, може ќе се смени нешто, но не. На крај му раскинав. Го викнав на разговор, му објаснив дека тој е супер, ама дека сакам да се разделиме. До ден денес ме колне и ме кажува на другари what a bitch I am. Тоа е тоа, тука не можам ништо да сменам.

Другиот дечко ми беше првата љубов. Убаво ми беше, а и него, знам, добро ни одеше врската, се дури до еден момент кога толку ме повреди, ама баш онака некој да ти ги скрши срцето, светот и душата. Излезе најголемиот кретен. Потоа фати друга женска со која исто долго одеа, а на крај таа го зафркна толку лошо, па си остана тој со скршено срце.

Животот е ролеркостер, луѓето ќе доаѓаат и ќе си одат. Битното е ти да си среќна. А ако сакаш да станеш кучка, ти нема да бидеш среќна. Ќе се најде некој, да. Ама секому му прекиснува од таков партнер. Секој сака љубов. А ако некој упорно не ти ја дава, верувај тоа нема да води кон успех. Затоа треба да си тоа што си, без фолирање, затоа што кога тогаш ќе се заљубиш. А тогаш нема маска, тогаш доаѓа вистинското лице.

Ми се чини затоа светов е толку fucked up. Сите љубовните јадови од минатото дозволуваат да им ја попрече иднината. Затоа што маркирањето на некој нов човек со маркерот на минатото води кон неуспех. Има еден quote од Сексот и градот. Иако не го живеам животот по таа идеологија и не сум заљубена во Кери Бредшо, за ова симнувам капа:
The most exciting, challenging and significant relationship of all is the one you have with yourself. And if you can find someone to love the you you love, well, that's just fabulous.
 

Violet

Полноправен Член
2 март 2014
32
40
18
39
рајска градина
Неможеш мила да станеш кучка ако не си. Моментално ке се однесуваш како кучка ама знај и тебе ќе те боли тоа зошто не си таква. Љубовта не се купува ни со пари а богами ни со правење што не си. Тој што те сака ке те сака, тој што нема неможеш да го присилиш со билокакво однесување.