Толкување на сонови

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ај ако се најде некој толкувач, баш ме интересира мислење:

Не знам како (нели сон е де) се најдов во езеро со пријатели. И си пливавме така, си игравме со една топка и јас почнав да пливам далеку од нив. Се изнапливав и решив да се вратам. Се вратив назад, тие си беа таму но немаше плажа. Еден од моите пријатели ми се обрати по име и ме праша нешто. Следниот момент бев пред огледало и се бев избричил и си ја пострижив целата коса (имам долга коса) и се огледував и не можев да се познаам.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Гледање во огледало - ќе сфатите каква личност сте всушност. Ќе добиете реална претстава за себе

Ако пливате - На патот кон успехот сметајте само на себе и на вашите квалитети
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Што значи сме биле со другарка во болница и таму имало бебе (машко женско-врска немам) и ќе сум паднела за малку во сонот?
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Ај ако се најде некој толкувач, баш ме интересира мислење:

Не знам како (нели сон е де) се најдов во езеро со пријатели. И си пливавме така, си игравме со една топка и јас почнав да пливам далеку од нив. Се изнапливав и решив да се вратам. Се вратив назад, тие си беа таму но немаше плажа. Еден од моите пријатели ми се обрати по име и ме праша нешто. Следниот момент бев пред огледало и се бев избричил и си ја пострижив целата коса (имам долга коса) и се огледував и не можев да се познаам.

Eзеро
Матно - Зло и губиток.
Разбранувано - Успех.
Полно со риби - Благосостојба.

Топка.
Ако играш со топка - Сиромаштија.

Огледало - Венчавање.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Што значи сме биле со другарка во болница и таму имало бебе (машко женско-врска немам) и ќе сум паднела за малку во сонот?

Болница - Напредок во живот.
Ако излегувате од болница здрави ќе избегнете некоја опасност.
Ако влегувате бо болница - Ненадеен издаток.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur

end.

Полноправен Член
3 март 2012
72
78
18
сум била крушево ама последното комбе за прилеп било во 7 без 15 а јас забрзана неможев да стасам до автобуска..
со другарка ми се разделивме пред скалите и после надолу сум трчала ама ме нападнале кучиња..јас колку побрзо сум трчала и тие исто уште побрзо..
што значи кога ќе те бркаат кучиња..?
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Убив човек на сон, и после се прашував себеси како ќе заспијам вечерта, со која совест...:frantic(јас несвесна дека сонувам и веќе сум заспана:giggle ). Потоа видов една змија ама од главата до половина беше потенка, а остатокот од опашката беше дебела, многу дебела :frown. Потоа сонував дека сум хранела мали мачиња и едно од нив ме гризна за прст...
Поглупи сонови од моите нема. Ај некој нека ми ги протолкува?
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
сум била крушево ама последното комбе за прилеп било во 7 без 15 а јас забрзана неможев да стасам до автобуска..
со другарка ми се разделивме пред скалите и после надолу сум трчала ама ме нападнале кучиња..јас колку побрзо сум трчала и тие исто уште побрзо..
што значи кога ќе те бркаат кучиња..?
неплатени сметки , ЕВН , Водовод и Т мобајл ке те бркаат...:giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: end.

наташа

Староседелец
3 март 2012
139
115
653
Krusevo
а што значе на сон си станала лезбејка ? или си имала секс со машка особа
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
сум била крушево ама последното комбе за прилеп било во 7 без 15 а јас забрзана неможев да стасам до автобуска..
со другарка ми се разделивме пред скалите и после надолу сум трчала ама ме нападнале кучиња..јас колку побрзо сум трчала и тие исто уште побрзо..
што значи кога ќе те бркаат кучиња..?
колку што знам кога во сон те бркаат кучиња значи дека ќе те 'нападнат' непријатели или лажни пријатели...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: end.