Значи сега испадна дека јас не сум знаел што сакам да кажам, и ти подобро знаеш што јас сум мислел.....
Еве ќе ти повторам: Телемитската симболика е "фреквенцијата" на која или си синхронизиран или не си. Или ти лежи или не ти лежи. Ако таа е "тригерот" поради кој "делчињата од сложувалката" почнат да доаѓаат на своето место, тогаш таа ќе биде алатка со која ќе осознаваш, во спротивно може да биде се и сешто.
Колку убаво звучи,но повторно не одговори на прашањето.
Ако посочениот цитат го отпочнеше со "јас како инициран во о.т.о верувам дека телема е...итн" никој ништо немаше да ти противречи, ниту прашање ќе следеше од моја страна,но да даваш таква смела мисла,а ништо од тоа не си искусил,како што и самиот си кажа дека сеуште преку праксите ги осознаваш симболиките,додека ако ти беше умот во фрекфенција праксите и симболиките ќе извираа од тебе.Ти посочив дека тоа се спротивни насоки.
Такви искази можеш пред огледало да си ги кажуваш.Незнам зошто не признаеш дека тоа беше верување,а не доживување.
1. Воопшто не си се сменил, пак носиш погрешни заклучоци и суд. Од каде знаеш ти што сум искусил, што не сум искусил? Јас не ги темелам моите ставови на верувања, тоа што го кажав се темели на пракса, на работа, на заклучоци донесени врз база на она што го имам осознаено, а не на верувања.
2. Велиш да се држиме до темата а не до соговорникот, а упорно секој твој пост се занимава со мене, дали сум искусил, дали не сум искусил, од кога ме знаеш, од каде ме знаеш..... Да си го примениш сопствениот совет на себеси, што велиш?
P.S. Хептаграм е мој Брат, не ментор.
Abraxas,
Што те кочеше тогаш да одговориш на прашањето со да или не,даде толку големо толкување за телема,а всушност беше шуплив (празен)исказ.
@alf :
Воопшто неточно!
Од 2009 година ти по се изгледа имаш некоја луда идеја да му досадуваш со проповеди на @Abraxas како тој греши во сешто, дури и во неговите знаења базирани на искуства!
Телемит што не го познава Законот на Телема, не може да биде Телемит!
Имавме добри теми за разговор,се бараше себеси,како се пронаоѓа во она или ова,како си ги бранеше неколкуте правила од сатанизмот,интересен муабет,па конечно се најде во средина која го истакнува егото.(инициран)
Колку што се сеќавам и мене ме напнуваше со проповеди (ми личеа на јеховини сведоци измешано со адвентисти и слични христијански философии за гревови и слични гадости)... ама се откажа, по се изгледа
@Abraxas ти е плодна почва за размисли од типот на Хоронзон, премногу ти обрнува внимание! Не знам.
Тоа е тотално анти-Телема човеку!
За гретоа беше човеку,на секој муабет си постираше линк од блогот,само да ти се зголеми бројот на посетители,тоа бројчаникот како да ти беше за правдање како многу си ја раширил телема.
Апостоли на новиот еон,уште заслепени сте во тоа,
вашиот концеп е контрирање на другите верувања и религии,а ниту С од себеосознавање.
Нема што да се враќаш на темава, ти немаш врска со темава, ниту пак некогаш ќе се потрудиш да научиш нешто во врска со истата.
Да не зборуваме за праксата...
Те гледам само како тролаш по темава и зборуваш сешто собрано од старо-еонските религии на умирачките богови, создавајќи свои утопии! Не велам да не градиш такви зданија, само не знам која е потребата да заморуавш Телемит со старо-еонски философии.
Нормално, замешано со малку „мистика“ од суфите, па малку зен... Тоа се тие нови „мистици“...
Сеедно... досадно е веќе.
Или седни научи нешто за Телемата од нашите книги, па прашај ако имаш маки нешто да помогнеме, или оди си во мир и не не заморувај со твоите размисли кои немаат врска со Телема или да не учиш што е Телемата.
П.С. И ете добро ти одговорил @Abraxas - ако не го разбираш јазикот на соговорникот - не е до соговорникот, до тебе е!
Учи ја, практикувај ја, применувај ја свесно Телемата! Нормално, ако си на иста ФРЕКФЕНЦИЈА со Законот на ТЕЛЕМА!
Духовноста не е во книгите,таа е внатре во секој човек,ниту една книга нема да ти каже што има внатре,никој нема да те научи,ниту ќе ти покаже.
Колку што е опасно материјалното исто толку е и духовното,само слабаци кој се препуштат во нејзиното уживање стануваат жртви преку кој ќе се промовира некоја духовност,филозофија или верување,сеедно што е,а тогаш секогаш прво ќе биде филозофијата,наместо поимот човек.
А уште пожално е што оние кој се изгубени го шират и проповедаат тоа.
На право место ќе кажат..
Јас сум христијани
Јас сум јеховин
Јас сум муслиман
Јас сум телемит
Веќе никој не вика јас сум човек,бидејќи го изгубиле тој поимот некаде многу одамна,сега поимот човек е филозофијата,религијата,нацијата,...
Не е до фрекфенциите Хепта,туку до отровот со кој се труе човекот...а тоа е Его,Религија-верување(филозофија) и монета-пари.