Се надевам дека не пречи ако дадам и јас моја размисла иако не е до мене упатено прашањето.@Хептаграм имам едно прашање за тебе...Телемата е претешка тема а нарочито за нас овде обичните читатели и ако ова прашања ти делува смешно и наивно,ти се извинувам одма.Книгата на законот навистина содржи многу Мудрости но и Лудости,па можеш ли да ми кажеш по твое мислење-Дали може Книгата за законот да се употребува за духовна практика?
Телемата има повеќе нивоа, на наједноставното ниво, таа значи да најдеш модел или начин на живот што е во согласност со твојата суштина и да живееш според него, без да им го попречуваш истото на останатите. Ќе се согласиш дека нема ништо тешко ниту комплицирано во ова. Како што човекот напредува во спознавање на себе си и универзумот, така почнува да пронаоѓа нови паралели во симболиката на овој правец.
Симболиката на телемата е како еден вид на фреквенција.....ако умот е синхронизиран со оваа фреквенција, тогаш таа ќе биде алатка за себеспознавање, во спротивно ќе биде само неразбирлив хиероглиф, за некого можеби и лудост а за некого можеби и глупост.