Телема

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
@Хептаграм имам едно прашање за тебе...Телемата е претешка тема а нарочито за нас овде обичните читатели и ако ова прашања ти делува смешно и наивно,ти се извинувам одма.Книгата на законот навистина содржи многу Мудрости но и Лудости,па можеш ли да ми кажеш по твое мислење-Дали може Книгата за законот да се употребува за духовна практика?
Се надевам дека не пречи ако дадам и јас моја размисла иако не е до мене упатено прашањето.
Телемата има повеќе нивоа, на наједноставното ниво, таа значи да најдеш модел или начин на живот што е во согласност со твојата суштина и да живееш според него, без да им го попречуваш истото на останатите. Ќе се согласиш дека нема ништо тешко ниту комплицирано во ова. Како што човекот напредува во спознавање на себе си и универзумот, така почнува да пронаоѓа нови паралели во симболиката на овој правец.
Симболиката на телемата е како еден вид на фреквенција.....ако умот е синхронизиран со оваа фреквенција, тогаш таа ќе биде алатка за себеспознавање, во спротивно ќе биде само неразбирлив хиероглиф, за некого можеби и лудост а за некого можеби и глупост.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
ако умот е синхронизиран со оваа фреквенција, тогаш таа ќе биде алатка за себеспознавање, во спротивно ќе биде само неразбирлив хиероглиф, за некого можеби и лудост а за некого можеби и глупост.

Abraxas ,ова што го напиша, го имаш искусено?
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Abraxas ,ова што го напиша, го имаш искусено?
Не се работи за искуство, туку за начин на кој симболизмот се доживува....начин на кој таа симболика влегува во интеракција со нас и преку неа успеваме да ја разбереме суштината позади неа. Затоа ја споредив со радиофреквенција, ако умот не е на таа фреквенција тогаш ќе гледаме безначајни хиероглифи, лудост или глупост.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

@Abraxas можеби прашањево ќе ти изгледа глупо но морам да прашам,за да биде умот со таа фрекфенција,треба ли прво практикантите да се научат на духовна дисциплина?
 
Не, нема врска со дисциплина, туку со начин на доживување, начин на восприемање. Има луѓе што во драматичноста, церемонијата наоѓаат соодветен начин (фреквенција) која резонира во нив, која ја отсликува суштината. Јас сум таков, за мене ритуалот е начин што во мене го буди Разбирањето.... Но има и луѓе што спиритуалноста ја наоѓаат на сосема спротивен начин, и за нив церемониите, драматичноста, ритуалите се лудост и глупост, бидејќи не се на таа "фреквенција", кај нив поинаков "тригер" е потребен за да го разбуди нивниот систем на осознавање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
За мене искрено кажано,колку повеќе се обидувам да го осознајам мојот внатрешен механизам,толку повеќе се губам во него....колку повеќе се обидувам да живеам како што ми е воља,толку повеќе се оддалечувам од неа....или е кај мене фелерот,или навистина треба многу време за да се постигне сето ова или едноставно не постои апсолутна слободна воља како кај мене а изгледа и кај сите луѓе.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
За мене искрено кажано,колку повеќе се обидувам да го осознајам мојот внатрешен механизам,толку повеќе се губам во него....колку повеќе се обидувам да живеам како што ми е воља,толку повеќе се оддалечувам од неа....или е кај мене фелерот,или навистина треба многу време за да се постигне сето ова или едноставно не постои апсолутна слободна воља како кај мене а изгледа и кај сите луѓе.
За да живееш како што ти е волја, треба првин да допреш до неа. А волјата, чистата - вистинска волја не е загадена со цел, ниту со страст за резултат. Да живееш како што ти е волја, значи да се спознаеш себе си, да допреш до сржта на твоето битие и да го согледаш неговиот динамички аспект.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Не се работи за искуство, туку за начин на кој симболизмот се доживува....начин на кој таа симболика влегува во интеракција со нас и преку неа успеваме да ја разбереме суштината позади неа. Затоа ја споредив со радиофреквенција, ако умот не е на таа фреквенција тогаш ќе гледаме безначајни хиероглифи, лудост или глупост.
Abraxas,
Едно е како се доживува симболизмот,а друго е умот да биде сихронизиран со таа фрекфенција од каде што ќе произлезе симболика,бидејќи непостои поинаков начин да се опише!
Мислам дека ти е јасно дека се работи за спротивни правци.
Да се вратиме на првото прашање!

ако умот е синхронизиран со оваа фреквенција,тогаш таа ќе биде алатка за себеспознавање, во спротивно ќе биде само неразбирлив хиероглиф, за некого можеби и лудост а за некого можеби и глупост.

Abraxas ,ова што го напиша, го имаш искусено?
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Abraxas,
Едно е како се доживува симболизмот,а друго е умот да биде сихронизиран со таа фрекфенција од каде што ќе произлезе симболика,бидејќи непостои поинаков начин да се опише!
Мислам дека ти е јасно дека се работи за спротивни правци.
Да се вратиме на првото прашање!
Тоа што сакам да го кажам е дека постојат различни "тригери" со чија помош се активира осознавањето, "деловите од сложувалката" го наоѓаат своето место и "сликата" станува јасна. Ако симболиката е тој "тригер", тогаш умот е на фреквенција на која е и пораката во таа симболика, во спротивно истата ќе биде доживеана како лудост, глупост или бесмисленост.
Ако телемата не е тој " тригер", таа "фреквенција" што кај тебе ќе го разбуди Разбирањето за твојата суштина, тогаш во неа ќе гледаш низ призмата на твоето неразбирање, и ако не си способен да го согледаш тоа, ќе ги убедуваш и другите дека треба да го видат истотото што и ти.
 
Последна промена:

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
@Abraxas, сигурно имаш избор на фреквенции: 11, 31, 56,65, 93, 111, 156, 220, 333, 418, 666, 718 :D
Кои се сепак една! :)
Се така ми стои работава...
И нормално, секогаш свртен кон „името на твојата куќата 418“ :)
Се мислам дека @alf нема да те разбере или ќе се прави дека не разбира, прашувајќи сешто - далеку од темата за Телема и философијата на Новиот еон.

@alf , бидејќи си старо-еонски расположен:
“…Ye shall be free.
Ah, slaves! ye will not—ye know not how to will.”
--- Liber VII:37-38

Уживај ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas