Телема

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ајај,ало дечки,не ве разбирам навистина,форумов го направивте арена за препукување,навреди,плукање,и тоа кога ќе дојде тема Телема или Тао.Толку сте умни и преполни со знаење од сите овие филозофии,религии...наместо да не подучите нешто бидејќки и нема тука членови кои ги разбираат овие прекрасни слабо дискутирани и се уште непознати теми(а двете се стари со постоење)јас сум дудук а сакам навистина нешто да осознам,ама вака со вас ...Таоизмот бара свој пат,како велат,пронајди го својот пат кон природата....телемата ја бара својата слободна воља......Ајде да ве прашам во што е разликата меѓу овие две филозофии?Сите имаме емоции и не треба да ги потиснуваме оти ќе станеме нестабилни,ама треба да ги контролираме,оти секое вреѓање на туѓа вера во корист на своја е исто како да ја газиш и твојата вера.Ај да не блебечам уште,Ќе ве молам само ако не ви претставува мака,да ми кажете има ли разлики?
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
...Таоизмот бара свој пат,како велат,пронајди го својот пат кон природата....телемата ја бара својата слободна воља......Ајде да ве прашам во што е разликата меѓу овие две филозофии?Сите имаме емоции и не треба да ги потиснуваме оти ќе станеме нестабилни,ама треба да ги контролираме,оти секое вреѓање на туѓа вера во корист на своја е исто како да ја газиш и твојата вера.Ај да не блебечам уште,Ќе ве молам само ако не ви претставува мака,да ми кажете има ли разлики?
Не слободната волја, туку чистата - вистинска волја. Таа е исто што и Тао, динамичкиот аспект на битието, суштината, предодреденоста. Волјата во телемата е "орбитатата" по која патуваме во бесконечните пространства на Нуит.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Една религија не може да биде навредена. Може да се навреди само верникот, според неговото разбирање. А кој како разбира, е негова работа.
Јас немам намера да глумам (како христијаните и муслиманите) дека се сложувам со религиите кои велат за човекот дека е „беден по дух“, дека е грешен, дека го следува некаква казна за тоа што е, дека секој е неверник ако не верува токму во тој и тој бог... Не можам јас така.
Тоа го оставам на другите...

Во врска со Тао и Телема!

„First, there are many and diverse conditions of life upon this earth. In all of these is some seed of sorrow. Who can escape from sickness and from old age and from death?
We are come to save our fellows from these things. For there is a life intense with knowledge and extreme bliss which is untouched by any of them.
To this life we attain even here and now. The adepts, the servants of V.V.V.V.V., have attained thereunto.
It is impossible to tell you of the splendours of that to which they have attained.
Little by little, as your eyes grow stronger, will we unveil to you the ineffable glory of the Path of the Adepts, and its nameless goal.“ - Liber X

Таоисмот и Телема се многу слични ( Кроули преку неговото заморување со источните учења, знаењето добиено како иницијант и адепт во тајните друштва, успева да создаде еден систем на Земјата, каде што покажа дека една вистина е скриена преку различни симболи, на различни места во различно време).
Таоистичкото „не-дејствување“ е многу слично со стихот од „Книгата на Законот“, I:44 кој што гласи: За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултат, секој пат е совршен.

Поимот Тао денес може да се разгледува и преку Кабалата... само треба работа, учење и пракса.

Законот на Телема е предаван на луѓето многупати до сега, по се изгледа. И повторно кога ќе дојде време ќе биде предаден на друг јазик, со други симболи и нови искушенија да се надминат од страна на Човештвото.


Моето досегашно искуство и знаење ми покажало дека Телемата ги обединува расцепканите учења, философии и пракси во едно - покажувајќи дека иако светлината тука на Земјата е поделена на многу нијанси - таа е сепак Една!
Расцепкана е заради: злобата на некои поединци кои би владееле во пеколот, отколку да Служат на Човештвото или пак заради моменталното разбирање на поединецот кој што сака да спознава.


За вториот има спас: треба да работи и да надминува!
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Ме интересира дали во Телемата се спомнува или постои поимот сродна или дуална душа??
Ако волјата на една личност ја надополнува волјата на друга, тогаш може да се смета дека тие две индивидуи се сродни души.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ме интересира дали во Телемата се спомнува или постои поимот сродна или дуална душа??
Прво: „Почитувајќи го концептот на индивидуална душа, Телемата ја следи традиционалната Херметика во доктрината дека секој човек поседува душа или „Светлосно Тело„ поставена во вид на фолии или обвивки околу физичкото тело.“ - Теологија на Телемата
Второ: мора да се знаат и разбираат „деловите“ на душата за да се разбере поимот „сродна“ душа и што би значело тоа на секое суптилно ниво, и дали тоа го има во највнатрешната суштина на човекот: да бара сродна душа, која ќе го надополнува, како да е нецелосна суштина!
Дискутабилно... :)

Јас не го делам мислењето на @Abraxas дека „сродна душа“ има врска со чистата волја... :)

Тука има за деловите на душата, земени од табелите во Liber 777.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Колку можев да разберам,мислам дека нема во телемата сродна душа,туку секој си е сам за себе уникатен,посебен,своја звезда.Е сега за вољата ако збориме и тука пак ке речам дека не постои слободна воља и да ја дефинирам(по мое мислење)дека воља е љубов во акција или желба,сродните души ке се надополнуваат со своите слични желби.За да профункционира вољата треба да се има мотив,желба,така да две особи со слични мотиви и желби ке функционираат како реката и нејзиното корито.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Таоизмот бара свој пат,како велат,пронајди го својот пат кон природата....телемата ја бара својата слободна воља......Ајде да ве прашам во што е разликата меѓу овие две филозофии?
Има разлики.
Тао е состојба на умот со свст,додека телема е состојба на умот при транс.
Тао не делува со сила, дури и ќе прифати пораз разбран според човечко сваќање,додека телема не прифаќа пораз.
Патот до Тао е со празнење и отфрлање додека не се дојде до потполна тишина(празнина),а телема е со исполнување и искусување на с'е,додека не се изгуби желбата,со што се симилира празнина,преку која се воспоставува допир со боженсветното.
Тао делува и без дејствување,зато не и требаат промотори,додека во телема мора да се движите,да дејствувате,па од тука и промоторите се неопходни.

Уште при самото прелистување на книгите кој ги преставуваат овие две филозофии се приметува мекоста на тао,а дрскоста на телема,но и едното и другото преставуваат сила.
Без разлика што тао го прикажав бело ,а телема црно,не го препорачувам да биде следено.

п.с.зборувам од неутрална позиција
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja