@Abraxas добро ти одговорил во повеќе наврати...
Законот на Телема не е само за Волјата кај човекот !
Како гласи Законот? Знаеш нели? Реши ги двете равенки од Законот и ете ти како Волјата за која зборуваме е ослободена и засилена преку овој Закон!
Ти си за старо-еонскиот закон - нормално е да не се разбираме и да не го сакаш новиот закон на новите луѓе... нема ништо лошо во тоа, но обиди се да не разбереш.
Секој би требало да има слободна волја, но не секој има чиста волја, неослабната од страста за резултат...
Како може Црните да имаат чиста волја, кога велат: Нека не биде мојата, ами твојата волја, Татко?
Ќе ми речеш дека тогаш тие се едно со божественото и нивната и божествената волја се едно?
Ако е така - ете не на патеката на Законот за кој се обидувам да зборувам по нешто, колку што ми е дозволено
Погледнете ги нашите книги (кај мене на блог има листа со линкови дури, за да не се мачите да барате) и види!
„Но вие, о мој народе, дигнете се и разбудете се!“ -
Liber AL, Поглавје II:34
Не е воопшто паметно да се зборува, а да не се знае философијата - праксите и искушенијата се друга сказна, небитни за вас...
За да го критикуваш Законот позитивно или негативно, за да ги разбереш симболите, не ти требаат овие размисли тука... мора да се прочита оригиналната мисла за да пресуди човек правилно. Овде што зборуваме се работи кои јас сум ги разбрал како што сум умеел минувајќи го мојот пат...
Ти сигурно имаш можност подобро да ги разбереш во сооднос на твоето искуство... затоа не е на одмет да се прочита некоја книга (ги има на македонски јазик) и да се запознае човек... потоа ако ти е волја, отфрли го Законот и тоа е тоа. Барем ќе бидеш на чисто