Телема

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Имам прашање за @Abraxas да ми објасни за-од книгата на законот-поглавје 2 9.Постоењето е чиста радост,дека сите таги се само сенки,тие поминуваат и завршуваат,но постои нешто што останува.-Јас те прашувам што останува? 21.Сочувството е порок на кралевите,згази ги бедните и слабите,тоа е закон на силните. Не е ли ова одвратно и бедно,зашто мораме да ги газиме,па нели се и тие звезди,богови сами на себе како и ние?
Книгата на Законот не е наменета да се толкува на други, секој треба сам да ја разбере на свој уникатен начин. Толкувањето е забрането и оние кои го прават тоа е препорачано да бидат игнорирани и избегнувани.
Би ти ја препорачал: "Законот е за сите" книга која е коментар на Кроули и во која дава објаснувања за законот што се наменети генерално за сите, како што и насловот кажува.
Јас само би ти посочил дека не треба да се толкува буквално кажаното во тој текст, затоа и постои Liber Oz каде се наведени правата на секој човек, така да многу е јасно дека буквално газење на дру човек што е послаб од тебе е погрешно разбрана порака од таа книга.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

Не ја задоволи мојата радозналост до крај и повторно ке те замолам,ете твоето лично толкување за 9.постоењето...........А што останува? обиди се,баш ме интересира твоето мислење,немој да ми кажеш сега и дека не смееш да го изнесеш.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Не би било мудро да расправа за тоа... :)
Не треба да задоволуваме радозналост ....

И да, не смее - бидејќи се мислам дека тоа што ќе одговори @Abraxas ќе го сметате за единствено вистинско значење на тој стих :)

Читај ја „Книгата на Законот“ и секој стих пробај да го сфатиш како порака наменета за тебе... пробај да разбереш колку што можеш подобро. За тоа ти треба изучување на системот за да се запознаеш со симболиката и начинот на комуникација на Мајсторите со човештвото... :)
 
Форумов нели е за тоа,да размениме мислења,да не се убедуваме ниту да наметнуваме мислења.Не ја сфаќам логиката ако си отворил тема за Телема сега да несакаш да објасниш.Мене ми треба знаење колку ете ако се најдам во моабет да имам две реченици да врзам,а јас како ке размислувам и кое мислење ке го прифатам останува пак на мене.Книгата на законот ке ја читам ама нетолку студиозно,него само од радозналост.Јас се знам себе доволно и допрва не можам да се менувам,а ниту сакам.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Форумов нели е за тоа,да размениме мислења,да не се убедуваме ниту да наметнуваме мислења.Не ја сфаќам логиката ако си отворил тема за Телема сега да несакаш да објасниш.Мене ми треба знаење колку ете ако се најдам во моабет да имам две реченици да врзам,а јас како ке размислувам и кое мислење ке го прифатам останува пак на мене.Книгата на законот ке ја читам ама нетолку студиозно,него само од радозналост.Јас се знам себе доволно и допрва не можам да се менувам,а ниту сакам.
Нема што да бараш логика... сакаш да ти се толкува Законот, а ти е кажано дека нема да добиеш одговор на тоа: што значи овој и овој стих...
Нема да се толкува „Книгата на Законот“ од нас. Тоа е...

Секој различно ја разбира, секој различно практично ја применува...
Што, ќе креваме врева со нашите разбирања на Законот? Така ќе се роди догма... и ништо од разноликоста на Законот !
Оди дејствувај според Законот и види од што си направена... :)
Никој не бара од тебе да се менуваш за било што или било кој, од каде ова сега?
Телемата не е за да се менува некој - ами да се спознава!

П.С. Ако ти треба знаење „за да поврзеш“ две реченици во муабет... причитај некоја книга за: кабала, магика, јога, западна езотерија и ете ти, ќе знаеш да поврзеш :)
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Не ја задоволи мојата радозналост до крај и повторно ке те замолам,ете твоето лично толкување за 9.постоењето...........А што останува? обиди се,баш ме интересира твоето мислење,немој да ми кажеш сега и дека не смееш да го изнесеш.
Толкувањата раѓаат догми а догмите се уништувач на Вистината. Книгата на Законот е забрането да се толкува, треба самата да пронајдеш поврзаност помеѓу твоето разбирање за божественото и овој текст. Единствено можам да ти кажам дека не треба да се толкува буквално, и дека е мудро да ја имаш во обзир Liber Oz, кога ќе ја читаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
10473455_806821239330619_3723897065687759685_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ако може некој од брача да ми објасни нешто:
Како стигнавте до интерпретација 0=2 на ова [0 = (+1) + (-1) «=» |+1| + |-1| = 2]? (ова прелистував прегеска низ темава и сретнав некаде, мислам дека абраксас имаше пишано 0=2)

Постапно, 0 = (+1) + (-1) и |+1| + |-1| = 2. Ама како добивте дека 0 = 2? Духовна логика?
0 = (+1) + (-1) «=» |+1| + |-1| = 2: 0=1-1 ако и само ако збирот на апсолутните од 1 и -1 е 2? Еве јас по таа логика пишувам друг исказ што вика вака:
0 = (+8) + (-8) ⊕ |+8| + |-8| = 32
Интерпретација е дека 0 = 32? (духовната логика сеуште не ми е смислена, ќе ја смислам друг пат).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Многу лоши информации најдов денес,интересно е кај човекот што лошите работи побрзо ги памети од добрите.После завршување на ратот А.Кроули бил 6 год.во затвор поради извршени силувања внатре во редот.Освен силувања се спомнуваат брутални ритуали на црна магија,пиење на менструална крв,пиење на сперма,дури и убивање на животни и деца.Во филозофијата на телема стои објаснување дека треба да се конзумира спермата и крвта,оти тоа било човечки биолошки материјал која дава сила.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
0 = (+8) + (-8) ⊕ |+8| + |-8| = 32
Интерпретација е дека 0 = 32? (духовната логика сеуште не ми е смислена, ќе ја смислам друг пат).
Духовна логика... хм :)
Момче, ми даде идеја за тезата што ја пишувам за Чет (буква од еврејскиот алефбет) чија бројна вредност е 8 , Зборот на Еонот и 32-те патеки на Дрвото на Животот !!!
Феноменално... Благодарам...
Не знам како дојде со XOR до 32... бинарно? :)

А за 0=2 - тоа мислам дека се кабалистички иследувања на еврејското Ништо или Аин, од кое настанало Се според некои философии од истокот, дури и самата дуапност која ја опфаќа свесноста кај човекот која е и причина за таа двојка во равенството.
Кинезите го решавале ова преку философиите на јин и јанг, кои ги прошириле преку осумте триграми до 64 !!! Ете ти пак ова твоето 8 :)
Ќе оставам @Abraxas ако сака да се позанимава со ова... дали ќе му се објаснува...
П.С. 0 како Ништо секако е 32 :) Ако си се позанимавал со еврејските езотериски школи... само многу долга „математика“ е тоа за решавање и докажување. Премногу е тоа за овој скромен форум...
Кај ги наоѓаш информациите... не да се лоши информациите, гнасни се до бесвест !!!
Мене ме мрзи да се заморувам со вакви информации и да те поправам :)
Се опседна со Кроули ти, не со изучување на Телемата...
 
Последна промена: