Телема

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,870
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Болескин конечно се крева од пепелта... иако злобни луѓе два пати се обидоа да ја запалат и уништат до корен, ете се најдоа луѓе кои сепак сакаат и можат да го одржат местото ако ништо друго, како еден препознатлив дел од историјата на Шкотска!
Забораваат дека си имаат работа со Телемити и дека кога нешто убаво и полезно ќе се намисли - мора да се заврши, а помошта доаѓа од секаде, кога треба и со сила каква што треба! :)

„Биди спремен да побегнеш или да удриш.
Но твоето свето место ќе биде негибнато низ вековите: иако со оган и меч ќе биде спалено и разурнато, сепак таму невидлива куќа стои, и ќе стои сè до падот на Големиот Еквинокс; кога Хрумакис ќе се воздигне и тој со двојниот стап ќе го преземе мојот трон и место. Друг пророк ќе се воздигне, и ќе донесе свежа треска од небесата; друга жена ќе ја разбуди страста и обожувањето на Змијата; друга душа на Бога и на Ѕверот ќе се смешаат во свештеникот на глобусот; друга жртва ќе ја извалка гробницата; друг крал ќе владее; и благослов нема веќе да се излева Кон Сокологлавиот мистичен Господ!“
- Книга на Законот, III:33-34

 
  • Like
Реакции: Abraxas

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
791
1,133
40
www.oto-mk.net
Цело време користам цитати од ваши книги..како она рецептот за колачињата замесени во крв и некоја сомнителна супстанца, ваш член убива извикувајќи дека е Алистер Кроули, од ваши форуми постирам како членовите прашуваат како и до кој степен да го дркаат за да паднат во транс и да си поразговараат со ангелот чувар, а тоа го класифицираш во лага..чудно како вода во ушите да имаш.
Кога веќе сум етикетиран како ,,копи паст" да си ја заслужам титулата:

Иако ова што ќе го напишам многу пати е објаснувано, сметам дека одвреме навреме треба да се повтори, со цел да се освежи меморијата на злобниците и хејтерите што киснат на темава. Низ сите овие години, се провлекува еден ист обид од страна на хејтерите на Телемата за нејзина дискредитација. Овој обид има многу форми, но една суштина, да се земе одреден пример на поединец или група кој ќе предизвика гадење, револт или несогласување со етичките или морални кодекси на мнозинството и истиот се прикажува како карактеристика и модел за однесување за сите Телемити.
Таков беше обидот со постирање клевети дека Телемитите користат дрога, дека прават оргии итн, итн.

Причината зошто некој намерно или ненамерно користи одреден пример на поединец или група како модел за цел колектив е суштината на тоа по што се разликува стариот од новиот еон. Еонот на Озирис и на умирачките богови е период каде религијата одредува сет на правила и истите се мандаторни за сите. Па така на пример ако некој се декларира како муслиман и не јаде свинско, а останатите муслимани не негираат дека тој е муслиман, тогаш тоа значи дека сите муслимани не јадат свинско. Истото важи и за останатите религии од еонот на Озирис( не за свинското, туку за правилото за дозволиво и недозволиво).
Кај Телемата разликата е суштински спротивна. Самиот збор Телема значи волја и таа е дефинирана како динамички аспект на битието. Тоа значи дека нормите, правилата, моралот, не доаѓаат од надворешен авторитет, туку од внатрешен, од самото битие на секој маж и секоја жена.
Дали тогаш ако некој каже дека прави оргии и е Телемит, а јас не негирам дека е Телемит, тоа значи дека и јас практикувам оргии бидејќи и самиот се декларирам како Телемит? Секако дека не, бидејќи Човекот не е машина, не е создаден на фабричка лента, живо битие е и е уникатен во однос на другите луѓе. Тоа што за мене може да биде вистински пат, за некој друг може да биде ќорсокак и обратно. Ние ја препознаваме суштинската грешка на религиите од стариот еон, а тоа е дека Човекот не е машина, не можат сите да живеат на ист начин од проста причина што не се сите исти. Секој има своја суштина, предодреденост - Волја, што е уникатна за него и само за него. И тука обично доаѓа прашањето: ,,Што ако некому му е волја да те убие?" Одговорот е многу едноставен - Ако не се работи за самоодбрана или акт против тиранија, тогаш тоа не е чиста - вистинска волја.
 
Последна промена:

-alf-

Староседелец
28 август 2015
314
126
1,053
88
Не може "да се најде Царевата ќерка" на ниеден друг начин освен на начинот на Витезот-Скитник или Големата Будала - Патот на Орелот на Воздухот - чиј Свет Број е Света Нула.

Мали есеи за Вистината:pusi
 
  • Like
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,870
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не може "да се најде Царевата ќерка" на ниеден друг начин освен на начинот на Витезот-Скитник или Големата Будала - Патот на Орелот на Воздухот - чиј Свет Број е Света Нула.

Мали есеи за Вистината:pusi
ATU 0 or The Fool

This card is attributed to the letter Aleph, which means an Ox, but by its shape the Hebrew letter (so it is said) represents a plough- share; thus the significance is primarily Phallic. It is the first of the three Mother letters, Aleph, Mem, and Shin, which correspond in various interwoven fashions with all the triads that occur in these cards, notably Fire, Water, Air; Father, Mother, Son; Sulphur, Salt, Mercury; Rajas, Sattvas and Tamas.

The really important feature of this card is that its number should be 0. It represents therefore the Negative above the Tree of Life, the source of all things. It is the Qabalistic Zero. It is the equation of the Universe, the initial and final balance of the opposites; Air, in this card, therefore quintessentially means a vacuum"
- Книга на Тот, А. Кроули, големиот Магус :)

Исто во овој мој есеј за Вилијам Блејк (кој што е прогласен за светец во E.G.C.) се зборува за елементите кои што несакајќи уште Блејк преку неговите визии ги предвидува, многу пред 1904-та :)

Исто така и Парсифал е добро да се слушне и разбере од Рихард Вагнер, ако сака да се малку погледне зад превезот на витештвото и „Чистата Будала“.

Има уште, многу покомплексни врски и симболи поврзани со самата иницијација во Новиот Еон, но ова е доволно за почетник да почне да ги разбира или барем малку од малку одгатнува симболите од каде доаѓаат и кон што би покажувале.

Сега, почнете да учите. ;)
 
Последна промена:

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,870
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

„ТЕЛЕМА – од грчкото θέλημα чија бројна вредност е 93 ( да имаш волја, purpose во ЖИВОТОТ) се заморува со ЖИВОТОТ!

Ако ја проучите „Книгата на Законот“, заедно со Коментарите на истата – ќе најдете многу за ЖИВОТОТ! И повеќе од тоа…

Големиот старо-еонски страв од СМРТТА изграден врз незнаење и немање искуство ниту волја за ЖИВОТ – создаде догма која не научи никој како да живее, туку само да се надева и верува!!


Философијата на ТЕЛЕМА учи за ЖИВОТОТ како НЕПРЕКИНАТОСТ!

Мислам дека нема потреба да Ви ја прераскажувам „Книгата на Законот“ и другите книги од Класа А кои се сметаат за Свети книги во Телема! “

- За Телема, Новиот Еон, Сонцето и спротивставеностите

П.С.
Пред повеќе од 2 децении еден мој пријател ми предложи „Книгата на Законот“ да ја читам како порака за мене! И како само јас можам да ги одгатнам пораките дадени таму за мојот живот, моето разбирање, мојата причина на Земјата. :)
 
  • Like
Реакции: Abraxas