Таоизам

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Премногу преводи на преводите со дообјаснување од некои, води до кривоверство и неразбирање - заради лоши преводи и незнаење на преведувачите! :)
Истиот стих преведен од друг, дава подруго светло.


Од преводот што ти го преведе на македонски, се добива впечаток луѓето да избегнуваат самите искушенија, затоа го додадов мислењето за искушенијата. Не вади делови од размислите на Лао Це, тоа ти е како да почнеш басна од Толстој и да ја прекинеш на сред муабет кога збори лисицата.
Светлото го дава душата преку која поминуваат зборовите,јас не дадов толкување,дадов превод на македонски,а оној кој нема основа ќе фрли светло на тоа што му сака душата да протолкува,за да си даде себеси оправување дека тоа што го следи и прави дека е исправно.
Текстот е тој,како сакаш така протолкувај го,тоа е твое и секој кој ќе прочита нека си фрли светло преку својата душа како го разбира,а не како некој му го осветлува патот.

Искушенијата се различни за секој,но со една цел за сите.
Се додека постојат зборови и цитати кој ќе му ја поделат душата на човекот фрлајќи светло на едно,а темно да друго истите треба да ги надмине.Печката во кој се искушенијата се разгорува од огинот на душата и секому му се дава според силата,додека не изгорат емоциите,станувајќи безумен-празен.Тоа му доаѓа како повторно раѓање.
Сите филозофии и религии всушнос ја опишуваат и се стремат кон смртта објаснувајќи ја со различни зборови и изворот до кој ќе се дојде со нејзино вкусување.Секогаш исто,само со различни цитати,зборови.
Тао како филозофија на живеење ги сузбива тие две спротивности каде знаењето и празнината доаѓаат во меѓусебна пресметка,но сепак ги задржува во целина,а помеѓу нив се емоциите, најдобро ги објаснува со следниот цитат.

Од глина се обликуваат садовите,
но празнината во него е тоа што го прави корисен.
Од ѕидови во кој се врати и прозорци се состои куќа,
но празнината внатре ја чини корисна.

Така,
Од постоечкото се одредува изглед,
а од непостоечкото се стекнува корис.


Така да,ако во човек читајќи од такви книги се случува поделба на светло и темно,добро и лошо секогаш постои избор погрешно да се протолкува и да се завземе страна на вистина,како што е во последната реченица,каде користа која се стекнува од празното некој ќе ја разбере како лична корист.:)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Одлично :)

Сега прочитај ја целата тема до тука :)
Добра книга ќе бидне, со неколку заплети ;)
Тао - ниту еден кој што не е запознаен со праксите на истокот - не знае на каде ќе сврти ништото за да стане нешто!
Исто како кај евреите... Тао е само навестување за Трите превези на Ништото :)
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Одлично :)

Сега прочитај ја целата тема до тука :)
Добра книга ќе бидне, со неколку заплети ;)
Тао - ниту еден кој што не е запознаен со праксите на истокот - не знае на каде ќе сврти ништото за да стане нешто!
Исто како кај евреите... Тао е само навестување за Трите превези на Ништото :)
Браво.
Уште истото да го искусиш ти остана.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Браво.
Уште истото да го искусиш ти остана.
Секогаш знаеш да пресудиш за другите соговорници што искусиле што не... интересно. И нормално да им кажеш како тие ништо не искусиле и ништо од нивното искуство не е точно :)
Стандард метод на форумите македонски - сите просветлени од Источните па до Западните мистерии, сите поучуваат други и им кажуваат што треба да направат или што не направиле и каде грешат... :)
Тао во Р.М. има навистина премногу варијации!

Со ова напишаното некако, каде се поставуваш ти самиот според твојата природа?
Муабетите и фислофирањата за Тао и философијата на Тао, само на зборови ќе останат или...?
Секако, продолжи како ти е волја ...

П.С.

„Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе?“ -Liber XXX
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Секогаш знаеш да пресудиш за другите соговорници што искусиле што не... интересно. И нормално да им кажеш како тие ништо не искусиле и ништо од нивното искуство не е точно :)
Иако не си ти темата,мал исклучок ќе направам.
Многу лесно проценив,а не те осудив дали имаш или немаш искусено.Твоите постови те издаваат,бидејќи во нив се застапени само машки особини,женскиот нигде го нема.Набилдан со знаење,оштар и тврд во зборовите и самоуверен типични особини за машко.
Но оние кој искусиле,за жал за нив од книги само читаш,се затапени и двете особини.
И ќе ти повторам пак,НЕМАШ искусено ,ниту знаеш какво е тоа,можеш само да наѓагаш и да користиш зборови од оние кој искусиле.:)
Стандард метод на форумите македонски - сите просветлени од Источните па до Западните мистерии, сите поучуваат други и им кажуваат што треба да направат или што не направиле и каде грешат... :)
Тао во Р.М. има навистина премногу варијации!

Со ова напишаното некако, каде се поставуваш ти самиот според твојата природа?
Муабетите и фислофирањата за Тао и философијата на Тао, само на зборови ќе останат или...?
Секако, продолжи како ти е волја ..
Во ниту една филозофија не се ставам,Тао е лесен за читање и разбирање барем за мене,добро е што не практикува некој ритуали и нема хиерархија во која би се истакнувал некој.Цитатите се составени како гатанки,со секојдневни споредби од човековиот живот,па не треба кој знае колку човек да бара и итражува,доволно е тоа што секојдневно го доживува.

Мек и попустлив роден е така човек.
Мртов човек е крут и тврд.

Меки и попустливи се билките.
По смртта се крути и тврди.

Па сопред тоа,крутоста и тврдоста ја следат смртта.
Мекоста и пропустливоста го следат животот.

Армија која не попушта ќе ја загуби битката.
Круто дрво ќе се скрши на ветер.

Крутото и тврдото се доле.
Мекото и попустливото се горе.;)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Како што читам насекаде по форумите, таоизмот го преставуваат некако, романтично, мистично, завиткано со параболи кои имаат многу тешко значење, нешто слично на Ошовски муабети :)
Tao Te Чинг e таква, поезија и сите таму прибегуваат и философираат :) ВО философирањето секој е во право, нели.
Сите се Владетели на своите кралства! Нема повеќе робови! Се додека не почнат да напаѓаат туѓи тврдини и настанува хаос бидејќи не ја читале Уметноста на Војувањето!
Секој сака да војува! Дали по форуми, дали на работа, дали во животот - секој сака да се надминува - тоа е тао или јас како телемит што велам: Волја да се прошири сопствениот универзум до бескрајни граници! Како вода бре, што велат во Тао Те Чинг :)

Јас поеќе го сакам таоизмот да е „по крвав“. Практичен! Без многу изливи на „мудрости“ во стилот: ако сакаш да пораснеш, мора да видиш како е да си мал! За да бидеш над сите, измиј им ги нозете на сите и ќе бидеш прв! Такви гимнастики од зборови, има премногу - во пракса луѓето едвај се поздравуваат со тие што ги одминуваат на улица не пак нозе и раце и слично замивање!!!

Мене ми се допаѓа на пример како што е дадено во „Art of War“! Тој таоизам ми е ... бомбона! :)
За Тао Те Чинг и Уметноста на Војувањето е дадена следната „разлика“:

The chief difference between the Dao De Ching and the Sun Zi is that the former focuses on how to use a wuwei (nonaction) approach to rule a state, whereas the latter concentrates on applying a similar attitude towards the prosecution of war.
Thus, the Dao de jing is a manual for the wuwei minded ruler and the Sun Zi is a handbook for the wuwei minded general.


И за крај еден цитат, како се управува, од Уметноста на Војувањето :

Sun Tzu said: The control of a large force is the same principle as the control of a few men: it is merely a question of dividing up their numbers.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Да зачекориш во животот значи да почнеш да умираш.
Три од десет се робови на желбата за живот.
Три од десет се робови на стравот од смртта.
Три од десет сакаат да го продолжат животот.
Но,сепак се ограничени во помислата што преставува смртта.
Зошто?
Бидејќи се држат за овој живот.

Но,еден кој знае да го живее животот.
Оди кроз животот без да се плаши од носорог или тигар.
Поминува кроз бојно поле,но оружјето не може да го повреди.
Рогот на носорогот за него нема снага,
канџите на тигарот не му можат ништо.
Војничкото оружје не може да го прободе.
Зошто?
Бидејќи живее надвор од овој живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Нешто од Тао и Зен,
извадок од
~ Nisargadatta Maharaj ~
Excerpts from "I Am That"

Да се знаеш себеси,биди ти.
Да бидеш ти,престани да замислуваш
дека си ова или она.
Само биди ти.
Пушти твојата природа да влијае со тебе.
Не го уништувај умот со барање.
Не постои ништо слично на личноста,
постојат само ограничувања и ограничувања.
Збирот на истите дефинира лице.
Да излегуваме и проповедаме некакви концепти е многу лесно,тешко е да се ослободиме од тие концепти.
Тивок ум е се што ни е потребно.
Самосвесноста влијае на промените на умот.
Во светлината на самосвесноста се буди внатрешната енергија и работи без да влијаеме на неа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Umpuranche

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
„Follow the wheel of life; follow the wheel of duty to race and kin, to friend and foe, and close thy mind to pleasures as to pain.
Exhaust the law of Karmic retribution. Gain Siddhis for thy future birth.
If Sun thou canst not be, then be the humble planet.
Aye, if thou art debarred from flaming like the noonday Sun upon the snow-capped mount of purity eternal,
then choose, O Neophyte, a humbler course.“ - Liber LXXI ( Хелена П. Блаватска), Кроули ја сметал за иницијант во A.'.A.'. (малку инфо за вас, да знаете).
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Хептаграм и останатите што цитирате телемитски содржини, си имате посеба тема за тоа, не ја мешајте овде.
Според правилата на фоумов, македонскиот јазик е официјален, така да, обидете се да преведете нешто од англиски, или барем да го објасните истото со свои зборови, за оние кои немаат познавање од јазикот, да знаат за што отприлика се работи.
Некако ја крпите темава доволно за да не се бришат мислењата, ама наредно скршнување ќе морам и да казнувам. Не иде што не иде.
Umpuranche, потруди се да не ги болдираш текстовите и да не ги пишуваш во различни бои. Кој сака да прочита, ќе си прочита и вака ако го интересира, кого не го интересира, и со фонт 50ка да е мислењето, ќе го скролне.

Ајде дечки, малце поозбилно. Јас освен цитати со кои си ги докажувате личните убедувања, друго ретко и да гледам.
Еве да речеме, има ли некои рестрикции, нешто како што се заповедите во Библијата? Или еве, не сум нешто запознаена толку, ама сум читала дека има интересни стари верувања за реинкарнацијата на душата која после смртта се дели на два дела - Хан и По, па ако некој знае повеќе, нека повели. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Umpuranche