Светлото го дава душата преку која поминуваат зборовите,јас не дадов толкување,дадов превод на македонски,а оној кој нема основа ќе фрли светло на тоа што му сака душата да протолкува,за да си даде себеси оправување дека тоа што го следи и прави дека е исправно.Премногу преводи на преводите со дообјаснување од некои, води до кривоверство и неразбирање - заради лоши преводи и незнаење на преведувачите!
Истиот стих преведен од друг, дава подруго светло.
Од преводот што ти го преведе на македонски, се добива впечаток луѓето да избегнуваат самите искушенија, затоа го додадов мислењето за искушенијата. Не вади делови од размислите на Лао Це, тоа ти е како да почнеш басна од Толстој и да ја прекинеш на сред муабет кога збори лисицата.
Текстот е тој,како сакаш така протолкувај го,тоа е твое и секој кој ќе прочита нека си фрли светло преку својата душа како го разбира,а не како некој му го осветлува патот.
Искушенијата се различни за секој,но со една цел за сите.
Се додека постојат зборови и цитати кој ќе му ја поделат душата на човекот фрлајќи светло на едно,а темно да друго истите треба да ги надмине.Печката во кој се искушенијата се разгорува од огинот на душата и секому му се дава според силата,додека не изгорат емоциите,станувајќи безумен-празен.Тоа му доаѓа како повторно раѓање.
Сите филозофии и религии всушнос ја опишуваат и се стремат кон смртта објаснувајќи ја со различни зборови и изворот до кој ќе се дојде со нејзино вкусување.Секогаш исто,само со различни цитати,зборови.
Тао како филозофија на живеење ги сузбива тие две спротивности каде знаењето и празнината доаѓаат во меѓусебна пресметка,но сепак ги задржува во целина,а помеѓу нив се емоциите, најдобро ги објаснува со следниот цитат.
Од глина се обликуваат садовите,
но празнината во него е тоа што го прави корисен.
Од ѕидови во кој се врати и прозорци се состои куќа,
но празнината внатре ја чини корисна.
Така,
Од постоечкото се одредува изглед,
а од непостоечкото се стекнува корис.
Така да,ако во човек читајќи од такви книги се случува поделба на светло и темно,добро и лошо секогаш постои избор погрешно да се протолкува и да се завземе страна на вистина,како што е во последната реченица,каде користа која се стекнува од празното некој ќе ја разбере како лична корист.