Среќни ли сте?

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Ги имам сите причини на светов да бидам среќна. Но некогаш не сум, не се чувствувам така како што би требало. Во тие моменти го преиспитувам целиот свој живот и сите донесени одлуки...зборовите „Кога би“ и „Ех да бев“ ми чукаат во главата и ми прават немир. Но потоа се сеќавам на сите убавини со кои ми е исполнето секојдневието , и колку треба да бидам благодарна што можам да им погледнам во очите на моите најсакани и да им ги слушнам гласовите. За мене тоа е преголема причина да бидам најсреќна и најблагодарна.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Некогаш многу некогаш малку, некогаш ич...зависи тоа моментално расположение ми е...
 

nijas

Нов член
26 февруари 2012
10
2
3
31
kicevo
Со оглед на тоа што имам се што ми е потребно за нормален живот, ќе кажам дека сум среќна. Сепак, најсреќна би била кога сите луѓе на светот, кои имаат проблеми, би имале барем половина од тоа што го имам јас (ова звучи како реченица кажана од мис на светот, ама така е:giggle ).

jas nesum sreken tuku nesrken sum i kesi ostanam cel zivot nesreken hmm c..c.c.c
 

radioactive

Истакнат Член
14 април 2013
54
39
118
Среќата е релативна и противречна работа. Од една страна не верувам во нејзиното постоење бидејќи ако ја согледаме реалноста на општеството во кое живееме, малку потешко дека ќе најдеме среќа по овие улици по кои се движат празни срца. Реалноста таква каква што е е мрачна и тажна. Е сега во моите истражувања постои еден вид на пласибо ефект. Ако мислиш дека си среќен и се убедиш себе си во таа појава, можеби и ќе се чувствуваш среќен, тука следи таа противречност.
И пак ќе се повторам, мојата среќа е релативна работа (happy)