Спомени од школските денови

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
28
Искрено кога ке си размислам декаимам уште една година до згогум на средново ме тресе носалгија од глава до пети ...Би ми недостасуваат сите оние моменти што ги споделувам со досегашниве а верувам и идни другари и другарки.. Искрено многу сакам да се вратам две години уназад кога бев прва година.. првата цигара криење по вециња..симпатии, бегањето од часови, шлаење по сите три спрата низ школо и тропањето на секоја училна и после се криеш позади некој стуб да не те види тој што ке излезе од училната , барањето сунѓер од училната на симпатијата, ми фали класната од 2 ра година ми ми фали она лудото во мене што сметам дека постои се уште но не е истото како пред две години бидејки и годините своето си го прават :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo

Varosanec

Староседелец
27 мај 2012
67
24
1,008
38
На клупата крши дујкан
Ех учење кај се 4 година средно на втора клупа седев и школскиот на прва неможеше да седи мирен на час од мене а кутриот секогаш беше крив оти јас бев мирниот дотогаш и таков останав а тој секогаш лошиот и немирен, а најлуда работа што ми се деси е на претпоследниот час по математика наставничката ми молеше да одговарам за 5 а јас и викав пиши 4 доста е за мене а таа најде добра финта ми напиша задача ми остај креда и кажа кога че ја решам јас задачата че скорива од единиците па цел клас викаше да решавам задача а мене од мрза што ме фати одвај до табла појдов ама морав заради една школска што и бев должен а таа беше следна за да попрај од 1 во 2 :) :gjavol
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Како бе се усра хахаххаа ? Денес ме насмеа...
Весна1992 :rofl:rofl:rofl


Е тоа ти е приказна. Ами бев дежурна додека другите беа на физичко со ена другарка. И одеднаш ми се прдеше. И јас мислев прднав а оно се посрав ама мало гомненце беше. Отидов у вц се средив и гаките ги земав со мене. Ама најлошо е шо носев гаки пд на вујко ми бутикот. Така го викаше баба ми. Сите износени ствари од него ги имав. И се познаваа оти се машки. Имаа онаа како ширина напред и со рески беа :)


Мило ми е што те насмеав. Повели и др пат
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo and Sofija...

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Средно..немам некои посебни спомени, верувале или не. Кога б иможела да го вратам времево назад би сменила многу работи во врска со тоа..Бев многу повлечена и тивка во периодот од прва до трета година, штета што касно научив да си го дадам одветот (worried)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
какви се лудости беа кога ќе ми текне избегав заедно една девојка бегајќи не пресретна директорката сакаше да не казни
бевме принудени да влеземе во тоалет од лудо полудо нема окапавме цели два часа чекајќи да замине тоа беше во прва година првата лудост по само 2 месеци, каква романтика си праевме леле кога ќе ми текне боже (wasntme), мојте спомени од школските денови беа еден вид како на ескурзија :rofl
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
во втора средно знам дека ја турнав вратата од кабинетот по македонски. Бев мирен и повлечен во прва и втора година. Во трета и четврта се изменив...Се пронајдов себеси, се опуштив.
4 години подоцна, од тоа дете ништо не остана.....стана заробеник и едно обично штрафче во механизмот на животот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
имав и убави работи и неубави исто така
знам дека секогаш 8 години во основно и во средно бев благајничка во класот
бев 24-бр секогаш во дневник
и никогаш нема да заборавам дека моја другарка на тест по англиски која врска немаше од англиски јазик ми го украде тестот во 5 мин пред крајот на часот,
таа седеше до мене,мојот тест беше готов и чекав да заврше часот а пријателка ми паметна ми го смена тестот буквално ми го грабна од раце,и јас останав со нејзиниот празен тест во кој ништо не напишала
сега незнам како ама знам дека во последните 5 мин успеав да го напишам и мојот нов тест
и плачејќи испаднав од училницата
знам на крај дека и двете добивме 5-ки таа на мој грб ама не е важно:(
многу дешавки ми текнуваат од школските денови,кога ке се потсетам ќе напишам и повеќе,сепак тоа беше убав дел од мојот живот на кој секогаш со насмевка ќе се сеќавам(y)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Ми текна на ова....
Кога бев 7 или 8 одделение,не се сеќавам,отидов кај другарка ми и ова она зборувавме,и сега што да правиме и ни текна да вртиме на 193(пожарна) и вртиме ние,од скривено,некој се јавува и вика Ало,Ало...и ние молчиме и одеднаш тој што се јави,го диктира мојот број,јас и другарка ми...фаци неможам да ви опишам...и потоа се зафркававме затвореници ова она...:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Пекол беше станувањето насабајле, испрашувањата и тестовите, се друго беше супер, и дружбите, и бегањата од часевите, разговорите сред часеви пошо коа не смееш да збориш имаш најмногу теми за разговор. Посебно обожавав у четврта коа ни ги наместија компјутерите и гледавме филмови на часевите па смешки коа ке не фатеа... ах времиња беа тоа.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Од каде ли да почнам :)
Ајде вака накратко , дружбата целокупна за време на школскиот ден ни беше совршена , смеење за време на час , пиење на сред час, цигари се пушеа итн .
Ритуали имавме ние неколку души кој секојдневно ги негувавме и секогаш кога и да ми текне на тоа па и кога ќе поминам на тие места одма се сеќавам на необичните ,не секојдневните ,а сепак прекрасни моменти ,секогаш ми будат убави спомени за кој се би дал да се вратат !! (shake) ;)