Социјалните мрежи и нивното влијание врз врската

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
има како немало :giggle не сум навикнат еве на новово време каде младиве главно се запознаваат преку фајсбук, кај нас беше поинкау си се запознаваш во живо, таа е таа и никој друга ја знаеш те знае и полесно е отколку сега кога прв пат ја гледаш на фајсбук
Тоа запознавањето преку фб мене ми се чини како еден вид кукавичлук или недостаток на храброст, ништо друго. Секако, според мене најдобро е лице в лице.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Влијае кога момакот ми поминува квалитетно време од неколку часови дневно на чат со туѓинка или бледо позната фаца.
Вакви врски? Многу, дури застрашувачки е до која мера иде комуникацијата и толеранцијата на другиот партнер кога е во прашање флексибилноста.

Врската е битна надвор од сајбер кругот. Извештачени слики, направени во фотошоп, поново со додатоци на срциња и срцепарателни пораки е изгубено време. Фатете се за рака и излезете од дома да шетате и работите. Се друго е споредно.
Јас го разбирам менувањето на статус, заеднички фотографии од одмор, оставање коментари од забава и блага форма на војаеризам. Меѓутоа маникално понашање и хистеришање зошто не си се појавил во точно определ час и минута на чат кога партнерот ти стаил ултиматум Е ЗА ЛЕЧЕЊЕ.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Кога се фатив со дечкото сите почнаа да ме прашуваат зошто не сме се ставиле во врска на фејсбук. Слушав коментари од типот дека сум се фатила со некој измислен лик. Тогаш сфатив дека за некои фејсбукот стварно има големо влијание.
Не се замарам со тоа дали дечко ми ставил лајк на нечија слика, објава, видео блаблабла. Ниту пак него тоа нешто му значи. Не сме се расправале досега за тоа.
А за жал знам за пар кој прекина повеќегодишна врска со причина: Фејсбук.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

vitocorleone

Староседелец
27 јуни 2012
75
39
1,018
35
Јас мислам дека и вестите во 19 часот имаат влијание во врската, но денес ние маладите навистина знаеме да потклекнеме пред сопствените желби и да се посоветуваме со нешта што сме ги прочитале на нет, или на статија во весник, затоа ви апелирам за среќен љубовен живот препуштете се на реалноста и бидете свои во креирањето на вашата врска.
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Да, скоро 99% од популацијата зависи од фејсбукот,мсн-то,форумите,твитер и разни други сајтови.
Преку нив се дознаваат работи кои претходно не си ги знаел. Најчеста улога во ова има бигамијата.
Мада мислам дека 1% од луѓето довербата во партнерите ја градат гледајќи ги во очи ( во реалност) отколку да им ги следат профилите. Лоша вест е што останатите 99% се многу или поконкретно речено зависници од интернет.
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
За тие што не знаат да разграничат реален од виртуелен свет имаат големо влијание.
 

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Можам да зборам од сопствено искуство..
Овој форум бил причина за една кавга помеѓу нас, односно нешто што тука напишав.
Имаше еден друг форум на кој што идев понекогаш (пред да го запознаам партнерот) и за таму се крена голема галама, добра кавга беше тоа..
Има еден форум на кој што сме заедно, иако ретко пишуваме. Само таму се чувствував спокојна, знаев дека нема ништо лошо да се случи меѓу нас..за жал скоро и да не се логирам таму поради причини што и двајцата не засегаат..
Фејсбукот и после години нема никакво влијание во нашата врска. Мсн скоро и да не користиме.