Влијае кога момакот ми поминува квалитетно време од неколку часови дневно на чат со туѓинка или бледо позната фаца.
Вакви врски? Многу, дури застрашувачки е до која мера иде комуникацијата и толеранцијата на другиот партнер кога е во прашање флексибилноста.
Врската е битна надвор од сајбер кругот. Извештачени слики, направени во фотошоп, поново со додатоци на срциња и срцепарателни пораки е изгубено време. Фатете се за рака и излезете од дома да шетате и работите. Се друго е споредно.
Јас го разбирам менувањето на статус, заеднички фотографии од одмор, оставање коментари од забава и блага форма на војаеризам. Меѓутоа маникално понашање и хистеришање зошто не си се појавил во точно определ час и минута на чат кога партнерот ти стаил ултиматум Е ЗА ЛЕЧЕЊЕ.