Не реков дека е анксиозност, ама мислам дека имам соцјална фобија.
Не бре, какви лекови... кога ќе помине дејството, пак се враќаат нагоните. НЕ ТИ Е НИШТО, батали психијатри,грешен му е пристапот. Јас те советувам да се обратиш прво на психолог. Ништо нема да биде невообичаено, неколку пати ќе појдеш, малку ќе поразговарате, ќе се опуштиш... по кратко ќе увидиш дека сето било бесмислено! Јас лично ти гарантирам за успехот во надминување на проблемот...Со анксиозност од помала се борам, а во последниве 2 години ми се јавуваат и напади на паника.Кога сум со личности кои што подолг период ги познавам нормално дека го немам овој проблем, ама кога ќе дојде моментот кога треба да се запознаам со некого мене ме фаќа анксиозноста, се тресам,губам воздух, се гушам...Срам ми е од многу работи,загрижена сум за банални работи, ,,што ако кажав нешто погрешно'' се работи што често ми се вртат низ глави, и на моменти навистина не можам да се контролирам колку и да се трудам.Иако психијатрите за ова препишуваат лекови, јас не би ги земала и затоа се трудам самата да останам колку што е можно посмирена кога ќе дојдат овие моменти, ама навистина ме попречува во некои секојдневни активности...
Па и не се баш...Анксиозноста и социјалната фобија се едно исто
Далеку си од она за кое се говори на темава, ама на добар пат сиЗдраво, се зачленив на форумов специјално за темава, навистина ми е потребна помош.
Прва година средно сум и сега приметив дека го имам овој проблем. Имам чудно презиме, во основно бев исмевана, за презимето, за физичкиот изглед, на физичко...ете на пример срам ми е да кажам како се презивам или пак првиот час по физичко избегав поради страв од тоа дека ќе ми се случува истото ко во основно. Пред 3-4 години прва бев да одам на приредби, да зборам пред јавност, а сега имам страв, на пример учев Македонски лекцијата, а поради срам да ја раскажам пред сите не ја кажав, си мислев ќе ме исмеваат или не знам што. Се си мислам дека ова е поради тоа што ми се случуваше во основно, дали сум во право и дали има некој начин да си помогнам на себеси?
Фала за вниманието и одвоеното време да го прочитате мислењево иначе.