Социјална фобија, анксиозност и панични напади

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Дури не ме здрма генерализирана анксиозност, јас не бев свесна дека социјалната анксиозност тлеела во мене цело време. Мислев дека едноставно сум така повлечена и дека тоа се случува ради немањето самодоверба.
Дури после дијагнозата и откако почнав да разговарам со психолог на темава, сфатив дека социјалната анксиозност се влечела со мене уште некаде од 2-3то одделение, а точно ги памтам и моментите кога сум доживувала панични напади без да знам.
Секако, не беа со интензитетот со кој се сега (т.е. шуќур, ги нема неколку месеци), но сепак ги имаше.

Сум трескала по темата за панични како човек треба смирено да пристапи кон тригерот, бла бла, но многупати и нема тригер, па ми иде да си ја залепам една за игнорантноста.
Bottom line, иако е никакво чувството, радо би да сум со социјална анксиозност пошто и така не сакам многу луѓе отколку со хипохондрија, панични и константна висока анксиозност.
Ако некој некогаш го чита постов, знам дека ви е и тоа претешко, но социјалната анксиозност е џекпотот од анксиозните растројства. :)

Има има, се наоѓа по некој што чита.
А дали соц.анксиозност се јавува во познати средини со познати особи или тогаш е помалку изразено?
 
Последна промена:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Има има, се наоѓа по некој што чита.
А дали соц.анксиозност се јавува во познати средини со познати особи или тогаш е помалку изразено?
Мислев на некој што страда од социјална анксиозност, па малку можеби ко утеха ќе му дојде пошто е некоја нијанса полесна од другиве подвидови. :D
Инаку многу е различно кај секого и е непредвидливо. Некогаш може да си на едно место со друштвото и да ти е супер, другпат да си скоро во иста ситуација, истото место и истите луѓе, а да ја осеќаш таа паника дека мора да побегнеш оттаму. Не знам, нема некои посебни фактори што влијаат, бар кај мене немаше, сигурна сум дека кај други пак има одредени тригери како кај мене за генерелизиранава анксиозност што има тригери (иако и тие не се активираат секогаш).
Значи буквално секој анксиозен или паничен напад е лутрија т.е. дали ќе ти се „погоди“ денот.
Мислите имаат доста влијание врз интензитетот, ама некогаш, за жал, не може да ги исклучиш, туку само посилно си верглаат како ги туркаш наназад.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Конечно полека ја прифатив ко дел од себе, ама најтешко ми е сега да се справам со палпитациите кога сум под стрес/возбуда, од кафе или ако се прејадам. Но добро, тоа е веќе сепак физички симптом и пречи без разлика дали е предизвикан од анксиозност или не.
Пресреќна сум што неубавите мисли и нездравите механизми за справување се претежно зад мене. Не велам дека може нема пак да се повтори, мора човек да е спремен на било што, но сепак е полесно кога го имаш искуството и знаеш дека ако еднаш-двапати си излегол од таа дупка, ќе се случи пак.
Тоа е, one day at a time.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Оваа „нова“ форма на анксиозност не ми прави ништо посебно, освен што ме држи преморена од што не можам да си ги средам некогаш мислите и олбврските. Мислам, не ми пречи скоро воопшто во споредба со како ми беше претходно, ама чудно е какви промени си има, али битно не те напушта, тука останува за цел живот.
Единствено остана да ми пречи силното срцебиење. Сега кога ќе ме стегне паничен (а среќа е преретко и кратко трае), некогаш ме обзема и смеа како ми се затресува рака, нога или ми тоне главата.
Не знам дали е тоа добро или се мрднав. :zelen