Социјална фобија, анксиозност и панични напади

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Со сета почит, но социјалната фобија и анксиозноста не се иста работа. Ова ќе го пишам кратко оти не ми е пријатно да зборувам за мојата состојба. Од 17 години имав анксиозни напади но никогаш кај мене не се појавила социјална фобија. Токму ослободувањето од ова пореметување го донесе големата концентрација на луѓе околу мене. Многу разговори и делење на проблемот со блиските , допринесе за да се чувствувам подобро. Никогаш во животот немав анти- социјални однесувања или фобии и тешкотии во социјалниот живот и комуницирањето со околината. Анксиозноста е прилично дискутабилна тема , и токму неможноста потполно да се дијагностицира како последица на нешто ја прави мисетериозна и не сфатлива во многу аспекти. Не ја отфрлам можноста да се појави заедно со социјалната фобија или како последица на истата но сепак тоа се две комплетно различни проблематики исто како што е и агорофобијата која пак почесто од анксиозноста се појавува кај социо фобичните лица. Да точно, овие болести се болести на модерното општество и динамичното време но ете за жал во Македонија не е обрнато доволно внимание на овие состојби кои знаат да бидат многу многу сериозни доколку не се контролираат. Соединетите Амрикански Држави имаат доста убедливи решенија за контрола и многу сериозни стручњаци исто како и Јапонија и Скандинавија каде што е забележан голем број на лица кои боледуваат од овие навидум минливи состојби.

Твој начин на видување.
Аксиозноста има неколку фази(според мојот психијатар), најраната фаза, која речиси сите некогаш во животот ја минуваме е социјалната фобија.
Сепак аксиозноста претставува неопислив страв.
Тоа претставува и социјалната фобија.
Еве ти пример:
Одам во ресторан. Одам со пријатели и се чувствувам многу опуштено затоа што од нив не ми е страв, страв ми е од странци. Седнуваме на некоја маса што се наоѓа отприлика на средина од локалот и јас се чувствувам буквално „нападнато“ од сите што не ги гледам(оние што ми се зад грб).
Тоа е страв од луѓе. Неопислив страв од околината на која има многу луѓе, многу гласови.
Таквиот страв ти создава многу паранои, и ако не научиш да го контролираш, преминува во друга фаза, потешка, потешка и потешка.

- барем мене ми е така објаснета состојбата - затоа што да бидам реален, немав појма што всушност претставуваат поимите додека не морав да научам.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
И јас може да се вбројам во луѓето со оваа фобија.
Прв пат се појави кога се запишав во средно училиште и оттогаш не исчезна. На почеток ми беше многу тешко да се справам, дури и се затворав во соба и ретко излегував од дома, освен кога требаше да отидам во школо. Се плашев да зборувам со останатите во класот затоа што беа на повисоко социјално ниво од мене и мислев дека мојата интелигенција не може да се мери со нивната. За среќа, како поминуваше времето согледував дека тие две работи немаат допирни точки, слободно можам да кажам дека тие „кремчињата“ се однесуваа попростачки и од еден скитник. Тоа ми влијаеше и на оцените во прва година. Ќе научев се’ но кога ќе ме прозиваше некој од професорите одбивав да одговарам затоа што мислев дека соучениците ќе ме исмеваат. Некои од професорите имаа разбирање па ме оставаа да одговарам писмено. Ова неколку пати доведе да паднам во депресија, но за среќа успешно се изборив и со неа и ете со тек на времето се учам да ја контролирам оваа фобија.
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
За социјална фобија досега сум немала инофрмаци, што е, но прочитав од постот, а со анксиозност доста добро сум запознаена.
Се започна пред неколку години, причина не знам, бидејќи имам читано дека за да настане анксиозност требало да постои некоја причина т.е. страв што ја предизвикало да настане, дека била длабоко потиснато во себе и потребно било да се разоткрие тој страв за да се надмине анксиозноста.
Јас причина, страв не знам кој беше и не знам како баш кај мене настана. Како што кажав почна пред неколку години, од нигде никаде одев по пат и наеднаш почуствувам тресење на нозете, ги чуствував како отсечени да ми се, како од колена надолу да немам нозе, страв, паника, срце биење, како да се гушам. И ме фати страв, што е многу нормално мислев нешто не е во ред со мене, и ај си реков така можи се десило ќе помине. Но, не помина си продолжи тоа, почнав да чуствувам кога излегувам од дома, ме маваа болни филмови дека ќе се онесвестам некаде, оти имав вртоглавици, напади на страв не можев никако да се ослободам од нив и стегање во гради. Особено кога ќе излезев навечер во кафич е тогаш смрт ми беше. Имав напад на паника од гужви оти мислев дека ќе се онесвестам, се препотував и нон стоп со помисла готово ќе се онесвестиш некаде. Помина некое време јас бев убедена дека нешто не е во ред со мене по симптомите, си врзував некои глупости, правев испитувања, но се беше во ред ми беше чудно како можи така, дека некоја грешка има. И почнав да чепкам по нет, да барам и кога утврдив дека тоа уствари било анксиозност, не биле глупостите кои си ги мислев, сватив дека не сум единсвената дека не многу му се случува ова, на малди лица.
Некои се имаат излечено од оваа состојба, јас долго време сум океј, мислам немам таков страв, ама некогаш има периоди кога ќе ме нападне ова анксиозносва, ама се справувам. Порано напад на паника на страв цела вечер ќе имав, а сега ако ми се појави некогаш се обидувам некако да ги пренасочам мислите, да мислам на друго и ќе исчезнат тие црни мисли за 5-10мин.
Дури и заборавив скроз на неа, само некогаш кога ќе се обиде да ме нападне," си мислам таа не е појака од мене, не можи да се бори со мене, не мисли на тоа, не дозволувај да ги надвладее твоите мисли, оти само ти ја имаш таа моќност, не таа! "
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

THE Ghost

Истакнат Член
22 септември 2012
24
5
303
26
И јас може да се вбројам во луѓето со оваа фобија.
Прв пат се појави кога се запишав во средно училиште и оттогаш не исчезна. На почеток ми беше многу тешко да се справам, дури и се затворав во соба и ретко излегував од дома, освен кога требаше да отидам во школо. Се плашев да зборувам со останатите во класот затоа што беа на повисоко социјално ниво од мене и мислев дека мојата интелигенција не може да се мери со нивната. За среќа, како поминуваше времето согледував дека тие две работи немаат допирни точки, слободно можам да кажам дека тие „кремчињата“ се однесуваа попростачки и од еден скитник. Тоа ми влијаеше и на оцените во прва година. Ќе научев се’ но кога ќе ме прозиваше некој од професорите одбивав да одговарам затоа што мислев дека соучениците ќе ме исмеваат. Некои од професорите имаа разбирање па ме оставаа да одговарам писмено. Ова неколку пати доведе да паднам во депресија, но за среќа успешно се изборив и со неа и ете со тек на времето се учам да ја контролирам оваа фобија.

Сега ќе одам прва година и истото ми се случува она што си го доживеала ти. Само, јас не се плашев во основно да одговарам усно :) . Ама сега незнам како ќе биде во средно. Инаку, имам страв и од тоа дека ако нешто ќе згрешам сите ми се лутат, се плашам да не згрешам, и на крајот грешам. Потоа од ова јас неможам и најосновните работи да ги правам, и помислувам, бескорисен сум, неможам ни едно кафе да сварам. :(
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Кој би можел да се вклопи во едно големо друштво каде сите се знаат, а ти онака улетуваш како тотален странец...
Нормално никој. И тоа не не прави ни социјално ретардирани ни анксиозни.
Дали значи дека треба да се наметнуваш за да бидеш прифатен, зошто во друг случај имаш социјална фобија или си анксиозен?
Сите ние сме различни, различно размислуваме и различно се вклопуваме во друштво. И се зависи од ситуацијата. А тоа што не има различни, не мора да значи дека боледуваме од нешто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rêveur

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Сега ќе одам прва година и истото ми се случува она што си го доживеала ти. Само, јас не се плашев во основно да одговарам усно :) . Ама сега незнам како ќе биде во средно. Инаку, имам страв и од тоа дека ако нешто ќе згрешам сите ми се лутат, се плашам да не згрешам, и на крајот грешам. Потоа од ова јас неможам и најосновните работи да ги правам, и помислувам, бескорисен сум, неможам ни едно кафе да сварам. :(

Не би да те плашам, само да кажам дека во основно бев многу друштвена значи немаше некој со кој не ми одеше муабетот. Едвај чекав да заврши часот да можам да излезам и да тресам зелени зо некој, а во средно не сакав да го слушнам ѕвончето затоа пто тие 5 минути одмор ми беа најпеколни. За одговарање усно си немав мака и јас, ама ете се’ се смени од тој први септември 2007.
Само немој да се плашиш. Отпочеток биди дружељубив/а, запознај се со соучениците, имај некој каков-таков муабет и полека полека ќе почнеш да се вклопуваш и ќе ти биде полесно да се бориш со тој страв.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: THE Ghost

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
беа на повисоко социјално ниво од мене и мислев дека мојата интелигенција не може да се мери со нивната.
на ова мислев. Тоа е цитато од Ангиие

Тогаш мислам дека друг е проблемот, не анксиозност.