Скопје 2014

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Дали ви се допаѓа проектот ,,Скопје 2014"

  • Да

    Гласови: 24 42.1%
  • Не

    Гласови: 33 57.9%

  • Вкупно гласале
    57

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Кратко и јасно, ДА. Убава замисла. Да се види нашата историја, кои сме ние. Горда сум на споменикот на Александар Македонски. Кога го видов за прв пат се почувствував како вистинска македонка.

Е сега, за последиците по нашиот џеб не би коментирала :)
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
ДА....Премногу ми се допаѓа....И мислам дека беше редно да излеземе од монотонијата ....Кога шетав низ Скопје се чуствував како да се шетам низ некое село без историја, без култура, без уметност.....Сега сум горда што сум Скопјанка :D
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Супер е проектот, мене ми се допаѓа. Инаку некои споменици не ми се допаѓаат, како онаа рибата кај Рамстор и други.....
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
ДА....Премногу ми се допаѓа....И мислам дека беше редно да излеземе од монотонијата ....Кога шетав низ Скопје се чуствував како да се шетам низ некое село без историја, без култура, без уметност.....Сега сум горда што сум Скопјанка :D

потполно се согласувам со Bum-Bum и да надополнам ... не се сеќавам кога порано сум посакал да отидам на плоштадот, дека немаше ништо, сивило преку цела година и 20 дена во годината ставаа едно големо дрво што го викаа новогодишна елка ... сега (мислам за летно време) добро е да се излезе, да се седне на клупите, има што да се види, можеш и лап топ да си земеш, да посурфаш... да пуштиш камера на пријатели од странство, да видат дека и ние имаме свој убавини ...
сума сумаре - го подржувам проектот !
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Проектот Скопје 2014 на владата , уште од почетокот беше цел на напади и од едната страна и фалења од другата страна. Долго време се мислев дали да почнам да го пишувам текстот зашто секој оној кој не го дели мислењето со премиерот е предавник.
Јас лично ја поддржувам идејата за проект но не и самиот концепт на проект. Нема да се задржам тука на спомениците зашто сметам дека сите споменици кои се изградија се на личности заслужни на некој начин за Македонија. Исто така нема да се задржам на цената на самиот проект зашто сметам дека тоа е пукање во празно, односно ниту јас имам сигурни информации колку сето тоа ке чини ниту пак кој било друг ‘ обичен смртник’ тоа си знаат само оние наши лидери во власта.
Она на што повеќе ќе се задржам е стилот во кој се веќе изградени зградите кои се дел од овој проект. Додека секаде во светот се градат згради со нов,интересен и футуристички изглед ние градиме во Барокен стил што е изумрен веќе со векови. Додека во цел свет се градат згради какви што само има во научно-фантастичните филмови, ние си играме со нешто веќе мртво.Една од многу причини поради која е погрешна изградбата на згради во Барок стилот во Скопје е тоа што овој барок никогаш и не бил присутен кај нас, па и да бил тоа е во минимални количини. Доколку во Скопје и во држава имаше згради оригинално изградени во тој стил мислам дека ке беше ок и градењето на други згради со изговор дека се грижиме за нашата историја ама вака..
Flag_of_Azerbaijan.svg

И да не должам многу да покажам еден пример. Сте слушнале за градот Баку? Е за оние што не слушнале Баку е главен град на државата Азербејџан. Државата Азербејџан се наоѓа во регионот Кавказ.Оваа држава се наоѓа на крстопатот на Западна Азија и Источна Европа и е опколена со Каспиското Езеро на исток, со Русија на север, со Грузија на северозапад, Ерменија на запад и Иран на југ. Се прашувате каква врска има ова со Скопје 2014? Има и тоа голема зашто и таму има ваков сличен проект. Прв пат слушнав за тамошниот ваков проект преку discovery каналоти емисијата extreme enginering. Во Баку последниве неколку години се работи на изградба на трансформирање на градот од еден обичен советски град во еден ултра модерен град по ликот на Дубаи.
Значи да не должам многу и да не јадам пуканки за џабе повелете слики, па видете за што зборувам…
2-2-300x225.jpg

plaza-294x300.jpg

Kompleks_001_1-300x241.jpg

heyder20eliyev20merkezibx9-300x178.jpg

dsc016041fg5ci7-225x300.jpg

20070614202609_98-283x300.jpg

3-1-272x300.jpg

И тоа не е се, ова се само дел од проектите кои веќе се започнати со изградба, инаку во Баку се планираат уште голем број на вакви проект исо цел да се разубави градот и да се направи една светска метропола. Искрено мислам дека ова погоре е многу пати поубаво од овај нашиот барок ( уствари воопшто не е наш и никогаш не бил ама ке си го викаме наш ).
И се прашувам доколку во Дубаи наместо познатите згради Бурџ Ал Араб и Бурџ Калифа се изградеа некои згради типични за тоа поднебје, дали Дубаи ке станеше светски позната метропола како што е познат сега? Мислам дека не, затоа и е погрешно градењето во овој стил кај нас. Доколку се градеа згради како што се во Баку и кај нас , Скопје и нашата држава ке беа повеќе познати низ светот и тогаш можеби ке имавме метропола и исто така мислам дека ке беше подобро прифатено низ народот зашто ке се гледаше на тоа како будење на Македонија и излегување од оној 20 годишен период на транзиција и влегување во друштвото на оние земји и градови кои се неколку децении напред во иднината со својот дизајн на згради и други објекти .Вака наместо да одиме напред во иднината ние се враќаме во минатото.Ништо чудно ние 20 години тапкавме во место,конечно мрднавме но во погрешна насока.. Метропола се гради со новитети , со нешто досега не видено, а не со нешто веќе мртво..
Се сложувате со мене или мислите дека барокот е подобар? кое е вашето мислење?
Поздрав со љубов
Ш !!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Marick14

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Jackal ни еден стил баш и не можеш да го дефинираш како мртов. Оти стиловите се прелеваат од еден во друг. Влијаат, трпат влијанија, инспирираат, поттикнуваат на размислување... и траат. Сѐ додека од еден стил се црпи инспирација, стилот е жив. Исто така ни еден стил нема дефиниран рок на траење, односно употреба. Никаде не пишува дека тој и тој стил од тогаш и тогаш престанува да се користи. Секој има право да создава во стилот за кој смета дека е најсоодветен за одредената намена на објектот. И се разбира, секој има право да не создава во ниту еден стил, ами да почне да создава нешто сосема ново.
Во однос на тоа што е она што треба да се избере, односно кое и какво е најсоодветното решение, видувања секогаш има еден куп.
Конкретно за Скопје 2014, мојот став е дека можела да се предизвика инвентивноста малку повеќе. Во почетокот воопшто не ми се допаѓаше идејата. Но, како си минува времето, сѐ повеќе се навикнувам и ја прифаќам. И не само што ја прифаќам, ами во целата приказна, сѐ повеќе си наоѓам моменти кои ми се допаѓаат. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
барокот е веќе застарен стил, во тоа нема сомнеж, во светот веќе ретко и кај се гради во тој стил, се повеќе и повеќе се вовдеуваат некој футурустички правци, пример кажими колку интересно ке му биди на турист од италија австрија или чешка во скопје кај шо ке можи да види згради исти како шо можи да види и дома?..