Се лажете ли самите себе?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Абе видете, опасно е само друг кога ќе лаже, нему му смрдат чорапите и спие на таван, а всушност иронијата е во тоа што ко самите што можеме да си се излажеме, никој друг не може. Ама нели, тоа не се важи, па ние не лажеме!
Најголема иронија би било и кога некој би пишал “не се лажам“ на темава.
Обично сум тежок реалист, ама знае мозоков да ми лета дури да соберам сили да се соочам со таа реалност за која сум свесна дека се случува. Ако не се лажевме себе, досега сите ќе бевме многу понапред одошто сме сега. Ама нели, секогаш има утре, секогаш има шанса, па не е само до нас, не може само ние, па може не е така ко што мислиме дека е...булшит.
Ставање розова наочара за и лајното да ни се гледа убаво. Понекогаш не е лошо да си дадеме некој буст, мала надеж, ама најчесто претеруваме со наоѓање изговори за работите кои гледаме дека не се правилни, но немаме храброст да ги смениме.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Дали ви е полесно вашите лични трауми да ги сузбиете така што ке ја игнорирате реалноста?
Секако дека да. Имам тенденција да ги “монтирам“ розовите очила во ситуации кои сметам дека сериозно можат да си поиграат со здравиот разум... Полесно е така...

Полесно ли ви е да ги замижувате некои работи?
Ако не замижував, досега ќе направев многу глупости и ќе останев сама. Премижувам се и сешто, затоа сега очила носам, за да си ги отворам очите. Не само што замижувам, уште па и премолчувам.

Се лажете ли самите себе си?
Се лажам себе дека се ќе биде подобро, се лажам дека ништо не е лошо, се лажам 24/7... И на крај пак ништо не добивам освен грижи и нервози...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ееее браво мелопмена, ваква те сакам, интересни теми за дискусија да отвораш(bravo)
Конкретно во врска со темата. Не постои лага. Постои само вистина која не сакаме да ја прифатиме.
Немој некој да рече дека не се лаже, во илузија е уште од старт. Еве произволно: Цура/дечко те има оставено/варано. Ти го осеќаш тоа но се лажеш себеси дека ќе биде подобро. И да ставиш крај на врската, пак ќе се лажеш дека е крај и ќе се прашуваш што ли тој/таа прави.
Неизлечива болест. Знаеш дека деновите у глобала се одбројани и се тие. Па сепак пробуваш како да го продолжиш/олесниш своето мачење.
Луѓето кажуваат лаги. (да споменам кажаното е веќе еден вид на лага, но не и делувањето). Ти насетуваш дека се работи за невистина, но прифаќаш. Со тоа се лажеш самиот себе.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Долго време се лажев себе дека нешто ќе биде подобро односно не сакав да ја видам реалноста или ми беше страв од несигурноста и неизвесноста на работите. Ама еднаш ќе морате да се соочите .....и така би !
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Се трудам да не се лажам себеси,посебно во големи ситуации каде што подобро ми е еднаш да ја проголтам вистината отколку да се лажам цел живот. А во некои помали ситуации,мојот оптимизам преовладува и заради тоа не можам да бидам тотален реалист,а и не сакам,така да се случува да се лажам себеси понекогаш за некоја помала ствар,чисто пошто поубаво ми е така,а и да се мотивирам.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Една од вистините што си ги кажувам самата на себе е признанието дека во некои ситуации се лажам. Дали ќе биде за да си ја ублажам болката, дали за да си дадам сама на себе утеха или пак едно зрно надеж во навидум неизлезни ситуации. Да, се лажам, и не, не знам дали тие лаги се од оние безопасните, или од оние другите што те носат во вртлогот на лаги од кои реалноста се извртува и полека полека се губиме во нив. Сакам со другите луѓе околу мене да сум искрена и да настапувам секогаш со вистината, но дали човек може да биде искрен со другите а себе да се лаже во одредени ситуации и тоа не знам:| Мислам дека лажењето на самиот себе е како да пробуваме да ја прелажеме сопствената совест за тоа како стои реалноста , со лага која ќе ни даде доволно време за да можеме да одмориме од нејзиното постојано “предавање“ за тоа како требало , како не требало да биде и плукањето на вистината во лице . Едноставно пробуваме да се поштедиме и заштитиме самите себе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

AnaMi

Полноправен Член
4 октомври 2012
65
84
18
Понекогаш нормално да :sreken ... некои работи човек потешко ги прифаќа па нормално е одреден период да не се помирува со тоа, т.е. неверува дека се случило и со тоа се лажес себеси, дека не е така, ама на крај секогаш мора да се соочиме со реалноста колку и таа да не ни се допаѓа.... за жал...:(
 

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Многу пати сум се лажела себе си со надеж дека некои работи ќе се променат во моја корист.
Па како сум си се залажувала така и останувало.Само залажување.
 

S.B.

Активен Член
3 декември 2012
73
144
33
34
Прилеп
да ви кажам право кога станува збор за пред некој друг секогаш можеби и некогаш сурово ја кажувам вистината, ама кога треба пред себе да се изразам знам и купи продај сам да си напрам еее до толку шо се лажам.....:giggleдо душа (facepalm) ама то е...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Да, се лажам, постојано за ситни работи и понекогаш за големи. Како инаку би станала наутро во 6 часот, ако не се излажам дека денот ќе ми биде супер и покрај тоа што сум спиела само 3 часа или како би се дружела со луѓето, ако не се лажам себе дека сите се добри и дека на сите можам да им верувам? Луѓе сме, мора да се лажеме себе си понекогаш за нешто, само треба да се внимава тоа да не стане секогаш се и сешто. ;)