Се лажете ли самите себе?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Лугето имаат склоност да ја искривуваат реалната слика заради психофизичка корист.
Многу често,сонувајки за одредени работи,живееме во илузија,го очекуваме невозможното,уствари се лажеме себе си.
Дали ви е полесно вашите лични трауми да ги сузбиете така што ке ја игнорирате реалноста?
Полесно ли ви е да ги замижувате некои работи?
Се лажете ли самите себе си?
Зошто?
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,374
1,871
1,123
Си се лажам самата пошто ми е страв од вистината.
Се лажам пошто ми е убо.
 
  • Like
Реакции: WomanInRed

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,277
1,898
1,133
Се лажам да...ама во однос на други...односно кога некој сакам до болка, ги гледам неговите мани, гледам милион причини зошто да не бидам со него, гледам дека не ме заслужува...ама од голема љубов се лажам себеси дека не е така и си барам оправдувања и објаснувања за споменатите работи зашто така ми е полесно нели, си се убедувам себеси дека тоа не е така дека ми е само филм...значи да...се лажам себеси...ама и тоа не трае долго ...еве полека полека ја согледувам реалноста и си ја кажувам вистината иако боли...
 
  • Like
Реакции: cece17 and Rosana

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
178
180
643
behind you!
Сите се лажат самите себе си, некои почесто некои ретко, некои свесно некои несвесно..и за различни работи..
Некои се убедуваат дека се полоши/подобри од она што се, некои си препишуваат чувства што не ги осеќаат, некои се убедуваат дека (не)се сакани од некој, си создаваат лажни слики за меѓусебните односи, си препишуваат особини кои не се својствени за нив, понекогаш си викаат "јас можам" кога не можат, и обратно. понекогаш "ќе биде/бидам добро" а не може да биде и обратно.. а сепак некогаш заменувањето на (условно кажано) реалноста со сопствената фантазија и не е толку лоша.. се е всушност point of view :)
 
  • Like
Реакции: Rosana and WomanInRed

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Голем "филозоф" сум и премногу размислувам за себе си и мојот живот. Се случува да почнам да се убедувам себе си за одредена работа дека не ми е потребна, или пак, дека вака или онака е подобро. Мислам дека не би можела да го препишам ова на случајот на самозалажување. Едноставно, го разгледувам секој агол од ситуацијата и го замислувам секое исходно сценарио.

Ги сакам работите кристално јасни и севирани на маса онакви какви што се, па потоа ќе му ја мислам што ќе правам со нив. Да, daydreamer сум и бегам од реалноста, од време на време, и можеби овој факт помага да не се самозалажувам. Барем не свесно. Сепак мислам дека самозалажувањето го комплицира животот и не е потребно.
 
  • Like
Реакции: WomanInRed and Lena

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,635
5,810
1,153
27
Western Sky, Land of Oz.
Никогаш не сум пробала а и нема да пробам да се лажам самата себе си. Ако има единствена личност пред која треба да сме цело време искрени и предани тоа сме самите себе. Сакам да имам чиста претстава за себе, а не искривен поглед :)
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,107
1,133
За жал понекогаш да...едноставно на тој начин пробуваме да ги избегнеме работите такви какви што се, се лажеме дека е се океј за да ја избегнеме "суровоста" на реалноста и вистината...
Лагата ни е само "средство" со кое успеваме да си се убедиме дека нешто што знаеме дека не чини(амаубаво ни е), да чини, само за да ни биде поубаво ! Тоа е факт ! : )