Би ве излажала и вас, а и себе ако речам дека не се лажам. Знам свесно да си ја прикријам вистината и да се убедувам во нешто што не е точно. Тоа најчесто го правам за да си ја покачам надежта за одредена работа, ама секогаш на крајот сум останувала разочарана, па последнава година гледам да не се залажувам туку да бидам искрена, пред се со себе, а потоа и со другите.