Се лажете ли самите себе?

Anacal

Полноправен Член
19 јануари 2013
45
29
18
Би ве излажала и вас, а и себе ако речам дека не се лажам. Знам свесно да си ја прикријам вистината и да се убедувам во нешто што не е точно. Тоа најчесто го правам за да си ја покачам надежта за одредена работа, ама секогаш на крајот сум останувала разочарана, па последнава година гледам да не се залажувам туку да бидам искрена, пред се со себе, а потоа и со другите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and slb_bobo

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
406
363
Skopje
Џабе ми е да се лажам себеси со лажни надежи, лажни утехи ја прифаќам реалноста таква каква што е и за нешто кога ми било многу тешко сум ја прифатила суровата реалност, колку побрзо ќе преболиш некои работи, толку подобро ќе биде за тебе, а вака ако почнам да се лажам да се надевам ееее каде ми е крајот после, затоа вака подобро е за мене да прифаќам некои работи такви какви што се и за што и да било друго, нема каде да се бега, како и да е дали порано или подоцна ќе ги разберам тие работи само касно ќе биде тогаш затоа вака најдобро прифати ја реалноста таква каква што е , не лажи се себеси , не мачи се залудно. ;)
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Се лажам за да направам да се чувтсвувам подобро, позитивното лажење е утеха што си ја даваме самите на себе
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Нема човек кој не се лаже.. Ќе кажеме, не лажам, само не ја каживам вистината.. Се тешиме со тоа или бараме некоја разлика..
Сепак е лага за нас тоа во што не сакаме да поверуваме, се тешиме дека е обратно за да ни биде подобро или пак бегаме од вистината.
*Лично јас се тешам кога брат ми го боли ногата со тоа "фала Богу не му е скршена" иако е потечена ко балон, се тешам со брачед ми, на оној свет веќе ништо што го болеше тука не го боли.. Се тешам со случувањата во животов си велам "доволно е да сум здрава и жива" и тд...
Ако нема утеха и насмевка ќе нема нормален живот.