Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
ми кажаа дека е добра ја чекам цела сезона да испадне
исто така и новиот капетан америка следната година шо ќе се кршат со ајрон мен...се надевам ќе биде добар
Netflix e ова, сите епизоди се пуштаат на нивниот сајт на одреден датум. Оваа испадна мислам на 20-ти ноември и пред некој ден ја симнав, ама не сум ја почнал. Ко што читав коментари далеку била од Daredevil, па ќе видиме.
So-so.
Феноменален почеток. Викторијански Лондон, совршено готска сценографија, костими on point и шармот на Бенедикт - просто топење.
Приказната, сама по себе, е прилично интересна - an abominable bride, quite literally. Почнува мрачно и мистериозно и остава доста време да развиеш свои теории. Комичните елементи им се одлични, тоа највеќе ми се допадна, иако на моменти ќе осетиш како иде до точка на префорсираност.
Иде Лестрад за случајот, Шерлок се остри да чуе...
Lestrade: ...Merry Christmas.
Sherlock: Merry Christmas...
John: Merry Christmas.
Mary: Merry Christmas.
Sherlock: Thank God that's over. Now inspector, what strange happening compels you to my door, but embarrasses you to relate?
Или делот каде вика у стил дека случајот е тиња, што дури и Лестрад би можел да го реши... и овој му заблагодарува за комплиментот.
Тоа е Шерлок - те шармира дури и кога те навредува.
Делови од претходните епизоди се одлично претопени во old-fashioned стил.
Некаде по средината доаѓа до (sort of) плот твист што баш и не ми се допадна, а и беше доста предвидлив, за разлика од епизодиве каде мозокот ти работи 200 во секунда само за да си ап-ту-дејт со дејствијата. Ќе се сложам со оние што прокоментираа по интернетов дека премногу гледале да угодат на фановите. Посебно глуп момент - љетим сцената, ќе видиш што зборам.
На моменти се чувствува и ко да пренагласуваат дека не е стандардна епизода. Нешто како кога глумцине во театар ќе избацат реплика кон публиката што не е во сценариото, а се протнала прилика да се вметне. Тоа се некои негативности, ама знаеш дека не мора да кажам дека дефинитивно вреди да се погледне.
Зависи до очекувањата, може па и ќе ти се допадне од А до Ш.
All in all, трпеливо ќе си чекам(е) сега цела година до следното дружење.
Се праев малце на тошо да видам кој како би изреагирал на новава епизода. Искрен да сум, не ми се допаѓа на кај се` ова води. Се гледа една претенциозност која се убацува уште од 3та сезона (откако овој се џиткоса). Ќе речам ај го оживејаа Шеки (исто како и во книгата) ама сеа со овој типов, па оќе па нејќе па дали се трипови или рандом анксиозност го дрма.... Едина светла точка можеби е што беше доста комична на моменти - сцената со Лестрад и Мери ме пукна од смеење.
Крајот по малку предвидлив, бар за првичната смрт на невестата, иако случајот и не беше така лош (ако се изглоде сите останати непотребни трипови). Но се кладам Дојл да ја погледнел епизодава би рекол дека е препумпано и без концепт. Да беше епизодата само случајот со невестата и тук таму комичните сцени, ќе имаше подобар шмек. Се` друго беше излишно. Проблемот е што сакаат да ја исфилмуваат секоја негова појава како биографско дело а се` помалку се навртуваат на неговите случаи, што е првичната идеја на Шерлок Холмс. Ако станува монотоно за гледачите, подобро нека ја завршат и толку, отколку да праат преквели, секвели и други „еклери“ па да заташкаат по патот по кој тргнале.