Семејно насилство

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Има и кај мене во комшии еден мрднат, јас се затресувам кога ќе викне по децата и/или жената. Не знам од каде го наоѓа тој глас. Бизон. Бил и пријавуван, ама никому ништо дури насилството е само психичко (или бар физичкото засега не е видливо).
Децата се 7-10 години максимум и ми е премногу жал дали ќе прераснат во насилници ко него или во кревки, попустливи суштества што на секого ќе удоволуваат.
Moјата искрена надеж е дека ќе го рокнат со секира во спиење.

Е тоа, психичкото насилство често останува неприментено од раја, за надлежни органи и да не правиме муабет.
Иако најчесто насилници се истовремено и психички и физички, постојат створења кои роварат само на психолошки план што остава лузни во душата ако веќе не на телото.
За жал со таквите е потешко да се излезе на крај пошто нема закон за драње на особа или повишен глас или исмевање или чак и gaslighting во најтешки случаеви, ми текнува еден настан таков каде мажот ја гаслајтирал жена му, барем што се дозна пост фактум преку радио-Милева.

И јас како жртва на физичко и психичко насилие, иако домот како таков тоа се случувало многу ретко, може 10% од срањата, не можам да поднесам драње и дрекавци, особено ако видам како некој се дере на дете ми доаѓаат хомицидални нагони па морам да соберам сила да се контролирам некако.
Една типка на пешачки еднаш, детенце машко изгледа се плашеше да премине на пешачки, којзнае што стравови имало во него а мајка му се дере ајде бре кинисај па пак ништо и на крај коа го собра со ќотек пред цела гужва пет пари не дава мува не ја лази го ишамари до отекување и го одвлече некако преку премин.
А не смеам да се мешам, рандом особи на рандом место, што да правам. После ме боли совест некое време дека не сум направил ништо, се осеќам го последно говно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Денес дознав за познаничка на која мажот ѝ скршил две ребра од ќотек, како и за нејзиното целокупно ментално здравје и не можам да прекинам да ја мислам и да мислам на начини како би можела да помогнам.
Не сме многу блиски, но доволно пати сме се дружеле за да ми е криво ко за родена сестра... додуша криво би ми било и за непознат/а од улица за вакви работи.
Како бе некој со кој треба да се пазите и штитите еден со друг, решава да те дави пред сопствени, апла мали деца?
Па како би го осакатила за цел живот, леле. Ми се крена притисокот прееска, со апче го спуштав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Единствено решение би било да го напушти насилникот и да се одвои скроз, никако не смее на такви лица да се дава втора шанса, грешка која ја имаат направено многу жртви.
Како такви лица доаѓаат до бракови и деца сеуште е мистерија.
Крајно време е општество, макар и вакво дно како фиромското да изнајде начин да се елиминираат насилствата од бракови и врски. Или барем превенција, која е најважна, има начини како да се препознаат ред флегс, проблем е кога на почеток на врска емоциите се хај и така останува простор за да не се видат некои работи кои со hindsight делуваат очигледно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Единствено решение би било да го напушти насилникот и да се одвои скроз, никако не смее на такви лица да се дава втора шанса, грешка која ја имаат направено многу жртви.
Како такви лица доаѓаат до бракови и деца сеуште е мистерија.
Крајно време е општество, макар и вакво дно како фиромското да изнајде начин да се елиминираат насилствата од бракови и врски. Или барем превенција, која е најважна, има начини како да се препознаат ред флегс, проблем е кога на почеток на врска емоциите се хај и така останува простор за да не се видат некои работи кои со hindsight делуваат очигледно.
Работата е што имаат престој и во странство и едното дете им е родено таму, така што може да го стрпа во затвор со два потега, ама се плаши дека ќе нема како да ги одгледа децата, како и огромен процент од жртвите.
Ќе видиме, јас не сум зборела лично со неа откако дознав, ама отворено зборува по луѓе ако слушнеме за слободно работно место да ја известиме, па се надевам ќе собере храброст за нов почеток.

Прееска па еве другарка спомна како видела деца од 15-16 години како дечкото го тепал девојчето, па се вмешал и постар човек, па и него го затепало наркоманчево.
Човек навистина да стави прст на чело дали вреди да се има потомство во ова општество...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Работата е што имаат престој и во странство и едното дете им е родено таму, така што може да го стрпа во затвор со два потега, ама се плаши дека ќе нема како да ги одгледа децата, како и огромен процент од жртвите.
Ќе видиме, јас не сум зборела лично со неа откако дознав, ама отворено зборува по луѓе ако слушнеме за слободно работно место да ја известиме, па се надевам ќе собере храброст за нов почеток.

Прееска па еве другарка спомна како видела деца од 15-16 години како дечкото го тепал девојчето, па се вмешал и постар човек, па и него го затепало наркоманчево.
Човек навистина да стави прст на чело дали вреди да се има потомство во ова општество...

Немаше ли некакви прифатилишта/шелтери за жени жртви на семејно насилство? Мислам дека беа во Скопје само не знам детали. Па родители, родбина, пријатели, другарки мора да има начин да се раздели физички од манијакот. Ако никој не прифаќа да ја смести барем некоја недела не знам, срам и брука за сите...
Ако веќе имало скршеници тоа не се прави од прв пат, не се кршат коски во афект, тоа значи дека била изложена на насилие од помал интензитет и пред тоа, тепана е повеќе пати ова е само кулминација.
А бидејќи манијаците ескалираат, којзнае што може да се случи понатаму.
Мора да најде начин, подобро сама да гледа децата, настрана ќе мора ликот да плаќа издршка на децата.

Само пак, како е можно два пати да ја оплодил а да не примети ништо, тоа ми е нејасно...

Тажно е. Здрави прави луѓе да не можат да имаат квалитетни врски и бракови, немам зборови.
Наместо најдобрите години да ги минат во убаво заедништво, ете и деца, да се радосни што се имаат еден со друг, да се поддржуваат, заедно во добро и лошо како што беше заклетвата, да уживаат во тоа што имаат човечко битие на располагање...штета.

Пошто имам доживеано врв во однос со женска особа а сега сум на дното, знаејќи го цел спектар на ситуации од онаа најубава некогаш до оваа сега никаква, жално ми е што се случуваат насилства и срања по врски и бракови.
Па ние не подигнавме глас ниту еднаш, ако имаше неосгласување тоа обично беше проследено со смеење исто како и критикувањето, секогаш имаше насмевка па ќе седнеш ќе се договориш, иако беа ситници тоа пример плаќање кирија па инсистирање на нејзин дел да си плати па јас праф маш као не не ама седна си кажа што и како и после делевме износ. Банален пример ама сепак...

Денес е најубаво време за врски и бракови да бидат феноменално искуство, каки предности имаат луѓе, за 29 евра имаат повратни авионски карти можат млади парови им текне на викенд до Италија, им текне им се гледа филм торент и готова ствар, сакаат да споделат музички вкус со партнер/ка имаат на два клика цело музичко творештво од 500+ години на нет, во однос на секс можат да си направат свои ритуали, можностите се огромни...навистина штета, не е фер вака :(
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Тие не се само манијаци, тоа се социопати, склони кон панипулација и многу вешти во истата и секако со отсуство на емпатија...
А, жртвата е секогаш заљубена, покорена, изманипулирана, и полна со надеж дека тој ќе се смени...
И таа секогаш ќе бара изговор за неговото однесување...
Не дај Боже да се најдам во таква ситуација..Мислам дека ќе го убијам...особено ако ми пипне дете...
Мене не ми е јасно како поминуваат покрај такви ситуации...
Мене ми е незамисливо двајца кои се сакаат да си наштетуваат еден на друг...
Познавам неколку парови кои кога се караат толку многу се навредуваат, па мешаат фамилии, па се` најлошо за нив, па се навредуваат еден со друг со толку ниски зборови, па ќе се изнапцујаат меѓусебно и оп следниот ден се циле миле, па тоа љубов, па се бакнуваат, па се смејат... како ништо да не било. И јас отанувам онака WTF?!
Што му е бе?
Како можат да функционираат така?
Како можат да преминат преку такви нешта?
А особено па ќотек или шамар?
Мислам дека ако тоа не е аларм за крај, тогаш не знам што е...
Треба дотичниот да се пријави прво во полиција, па во социјални служби, да се прегледа жртвата и физички и да поразговара со психијатар, за да сите настани бидат евидентирани, и се разбира под итно напуштање на таа средина...
Ние имавме еден таков случај и сторивме се` за да и` помогнеме на мајката со три малолетни ќерки, и таа беше решена дека тука е крајот, и сторивме се`, за на крај да и` текне да му се врати...и мислам што да речам повеќе?
Сериозно го сакаш повеќе од сопствените ќерки? Не си свесна дека утре ќе почне да мава и по нив?
А, башка Electra зошто да чекаме самата жртва да го пријави (зашто таа е во небрано, се плаши и од него и од иднината)?
Зошто не го пријавиш ти?
Или тие на кои таа им се доверила?
Не е доволно да најде само работа, треба да си го смени животот од корен, и тоа што подалеку од лудакот...
Една моја тетка, дојде кај нас среде ноќ, натепана, не било прв пат се разбира, ама тој пат и` прекипело...
Остана кај нас неколку дена, има два сина, тогаш беа студенти или средношколци, битно тие не беа жртви, туку со нив татково беше ок, и жената реши да оди на манастир...
Замина на манастир, кј е блиску до градот, синовите одеа скоро секој ден да ја видат, а таа си го најде мирот и барем беше безбедна... Потоа почна да работи во манастирот за некоја симболична плата, ама најважно е што жената си го најде мирот... По неколку години се премажи и сега си живее сосема ок...
Поентата ми е, дека мора да се пресече и да не се гледа повеќе назад, да се расчисти со емоциите и да се застане цврсто на нозе...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не сфаќам како, надвор од родени социопати и остала патологија, како луѓе кои доброволно стапуваат во врска поради взаемно допаѓање = завршуваат со насилство од секаков вид.
Како се понашаат луѓето како да ќе живеат 1000 години. Шансата да човек најде соодветен партнер/ка се мали, се случува можеби 0-3 пати во животот, кој каква среќа има и остали фактори.
Имаш човечко битие на располагање, кое можеш да го направиш среќно, да го насмееш, да изградиш заеднички живот, да изградиш нешто заедно, од движен и недвижен имот па се до деца...и наместо да уживаат во меѓусебното заедничко делење на животот во овој свет гледаш 9/10 од врски и бракови се жива пропаст. Несфатливо.

Особено во денешно време кога условите за успешна врска или брак се најповолни во многу аспекти, нема никаква причина да се посегнува кон агресија кон особа која треба и мора да ти значи све на светот.
Не е фер бре, секакви манијаци да имаат врски и бракови а од друга страна......... :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and MoonFairy

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Луѓето многу често знаат со кого се впуштаат во било што, мислам дека поретко е отпосле некој да воочи (иако има и такви). Човек може неколку месеци, па и година да глуми, ама со некој, ко случајов на познаничкава, каде биле заедно добри 6-7 години, чисто се сомневам дека не знаела дека има проблеми со дрога, алкохол и нервоза.

@MoonFairy другарка ми е блиска со неа, разговарала, ѝ нашла веднаш работа, гледавме и двете опции што и како може да направи за да го стрпа во затвор + да не ги види децата, но женава е несигурна пошто живеат во странство, а таа ни ј не знае од јазикот, не работи таму, тој ѝ ја земал картицата од државата што ѝ е со пари за децата т.е. значи сосема не немоќна да гукне. Јас не го ни знам маж ѝ (греота маж да го кажам), но кога би побарала од мене, веднаш би пријавила ако можам, иако не знам како би идело јас да го направам тоа од МК за во странство.
Проблемот е што таа еве ја одбила работата што ѝ ја нашла другаркава и уште е на два ума што да прави, а утре може вината на нас да падне што сме се вмешале и пробале да „растуриме брак“.
Навистина е меч со две острици кога личноста е несигурна. Засега се одделени летово, таа е тука, тој таму, па не знам...
Мене ми е лесно да пресечам и да не трпам и најмалку непочит, ама тоа е пошто сум го гледала татко ми како се лигави по мајка ми да го прими назад, а ваму не правеше ништо од дела (немало никогаш насилство, само не си одговарале), па одамна ми е лесно да препознавам такви.
Девојката т.е. женава веќе е друг случај, израсната со многу друг мајндсет и не знам... се надевам ќе реши сама да си помогне за да може и други да ѝ помогнеме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and MoonFairy

Да во секој случај се` е до нејзе...
Се` зависи од нејзе...
Колку е спремна далеку да оди...
Па и да остане со него треба да биде свесна дека никогаш ситуацијата нема да се подобри туку само ќе станува бетет..
Дури може и за храна да моли...
Ама убаво кажа, прво треба таа да си го воочи проблемот и да сака да го реши за да може да и` помогнат другите...
А, сигурна сум дека има толку многу луѓе кои радо би и` помогнале...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас неколку пати имам испаѓано крив пошто сум се мешал, дури и тетка ми која беше тепана и тормозена беше на две столици, па се разведе тек после тешки повреди на кичма и остало а да се разведеше кога јас и викав немаше да има трајни последици како сега.
Не можам да го сфатам тоа никако, некој да ме тепа, омаловажува, да ми уништува физичко и ментално здравје, да ги полни децата со трауми и да не можам да донесам одлука? WTF?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra