Семејно насилство | Црнобело Форум

Семејно насилство

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Проблемот е во тоа што некои го сакаат тоа.
Сакаат да бидат тепани.
Мојата најдобра другарка пред некое време се појави кај мене пред врата целата во солзи таква потечена и црвена во лицето.
Ме шокира.
Озбилно се шокирав.
Ми вика:
Види што ми направи кретенот и ми го покажува увото.
Плаво,црвено,љиљаково секакво.
Викам па што правеше ти?
Вика:Му стоев и уште му викала ај да те видам можеш ли повеќе да ме удриш?
И овој кретенов ја мавал како да е боксерска вреќа.
А и она го провоцирала да бидеме искрени.
Не го оправдувам ама и неа не ја оправдувам.
Земи си ги стварите и излези човече,
а не ај да те видам дали можеш посилно да ме удриш.

Тоа немора да значи дека уживала.
Можеби сакала да види до каде може да оди работата.Дали се работело на импулсивна реакција или човекот е скрос вон контрола.
Удирањето освен како насилство е и огромно понижување на самата личност.
Во таков случај тепаната страна најверојатно така реагира од причина што е доведена до најнискиот стадиум,па овозможувајки му и понатаму да биде удирана сака да му покаже на насилникот до кој низок стадиум и тој достигнал.Односно дека не се работти за импулсивна реакција.За да отпосле за истиот не постои ниту оправдување а камоли да му се прости.
Но сепак доколку некој навистина ужива врз него да се извршува физички напад,во тој случај незнам кој од двајцата има поголем психички проблем.
Удирачот или удираниот.
Со тек на созревањето и животот,сметам дека не постои апсолутно психичко прибран човек.
Ама од бетер има и побетер.:D
 
Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
НЕ можам тоа да го сватам...и со тепање ќе се реши нешто- НЕ, не се решавам.
И тој идиот шо крева рака на женско, без разлика дали му е женеснка, некој и мајките си ги тепаат....тој не е ЧОВЕК, животните по морално од него постапуваат. А и не ми е јасно како некои девојки продолжуваат да одам со дечкото кога знаат дека тој е насилен, и крева рака на нив...
 
Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Не можам да сфатам што би постигнал тој паметњакович ако си ја удри сопругата,девојката и сл.Стварно не можам да сфатам.
Демек така се стекнува почит кон него?Ако некој се плаши од тебе незначи дека те почитува.Ама ајде де..
И втора работа што не можам да ја сфатам е: зошто ударената/истепаната персона останува да живее со таков малоумен човек.
Ама секој си го живее животот на свој начин.Некој одбира да живее живот пропратен со шлаканици,модринки и солзи.А некој (паметен според мене) ќе одбере живот пропратен со насмевки и убави моменти.
 
Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Не оправдувам. Ништо нема да се реши со тепање. Тој што крева рака на жена не е маж. Нека се обиде да крене рака на мене, ќе види шо ќе му се случи
 
Just Smile

Нов член
20 јануари 2019
24
22
3
Е што ќе се случи ако удриш? Освен тоа што ќе ја боли, нема ни да има доверба веќе, ќе има омраза, страв, нема да биде исто. Ќе отиде се на полошо, нема да се реши проблемот магично или што и да е. Нема да слуша и да оди по твое ако удриш, ни куче нема да слуша ако го натепаш. Заклучок, ништо добро нема да се постигде, само полошо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,520
14,428
1,683
Таму каде што треба
Никогаш ама баш никогаш не би оправдала или простила насилство. До сега фала Богу не ми се случило мојот партнер да крене рака врз мене иако два/три пати сме биле во жустри ситуации.Во тие моменти ја согледав и таа страна од неговото однесување што беше и една од пресудните работи да останам со него.
Тешко е да градиш врска и однос а најлесно е да ја срушиш само со еден потег.
На сите оние што креваат рака на женско им посакувам една ќерка да си осетат на своја кожа колку би било болно да бидат малтретирани од мажи како нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ballet is my life

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,778
7,300
1,153
Big Sur
Црна хроника или тука? Ај тука...
Што правиме со овие случаи?
Жена си го убила сопругот со чекан – сама се пријавила во полиција, малолетната ќерка згрижена во социјалниот центар. Не е прва, не е ни последна. А тек па колку трпат од Х причини.
Нашиот закон (хах, правда и фиром) чинам нема отстапки за убиства во самоодбрана и тоа е трагично. Памтам имаше случај со дедото што ги беше застрелал провалниците што му влегле дома и дошло до тоа или тој да ги убие или тие него, па си и доби човекот затворска казна на свои 70+ години.
Вакви жртви би требало да поминат само со условна, кога веќе мора.
Башка, низ која физичка и психичка тортура треба да минеш за единствен излез да ти е свесно да се впуштиш да го убиеш мажот, знаејќи дека ќе нема кој да ти го чува малолетното дете?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,233
5,751
1,683
Disco

Вакво нешто имаа на памет роџаци само не со чекан него да го турнат пијаницата по скали или низ тераса од 6-ти спрат па ете пијан нестабилен изгубил рамнотежа и завршил долу. Да дојдат деца до таа мера да планираат да се спасат себеси и мајка им пред се = со ликвидација на злотворот кој ете им беше........татко.
За среќа или не, никогаш не го остварија тоа нешто.
А колку вакви ситуации се случуваат во моментов, додека куцаме на оваа платформа, некоја некаде спасот го гледа на единствен начин...

Законите се наказни како и самиот фиром, бесцелни, беспотребни, идиотски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Има и кај мене во комшии еден мрднат, јас се затресувам кога ќе викне по децата и/или жената. Не знам од каде го наоѓа тој глас. Бизон. Бил и пријавуван, ама никому ништо дури насилството е само психичко (или бар физичкото засега не е видливо).
Децата се 7-10 години максимум и ми е премногу жал дали ќе прераснат во насилници ко него или во кревки, попустливи суштества што на секого ќе удоволуваат.
Moјата искрена надеж е дека ќе го рокнат со секира во спиење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider