Зарем уште постои оваа селективност?
Не знам бе, мене ми е смешно она мислење „Машко да е, да ја продолжи лозата“...и после ги гледаш сите „лозопродолжувачи“, па ете ми ти дефицит на цури за оплоџење. Логика бе батка.
Со длабоко извинување, ама ми делува апла сељачки, чиниш светата династија треба да се продолжи, па штета од белосветски размери ќе настане ако не е машко. (и ко демек женското не носи наша крв, не ја продолжува лозата, хах) Подеднакво го мразам и она „Женско да е, лепотица ко мама“ и слични тракатаници, па тука следи издигање и паѓање во депресии оти на иднава мајка очигледно уште и’ фалат барбиките за дотерување, па сакала преку бебево да си ја исполни желбата. Озбилно, луѓе со години се мачат да зачнат, а некој да се нафати поради пол да ускратува живот...па најдобро нека си го ускрати својот.
Нека биде живо, право и здраво. Кога ќе дојде време, сигурно мојата гордост нема да се мери според половиот орган, туку според она што детето постигнало со моја поддршка.