Секти (генерална дискусија)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Па од толку народ јас мислам и дека малку се тие 1000 секти.

Ѕидари.

Порано имало многу малку секти во Кина, во последно време се појавуваат се повеќе.

Се мислам да им пратам предлог на Панини да направат албум со самолепливи сликички "Cults" во кој ќе има сликички од секташи и секташење и деца ќе се менуваат, пример го имаш Џим Џонс? Мене ми е дупли, да се мењаме за Маршал Еплвајт или Шоко Асахара :gladen
 
  • Love
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Bump!


Листа на секти која опфаќа само мал дел од светската ризница на секташење но ги има барем оние најславните.
Но ја нема Црн Ружа што е голем превид на авторот на артиклот, треба да му пратам меил со цел да го исправи тој неверојатен пропуст!
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Арам да им е. Балкански новинари крв пролеаа да ги откријаат вистините преку бивши членови на Црна Ружа, а овие не ги ни спомнале. Па не можеш ни да пишеш „Пу, секташи!“ пошто стварно се...
И сега сакаш да кажеш дека лажеле оти Дејан од Доња Мочила четири пати се обесил за да побегне од сектата? :eek:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Bump!


Листа на секти која опфаќа само мал дел од светската ризница на секташење но ги има барем оние најславните.
Но ја нема Црн Ружа што е голем превид на авторот на артиклот, треба да му пратам меил со цел да го исправи тој неверојатен пропуст!
Затоа О.Т.О. и A.'.A.'. ги има - и двата Реда поврзани со Телема :D
Тие сме тие...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Арам да им е. Балкански новинари крв пролеаа да ги откријаат вистините преку бивши членови на Црна Ружа, а овие не ги ни спомнале. Па не можеш ни да пишеш „Пу, секташи!“ пошто стварно се...
И сега сакаш да кажеш дека лажеле оти Дејан од Доња Мочила четири пати се обесил за да побегне од сектата? :eek:

Може Црна Ружа е толку успешна што сите мислат дека е измислица, како ѓаолот нели чие најголемо постигнување било да сите мислат како не постои. Ѓаол..........сатанисти......хммм.......

Затоа О.Т.О. и A.'.A.'. ги има - и двата Реда поврзани со Телема :D
Тие сме тие...

Таков муабет ви излегол а знаеш како е меѓу раја, еднаш коа излезе муабет тешко се врти ситуација :)
 
  • Wow
Реакции: Electra

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Може Црна Ружа е толку успешна што сите мислат дека е измислица, како ѓаолот нели чие најголемо постигнување било да сите мислат како не постои. Ѓаол..........сатанисти......хммм.......



Таков муабет ви излегол а знаеш како е меѓу раја, еднаш коа излезе муабет тешко се врти ситуација :)
Црна Ружа е фантастика, нус производ на српските разнузнавачки служби после распад на СФРЈ, почеток на 90-те. До '98 митот престана да биде интересен со доаѓањето на интернетот дома.
Тогаш Кроули и Телема презедоа сфе...
Не е повеќе интересно да си сатанист кога разбраа сите дека и сатанизмот е дел од старите религии и учења. ;)

Добро е што нештата се на википедија, да беа во сериозни списанија, книги и предавања изнапишани за Редот - објавувам војна веднаш. Ма што веднаш, одма! :D
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Пред некое време @Electra ми спомена за Редит па си реков да прочепкам, коа таму права ризница на инфо за најразлични секти!

Од прва поглед ми привлече една Полска секта наречена Антровис чии членови верувале дека славјаните се потомци на вонземјаните према тоа виша раса а останатите етноси биле инфериорни монгрели. Поимот Монгрел е популарен во десничарски и нео-наци кругови и означува лице со инфериорни расни карактеристики, мелез или припадник на несоодветна група. Се разбира, евреите биле на дното на расите, пошто........евреј?!
Нормално, како квалитетна, вкусна и сочна секта и кај оваа имаме верување во судниот ден, дека вонземјаните ќе дојделе да ги спасат славјаните и истребат сите други и светот ќе осамнел во ново златно доба.

Но тоа не е се!
За да се привлечат вонземјаните била потребна комуникација. И тоа не таму некакво си радио или шта ти ја знам технологии него енергијата на човечки битија. А најјака енергија, како што праф маш знае, е сексуалната енергија.
Некој би помислил дека следуваат оргии со цел привлекување вонземјани :D
Тоа може да помине само кај неупатените. Оние кои "знаат", како лидерите на оваа секта, биле на став дека максимална енергија се испушта при екстракција на половите жлезди од телото :frantic

Значи сечење тестиси и корнење јајници!
Отстранувањето на пенисот и клиторисот како дополнителен акт бил оставен на дискреција на самите секташи, ако сакаат ок, ако не пак ок, сепак нивното сечење не еманирало значителна енергија.

Не се знае колку точно членови се кастрирале но се шпекулира со барем 200.
Најмалку 4 лица се упокоиле поради крварење, очигледно сечејќи некоја артерија за време на чинот.
Освен тоа, сектата се сомничи и за 7-8 убиства кои сеуште биле неразјаснети, што на екс-членови, што на особи кои јавно зборувале против оваа секта.

Поради непојавувањето на очекуваните вонземјани, Антровис се распаднал официјално околу 2002 година, но помали групи секташи сеуште неформално ја одржувале традицијата на себе-сакатење до денешен ден :D
Знам, знам...не е за смеење ама како да се воздржи човек?

него.......харе кришна харе кришна харе рама харе рама харе кришна харе кришна харе рама харе рама омммммммммммммммммммммммммммм :D
 
Последна промена:
  • Haha
Реакции: Electra

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
23
108
27
Опасни се сектите. Од секти ја знам „Јеховини сведоци“, ми досадуваа додека студирав на Факултет. Едвај ги откачив.