Пред некое време
@Electra ми спомена за Редит па си реков да прочепкам, коа таму права ризница на инфо за најразлични секти!
Од прва поглед ми привлече една Полска секта наречена Антровис чии членови верувале дека славјаните се потомци на вонземјаните према тоа виша раса а останатите етноси биле инфериорни монгрели. Поимот Монгрел е популарен во десничарски и нео-наци кругови и означува лице со инфериорни расни карактеристики, мелез или припадник на несоодветна група. Се разбира, евреите биле на дното на расите, пошто........евреј?!
Нормално, како квалитетна, вкусна и сочна секта и кај оваа имаме верување во судниот ден, дека вонземјаните ќе дојделе да ги спасат славјаните и истребат сите други и светот ќе осамнел во ново златно доба.
Но тоа не е се!
За да се привлечат вонземјаните била потребна комуникација. И тоа не таму некакво си радио или шта ти ја знам технологии него енергијата на човечки битија. А најјака енергија, како што праф маш знае, е сексуалната енергија.
Некој би помислил дека следуваат оргии со цел привлекување вонземјани
Тоа може да помине само кај неупатените. Оние кои "знаат", како лидерите на оваа секта, биле на став дека максимална енергија се испушта при екстракција на половите жлезди од телото
Значи сечење тестиси и корнење јајници!
Отстранувањето на пенисот и клиторисот како дополнителен акт бил оставен на дискреција на самите секташи, ако сакаат ок, ако не пак ок, сепак нивното сечење не еманирало значителна енергија.
Не се знае колку точно членови се кастрирале но се шпекулира со барем 200.
Најмалку 4 лица се упокоиле поради крварење, очигледно сечејќи некоја артерија за време на чинот.
Освен тоа, сектата се сомничи и за 7-8 убиства кои сеуште биле неразјаснети, што на екс-членови, што на особи кои јавно зборувале против оваа секта.
Поради непојавувањето на очекуваните вонземјани, Антровис се распаднал официјално околу 2002 година, но помали групи секташи сеуште неформално ја одржувале традицијата на себе-сакатење до денешен ден
Знам, знам...не е за смеење ама како да се воздржи човек?
него.......харе кришна харе кришна харе рама харе рама харе кришна харе кришна харе рама харе рама омммммммммммммммммммммммммммм