Што знаете за 'саботарите'? Имам другарка, баш е фино девојчето, ама во сабота никако не пуштаат телевизија или компјутер, незнам дали по цел ден или во одредено време, а и ми има спомнато нешто за тоа, ама и дека не е ништо страшно. Ги познавам и нејзините родители, сосема нормални луѓе, скромни и фини. По дома имаат еден куп световни книги, библијата, нов завет, стар завет ово оно, ама не ми е згодно да ја распрашувам, а можеби и би требала...![]()
Адвентисти се викаат, тоа саботари е само колоквијален назив кој се употребува за нив, ок раја се, имам(имав) неколку познаници еднаш и колега од нив, не доаѓаше никогаш на работа со Сабота, пошто тој е денот за одмор према Писмото, не можам да кажам ништо лошо

Си го поштоваат стариот завет повеќе него правослафци и слични викенд верници.