Убавината да се живее во слободно општество е што секој има право да мисли, верува и да се изразува без да биде напаѓан, прогонуван или на било кој друг начин дискриминиран поради тоа! Нормално, доколку не го ускратува тоа право на останатите. Така да, се додека дотичните со својата активност не шират говор на омраза (како ти во случајов), слободно можат да го прават тоа што го прават. Ќотеците поради различни ставови се нормална работа само во ненормални општества каде едноумието е единствениот етички закон. Таков модел на пример ти е исламска држава, таму е нормално да јадеш ќотек ако не се молиш кога сите се молат, ако не постиш кога сите постат, ако немаш брада...итн, итн. За "посериозни престапи" како верување во нешто друго освен ислам или секс вон брак, ќотекот е заменет со поткастрување на глава.