Св. Валентин vs. Св. Трифун

Што ќе славите утре, т.е што најчесто славите?

  • Св. Валентин

    Гласови: 3 8.3%
  • Св. Трифун

    Гласови: 22 61.1%
  • И двете

    Гласови: 11 30.6%

  • Вкупно гласале
    36

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Бидејќи се декларирам како православен христијанин, најверојатно иако не сум многу по верата и имам многу нејаснотии околу истата, сепак заради моето друштво кое е хомогено составено од христијани, практикуваме да славиме Св.Трифун.
Без разлика дали сум со девојка или не го славам Св.Трифун.
Западот или просто кажано „новите“ вери некако многу насилно го наметнаа Валентајн како некој си празник кој треба да се слави, на кој што девојките му даваат енормно големо значење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Македонец

Клара

Полноправен Член
17 февруари 2012
80
58
18
Зашто во анкетава нема уште еден избор - Ниедно од наведените?!
Јас не славам ниеден празник.
Ги почитувам двата, но не сум католик за да го славам Валентин, а Св. Трифун е празник кој го празнуваат лозарите и е нивни заштитник па не сум ниту лозар, иако сум православна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Валентајн е единствениот дискриминирачки празник кој го познавам. Единствениот празник кој некоја година ќе го славиш (ако избереш да го прославиш), а некоја нема да можеш. "Празник", чие славење е условено од твојата љубовна состојба. Еквивалент на ова би бил условот: "за да го славиш 8ми Септември (Гроздобер), треба да си Македонец (државјанин на Р. Македонија), но да не се наоѓаш во Дебар и Гевгелија". Во оваа хипотетичка состојба можеби си Битолчанец, но си се преселил во Гевгелија од 2012 и сега тој празник за тебе не важи. Нема смисла нели? Секој празник кој е условен од било каква состојба, за мене не е празник. Да не ни напоменувам дека прославата на Валентајн во Македонија е само поради притисок од Западот, каде што е официјален празник. Со други зборови, се работи за увезен "празник".

14 Февруари (според Македонскиот календар, Февруари се нарекува "Сечко", па понатаму наместо зборот "Февруари" ќе се употребува зборот "Сечко"), како што напоменав, важи за празник само за паровите кои моментално се во љубовна врска. Но зошто на една љубовна врска и е потребен ваков празник? "Посебни" денови за еден пар треба да бидат денот кога почнала нивната врска и (доколку стигнат до таму) денот на официјално стапување во брак. Освен овие "посебни" денови, секој човек кој е заљубен треба секој ден да му е празник, со што самата суштина на Валентајн е непотребна. Патем што ако се случи 14 Сечко да биде еден од првите денови љубов помеѓу 2-ца? Во ваков случај ќе биде сосема неприкладно прославувањето на "празникот". Парот е ставен во незгодна ситуација, поради наметливоста и случајноста. А што ако парот сеуште нема развиено доволно длабоки љубовни чувства (за да одбележи еден ваков чин/настан)? Валентајн и во овој случај се наметнува. Патем има и уште еден проблем. Јас не сум/нема да/ниту ќе го славам Валентајн. Што ако некоја девојка со која ќе бидам во врска наредните години сака да го одбележи? Тука настанува проблем. Таа (пример) ми испраќа љубовно писмо, а јас нејзе ништо. Таа сака да излеземе, а мене ми се седи дома (но не верувам дека ова ќе се случи, затоа што да не заборавиме дека на 14 Сечко е и Св. Трифун). Во овој случај "празникот" ми се меша во љубовниот (приватниот) живот непотребно, наметливо. Валентајн мене и на луѓето како мене може да им претставува само проблем.

Да го одбележиш Валентајн е исто како и да го одбележиш Thanksgiving! Претпоставувам дека некој/а од вас ќе рече: "Секој може да си прославува што ќе посака!". Хмм, епа добро, тогаш јас би требало да го славам Thanksgiving по таа логика. Кој несака да се собере со фамилија на ручек и да јаде убава, сочна, тазе мисирка? Но во мене ќе го нема тој дух, тоа чувство. Ручекот би бил бесцелен. Исто и вашиот Валентајн. Сигурно не ни знаете кој бил Валентајн (Валентин правилно, Валентајн е вашата адаптација на Америчката адаптација на латински). Валентајн (Валентин) бил Римјанин и официјално го славеле католиците од 496 до 1969. Бларгх!

А што е Св. Трифун? Еее, Св. Трифун е православен празник кој Македонците и луѓето од регионов го славеле на 14 Сечко уште од памтивек. Тоа е празникот кој заслужува да биде одбележан. Тој празник е наша традиција. На 14 Сечко, наместо да си делиме цвеќе и такви непотребни работи (ова може да се направи во било кој друг ден), да се собереме сите заедно и да се напиеме, во има на традицијата, пријателството и љубовта. Да, љубовта, но не Валентајновската.

До секој што го чита ова, честит Св. Трифун!



На здравје!