Само за мажи? Не смеам да гледам?
Малку да го смените насловот, енибади?
Инаку луѓенца, не се тешете, никој ништо не ни должи, сами себе си должиме посолидна и посложна игра. Јес да имаше неправди, секогаш и ги имало, ама ако играме добро, ќе немаме мака од ништо.
Нашиот проблем е што штом поведеме со +3/4 разлика, се опуштаме ко демек завршена е играта, па после кога ќе не стегнат, ни излегува душата низ шупче. Исто и секогаш не фаќаат на финтата што едно полувреме ни попуштаат дури да ни излезе силата, за после одморни да нападнат и да не сјебат. Јас сфаќам дека Лазаров како капитен го чувствува најголемиот притисок, но треба малку да пушти душа и да додава, а не да шутира макар било и пробивање, од пола сала или невозможен агол.
Ај, доста јадев сега (шуќур ми текна), со среќа нек им е на момците, знам дека можат многу да постигнат ако се потрудат.