Сатанизам

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Дали Кралот Соломон бил сатанист бидејќи се знае дека си играл со демони и нивна „Инвокација“?
Или пак ќе биде сеуште мудриот еврејски крал кој ја напишал Песна над Песните?
Тешко прашање по се изгледа...

Некој став да има за ова?
Одамна прашав и нема одговор од било кој. Најмногу ме интересира мислењето на христијаните бидејќи тие веруваат во стариот завет... исто и новопечените њу ејџ мислители по форумов, што толкуваат на свој начин се што е свето...
Фала :)
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Дали Кралот Соломон бил сатанист бидејќи се знае дека си играл со демони и нивна „Инвокација“?
Или пак ќе биде сеуште мудриот еврејски крал кој ја напишал Песна над Песните?
Тешко прашање по се изгледа...
Не,тој бил телемит бидејќи Кроули постоел пре Ное и Соломон го следел него,во песната над пените тој зборува за својата скарлетна жена и покрај 700 жени кој знае што правел со нив.:svirka
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не,тој бил телемит бидејќи Кроули постоел пре Ное и Соломон го следел него,во песната над пените тој зборува за својата скарлетна жена и покрај 700 жени кој знае што правел со нив.:svirka
Па подобро да е Телемит отколку сатанист нели... сатанизмот е некако ограничен заради дијаметралната поврзаност со христијанството, кое настанува нели, мнооогу после Соломон и неговите зборови!

Хм, не ми текнало вака да богохулам :)
Браво, ти дава Кроули инсипирација а? :) Поеќе ми личи дека Соломон бил магичар, иницијант во некои тајни еврејски доктрини доволно моќни за да го одржуваат да биде крал!

Исус се вели дека е пред сите, пустата желба на христијаните и нивните секти. Си ги смешал работите... Не дозволувај мртвиот човек Кроули да ти ги мати водите. Зборуваш без да мислиш...
Што може да правиш со 700 жени да ги имаш?

Според христијаните сега, Соломон е сатанист бидејќи го бидувало за муабетење со ѓаволи? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arhangel Uril

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
What if none of that is true? Што ако уствари Соломон нити бил сатанист нити телемит нити магичар? Или не постојат такви луѓе кои биле владетели?

Тогаш ако веруваме дека постоел останува дека бил само поет :)
Ако пак веруваме дека не постоел, тогаш некој друг бил добар поет и раскажувач или „сатанист“ или кабалист... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arhangel Uril

Arhangel Uril

Нов член
10 декември 2013
18
5
3
32
Skopje
А дали веруваш дека демоните и ангелите постојат во нас самите?

Ти си гениј, кој јас сакам да го запознам, ако сака и тој гениј. И ќе додадам: Ако вршиш (дејстуваш) баланс (балансираш) на твој мозок и твоето чувство, ти си веќе бесмртен/а, како Дух (Душа). <3 Лена ти си првата девојка која пишала вакво нешто а јас сум го видел.. (Y) (Y)

Па подобро да е Телемит отколку сатанист нели... сатанизмот е некако ограничен заради дијаметралната поврзаност со христијанството, кое настанува нели, мнооогу после Соломон и неговите зборови!

Хм, не ми текнало вака да богохулам :)
Браво, ти дава Кроули инсипирација а? :) Поеќе ми личи дека Соломон бил магичар, иницијант во некои тајни еврејски доктрини доволно моќни за да го одржуваат да биде крал!

Исус се вели дека е пред сите, пустата желба на христијаните и нивните секти. Си ги смешал работите... Не дозволувај мртвиот човек Кроули да ти ги мати водите. Зборуваш без да мислиш...
Што може да правиш со 700 жени да ги имаш?

Според христијаните сега, Соломон е сатанист бидејќи го бидувало за муабетење со ѓаволи? :)

Прав си... одлично кажа, но според мене Соломон е повеќе од поет. Тој бил гениј.. зар толку "неначитан" ќе заведе толку жени? :D
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
What if none of that is true? Што ако уствари Соломон нити бил сатанист нити телемит нити магичар? Или не постојат такви луѓе кои биле владетели?


Соломон постоел исто колку и Дедо Мраз, лик од еврејската митологија со која безначајното пустинско племе си давало себеси на важност, его буст. За иста цел била и приказната дека се `избран народ`. Да појаснам преку пример, некој Шломо или Јицак гол и бос лута по пустината, сонцето го пече, првиот бунар е на 100км пат а жеден е, гладен е како пес ама има половина сушена смоква во торбата...и си замислува колку е битен бидејќи преку неколку ефтини ритуалчиња е инициран, регистриран, означен како член на избраното друштво, човек со кој Бог лично има `завет`, договор, дил според кој Шломо е.......премногу битен :D Евреите во случајов сечат пениси, бидејќи кожата била прстен на заветот (facepalm)
Тоа дека има пола смоква во торбата веќе не го замара толку... утеха, `духовен` фикс, нови сили за нови `победи`....на неговиот господар секако, кој е радосен да има ефтин роб кој се лаже толку лесно, не за јадниот Шломо :)

Разните редови и култови се родени од религиските матрици (иницијации, ритуали, мистицизам, окултна ``пракса`` ти реков ми рече, чувство за припадност кон нешто wow amazing omg wtf...)
Така и рајата која се бави со сатанизам. Покул е од регуларните срања.

Не знам каква промена во квалитетот на живот им носи припадноста кон вакви групи, освен сигурноста. Веројатно никаква...А можеби и има нешто... сепак нели....не се сами, а истовремено - не се како другите.
Темплари, Јовановци, Тевтонци, масони....... има еден куп друштва кои служат за членовите да си се тапшаат по рамо колку се јаки пошто ете... се зачлениле во друштвото каде вирееле најјаките уметници, научници, кралеви и цареви.... а тоа се само самореплицирачки митови кои секоја опскурна заедница ги ствара по извесно време откако ќе придобие членство за да си даде себе си вредност, колку и да е имагинарна...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Како што пренесува официјалната ватиканска новинска агенција, Ватикан е загрижен поради масовната појава на сатанизам во северозападна Индија, област која била позната по значителен број ватикански клиенти. Иљадници млади тргнале да го обожуваат ѓаволот, палеле цркви и библии, цртале пентаграми по ѕидови, ставале А во кругче по фејсбуци и твитери и правеле слични ѓаолштини. Освен тоа мамеле, краделе и имале вошки.

Која е причината за најновата епидемија на сатанизам?!

http://www.news.va/en/news/asiaindia-teenagers-captured-by-satanic-rituals-al
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ѓаоло очигледно е зафатен со орање и копање пошто гледам темава две години нема ниту еден пост. Што се случува во веселиот свет на шејтанизмот, дали сеуште ровари низ преспанските полиња и малешевските планини?