Сатанизам

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Добро, да, терминот ,,соларна,, е релативно нов термин, но тоа не значи дека е непотребен и смешен, напротив , мислам дека е добро што овој вид на јога има свој термин за да се оддели од останатите, сепак овој вид на јога се разликува од останатите не само поради начинот на практикување туку и поради сериозноста која е неопходна да ја има јогинот пред да започне да ја практикува. Баш поради оној тип на луге кои сметаат дека суштината на јогата е да се истегне телото е добро да се има посебен термин.
Ама сепак примерите ти се без врска, нема логика да го споредуваш терминот ,,соларна,, кој е даден затоа што сангејзингот е јога во која енергијата се црпи од сонцето, со термини кои определуваат каде се врши дејството. Кога јогинот би практикувал јога каде што енергијата ке ја црпи исклучиво од реката, тогаш во ред е да се нарече и хидро-јога, бидејки тогаш представката ке го објаснува видот на јога вежбите кои се користат за да се црпи енергијата од реката, а терминот ,,битолска,, не го објаснува видот на јога вежбите, туку кажува само каде се практикува.
Истегнувањето не е јога.....истегнувањето може единствено да биде дел од асаната, која е почетниот стадиум... Сосема погрешна и извртена претстава за јогата имаш! Поентата на јогата не е да "црпиш енергија"! Јога значи соединување...поентата на јогата е да се соединиш со својата суштина, со своето битие, а не да црпиш енергии или да се истегнуваш!
Ова му доаѓа како да веруваш дека поентата на христијанството е да висиш на крст...или дека поентата на исламот е да ја бакнуваш земјата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and existence

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Истегнувањето не е јога.....истегнувањето може единствено да биде дел од асаната, која е почетниот стадиум... Сосема погрешна и извртена претстава за јогата имаш! Поентата на јогата не е да "црпиш енергија"! Јога значи соединување...поентата на јогата е да се соединиш со својата сушгина, со своето битие, а не црпиш енергии или да се истегнуваш! Ова му доаѓа како да веруваш дека поентата на христијанството е да висиш на крст...или дека поентата на исламот е да ја бакнуваш земјата.
Не си ме разбрал, прочитај повторно, не реков дека јогата е истегнување, туку дека термините кои ја разграничуваат соларната јога од останатите се добри баш поради тоа што постојат луге кои мислат дека јогата е истегнување. Односно - соларната јога не е безопасна како останатите, добро е што има термин за да ја ограничи, бидејки не би требало да ја практикува човек кој мисли дека јогата е истегнување. (се надевам разбирливо е)

Кажи ми дали впивањето на чиста сончева енергија не е соединување со својата суштина, со своето битие? Зарем не сме сите ние живи благодарение на таа енергија? Зарем има по чист извор, зарем постои почист начин?
Инаку, да ти објаснам зошто тоа ,,црпи енергија,,
- Преку соларната јога се учи како да се впива енергија директно од сонцето и како од нејзе телото да произведува храна, слично како растенијата со фотосинтеза. Соларната јога, за разлика од останатите, можат да ја практикуваат и целосно неподвижни лица, не е потребно движење, единственото дејство кое е задолжително е гледање директно во сонце и голема свесност за енергијата која преку нашите очи директно го исполнува нашето цело битие, како физичкото, така и духовното. Оваа јога е наменета и за целосно оздравување на телото, умот и духот и неопходно е да се впива енергија од сонцето, за да немаме потреба од други извори на енергија кои воедно можат и да не разболат, како храната на пример. Многу од сангејзерите после долго практикување престануваат да јадат, се хранат единствено од сонцето, телото им станува соларно и живеат исклучиво на соларна енергија, па од таму и терминот. Вака би било накратко.
Соларната јога е најстариот вид на јога кој е познат денес, се нарекува ,,мајка на јогата,, и е единствениот вид на јога кој не дозволува (не)случајни грешки бидејки може да биде опасна, воедно е и најмоќната јога која што постои и затоа долго време била чувана во тајност. Денес има безброј приказни кои ја извртуваат нејзината суштина, но терминот ,,соларна,, и е доделен баш поради суштината, а не поради местоположбата на јогинот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Кажи ми дали впивањето на чиста сончева енергија не е соединување со својата суштина, со своето битие? Зарем не сме сите ние живи благодарение на таа енергија? Зарем има по чист извор, зарем постои почист начин?
Не е. Не се работи за буквално - механичко соединување, нешто како приклучуваш пуњач и се соединуваш. Друга е поентата...
Батали....најдобро земи си книги за јога, читај и дознај сама. Вака не ти е целта да дознаеш по секоја цена, туку да докажеш по секоја цена.
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Аууууууууу..од едно прашање за нешто што не бев чула ни видела што сторив?? Требаше нова тема да си отворам-Соларна јога:)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Види види ѓаоло ве тера на офтопици, утринската ѕвезда, Хер Моргенштерн (party)

Инаку имаше нешто за еден лик по име Мајкл Акино, полковник на америчка армија, сатанист кој го напишал правилникот за религиозни ситуации во јуес арми, не ангажирале ниту поп ни оџа ни рабин ни бискуп него сатанист :rofl пошто сатанизмот бил признаен како религија, бил во Виет Нам во единица за сај-опс после во НСА

button_aquino-devil-worshiper.jpg

michael-aquino.jpg

Кој лик, веѓите како во народни приказни кога Лазар Бараков беше ѓаол.
Порано мислам дека тикви садел со Шандор Лавеј а после основал фракција, Темпл оф Сет или така нешто :kafe
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Не е. Не се работи за буквално - механичко соединување, нешто како приклучуваш пуњач и се соединуваш. Друга е поентата...
Батали....најдобро земи си книги за јога, читај и дознај сама. Вака не ти е целта да дознаеш по секоја цена, туку да докажеш по секоја цена.
О, боже... кој зборува за механичко, буквално соедионување? Зошто мислиш дека само ти суштински ги разбираш работите?
Соларна јога практикувам со години, зошто мислиш дека зборувам на памет? Затоа што не ти цитирам од книга ли?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Јогата е многу добар начин да се навлечете на будизам како и многу други низ светот пред вас затоа што јогата е тесно поврзана со религијата и од таму и потекнува.
Зошто токму јога кога постојат толку многу други фитнес вежби кои во себе не содржат спиритуализам како начин за постигнување на целта?

Следствено на тоа форсирање на секоја туѓа вера на погрешна територија низ вековите се тумачела за дело на ѓаволот и кривоверство-, култизам-сатанизам...затоа и многу познати личности започнале со јогата за да потоа преминат во будизам со цел да не бидат осудени од средината, помодарство и секако по своја воља.
 
Последна промена:

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Следствено на тоа форсирање на секоја туѓа вера на погрешна територија низ вековите се тумачела за дело на ѓаволот и кривоверство-, култизам-сатанизам...затоа и многу познати личности започнале со јогата за да потоа преминат во будизам со цел да не бидат осудени од средината, помодарство и секако по своја воља.
Не сум знаел дека верата може да биде предмет на сопственост...
Значи ако татко ти бил сатанист, мора и ти да бидеш според твојава логика?
Класичен пример на мислење обликувано од стереотипи и генерации и генерации на индоктринираност. Менталитет на стадо во неговата најограничена и најлоша форма.
 

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Не сум знаел дека верата може да биде предмет на сопственост...
Значи ако татко ти бил сатанист, мора и ти да бидеш според твојава логика?
Класичен пример на мислење обликувано од стереотипи и генерации и генерации на индоктринираност. Менталитет на стадо во неговата најограничена и најлоша форма.
За жал црквата не е демократија, туку автократија и цел на секоја црква е експанционизмот.
За да се задржи и зголеми бројот на верници, црквата низ вековите се користела со секакви екстремни доктрини.
Just saying...:D
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
За жал црквата не е демократија, туку автократија и цел на секоја црква е експанционизмот.
За да се задржи и зголеми бројот на верници, црквата низ вековите се користела со секакви екстремни доктрини.
Just saying...:D

А ти шо мислиш за сатанизмот, дали те привлекува поклоништвото пред мрачниот принц или повеќе би сакал да бидеш на страната на утринската ѕвезда?