Добро во смисол ако типот/ката има сериозни здравствени нарушувања, притоа неможе да постигне ништо посебно во животот и неговото постоење им причинува само товар на домашните. Тешко им е секој ден да го гледаат покрај себе, а едноставно нема начин како повеќе да му се помогне. Така ем тој ке си ги скрати маките, ем другите ке го прежалат и ке се помират со неговата судбина.
Ајде ќе правиме евгеника а ??? (спартанска филозофија да се фрла новороденчето со деформитети на планината Тајгет ) насјилните и најспособните преживуваат теоријата на Ариевците, која во денешно време ја преземаат некои нови умови.
Како прво на секого му е загарантирано правото на живот согласно уставот на РМ, одиме сега на друго во нашето законодаство се уште со закон не е регулирано убиството од милосрдие или (евгеника) така да секој што ќе си земе на своја рака(помагајќи му на некој кој е тешко болен , без притоа да има законска основа за тоа ) врши убиство со умисла.
на крај краева надвор од законските рамки животот е еден и единствен и неповторлив кој сме ние некому да му го одземиме животот, само бог го може тоа.
прво тоа не е класичен случај на невоља, а и да е мислам дека не е законски утврдено. Јас на тоа не гледам така, најпосле секој човек располога со едно право кое никој не може да му го одзеде, т.е правото на живот ( во овој случај смрт
) . Ако тој така решил, така нека прави. Мешањето во туѓи судбини е нешто што најмалку го сакам, уште помалку кога се работи за личности што многу малку ги познавам.