Ајде ќе правиме евгеника а ??? (спартанска филозофија да се фрла новороденчето со деформитети на планината Тајгет ) насјилните и најспособните преживуваат теоријата на Ариевците, која во денешно време ја преземаат некои нови умови.
Како прво на секого му е загарантирано правото на живот согласно уставот на РМ, одиме сега на друго во нашето законодаство се уште со закон не е регулирано убиството од милосрдие или (евгеника) така да секој што ќе си земе на своја рака(помагајќи му на некој кој е тешко болен , без притоа да има законска основа за тоа ) врши убиство со умисла.
на крај краева надвор од законските рамки животот е еден и единствен и неповторлив кој сме ние некому да му го одземиме животот, само бог го може тоа.
дирекно инволвирање или не помагање на човек кој е затекнат во невоља сноси одговорност кривична.
ова е веројатно твое мислење, колку да не дојде до забуна дека си ме цитирал мене..
Па види, не ми беше зборот за тоа буквално да го убијам некој само да му ги скратам маките. Би му помогнал во смисла дека нема да му се мешам во одлуката и ќе оставам сам да си реши. Значи збориме за ситуација кога некој свесно по своја иницијатива сака да си го скрати животот, тое е негово право и никој не те обврзува да го разубедуваш. Дури и ако некој се дави во Вардар, а јас поминувам од таму, ако сакам ќе скокам да му помогнам ако не ќе си одам до продавница и ќе си купам леб. Никој законски нема да ме обвини дека не сум му помогнал.